Нова Година во Дубровник


1 Ден. БИТОЛА – ТИРАНА – БУДВА – КОТОР - ДУБРОВНИК        29.12.2017

Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 21.00 часот. Поаѓање кон Албанија преку граничниот премин Ќафасан. По обавувањето на царинските формалности патувањето продолжува кон Елбасан, Тирана се до Будва. Патување со попатни одмори.

2 Ден. БУДВА – ДУБРОВНИК   30.12.2017

Пристигнување во Будва во утринските часови. Прошетка низ стариот дел на градот и да уживате во убавините на Венецијанската архитектура. Будва има голема вредност не само по тоа што е центар на туризмот во Црна Гора туку и по неговите специфични градби, споменици, тврдини,  манастири и  старите цркви – споменици кои датираат уште од 7 век. Заминување кон  Дубровник – познат како бисер на Јадранот еден од најпознатите туристички центри на Јадранот. Градот е со преубава околина, голем број на хотели и е магнет за голем број на туристи од целиот свет во текот на целата година. Проштка низ стариот дел на градот “Страдун”, тесните улички и малите плоштади, како и импознатните зидини и градби ќе ве остават без здив. Уживате во призорот на Градската Камбанарија, Катедралата, Синагогата, Тврдината Бокар, Кнежевскиот Двор – Дубровачкиот Музеј, и многу други споменици. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.

3 Ден ДУБРОВНИК - МЕЃУГОРЈЕ - МОСТАР    31.12.2017

Појадок. После појадокот заминување кон  Меѓугорје. Местото каде се појавила Мајката Божија. Заминување кон Мостар, градот на двата брега на Неретва, каде се испреплетувала историјата во минатото и во поново време. Посета и разглед на стариот дел на градот. Стариот мост, чаршијата. Заминување кон Благај каде се наоѓа изворот на реката Буна. Слободно време за ручек. Заминување кон Дубровник. Вечера. ДОЧЕК НА НОВАТА 2018 година со познатиот ДИНО МЕРЛИН. Ноќевање.

4 Ден. ДУБРОВНИК – КОТОР -  БИТОЛА    01.01.2018

Појадок. После појадокот заминување кон Котор. Попатна посета на Котор, град заштитен од Унеско како светско култуно наследство. Преминување на Которскиот залив кој е ставен на светската листа од 28 најубави заливи во светот. Разглед на стариот град и неговите знаменитости. Слободно време. Заминување кон граничниот премин Сукобин. Патувањето продолжува преку Скадар, Тирана и Елбасан до граничниот премин Ќафасан. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Битола во вечерните часови. 

ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 25 НОЕМВРИ:  129 € / 7.999,оо ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  139 € / 8,620,оо ден

Во цената на аранжманот Е вклучено:

  • Автобуски превоз на дадената релација по програмата
  • Сместување во хотел со 3+ *** на база 2 полупансиони (шведски стол)
  • Организирани разгледи по програмата во Будва, Котор и Дубровник
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител–водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:

  • Влезници за посета на културно – историските споменици
  • Факултативна посета разгледи по програмата во Меѓугорје и Мостар (20 €)
  • Останати факултативни посети по програмата
  • Патувачко осигурување

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
  • Цената е изразена во €, плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност 1€ = 62,оо
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А. "АНА TУРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ" Битола и СКТМ

Галерија


Top