Andreа Bocelli во ЗАГРЕБ


По повод Меѓународниот Ден на Жената познатиот италијански тенор – ѕвездата со моќниот глас Andrea Bocelli ќе се претстави во Загреб со спектакуларен програм од два дела. Во класичниот дел ќе ги изведува најпознатите класични опери, а во вториот ќе се претстави со сопствените најголеми хитови и ќе овозможи вистинско музичко уживање со изведба на неговите најубави љубовни песни. Бидете дел од оваа љубовна магија.

08 МАРТ 2018                        СКОПЈЕ – ЗАГРЕБ

Состанок со групата на паркингот пред Хотел Холидеј Ин во 21:00 ч. и поаѓање за Загреб. Ноќно возење преку Србија со попатно застанување заради одмор и царински формалности.

09 МАРТ 2018                        ЗАГРЕБ

Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Разглед на градот: Плоштадот Бан Јелачич, Уметничкиот Павиљон, Мимара, Хрватскиот народен театар, Загребската катедрала, Владата, Камената порта, Хрватското народно собрание, познатата слаткарница Ивица и Марица, плоштадот Св. Марко. Слободно време за индивидуална прошетка низ градот. Во попладневните часови сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

10 МАРТ 2018                        ЗАГРЕБ – ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА

Појадок. После појадокот препорачуваме факултативна целодневна организирана посета на Плитвички Езера. Национален парк на само 120 км од Загреб, а под заштита на УНЕСКО како светско природно наследство. Прошетка покрај горното и долното езеро, прекрасни водопади и магична природа. Враќање во хотел до 17:00 часот.

Организирано поаѓање на концертот на Andrea Bocelli. Неколку часовно уживање во најубавите љубовни балади Time to say good bye, Viva per lei и многу други. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

11 МАРТ 2018                        ЗАГРЕБ – СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот и упатување на групата кон шопинг центар во Загреб се до 18:00 часот. Заминување за Скопје и ноќно возење.

Пристигнување во Македонија во наредниот ден во претпладневните часови.

 РАНА УПЛАТА

 (резервации до и заклучно 15.12.2017 со уплата од 50%)

 ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО 1/2 СОБА

 Hotel INTERNATIONAL 4*

 

195 € / 12.090 мкд

 

 Редовна ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО 1/2 СОБА

215 € / 13.330 мкд

 Доплата за еднокреветна соба

50 € / 3.100 мкд

 

 

 

 

 

 

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високо-туристички автобус
  • Сместување во хотел International 4* http://www.hotel-international.hr во Загреб со 4* на база на 2 НП (ноќевање/појадок)
  • Разглед на Загреб со локален водич
  • Влезница за концертот на “Andrea Bocelli” во Арена Загреб  
  • Пратител за време на целото патување од агенциска страна

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневен факултативен излет Национален парк – ПЛИТВИЦЕ (превоз, влезница и водич) – 35 € (за реализација на излетот потребен е минимум од 30 патници)
  • Патничко осигурување 150 денари

Напомена :

  • За резервации потребен е аванс од 50% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот да ја промени и цената на аранжманот.
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, Организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
  • ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА  НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИН. ОД 40 ПАТНИЦИ
Top