8-ми МАРТ на ЈАДРАН


8 - ми МАРТ на ЈАДРАН

Ден 1.  БИТОЛА – ОСТРОГ     08.03.2018

Состанок на групата пред деловните простории во 21.00 ч. Поаѓање кон Црна Гора во 21.30 ч. Патување со попатни одмори према Струга, граничниот премин Ќафасан, Елбасан, Драч, Тирана, Скадар, Бар се до Острог. Ноќно патување.

Ден 2.  ОСТРОГ –БУДВА – НЕУМ       09.03.2018

Пристигнување во Острог во предпладневните часови. Православниот манастир Острог спаѓа меѓу најпосетените светилишта на Балканот. Кога ќе се спомене Острог, веднаш се помислува на место на кое се случуваат чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василие Острошки се чудотворни. Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василије во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица. Заминување кон Будва. Во попладневните часови прошетка низ стариот дел на градот и да уживате во убавините на Венецијанската архитектура. Будва има голема вредност не само по тоа што е центар на туризмот во Црна Гора туку и по неговите специфични градби, споменици, тврдини, манастири и старите цркви – споменици кои датираат уште од 7 век. Преминување на Которскиот залив кој е ставен на светската листа од 28 најубави заливи во светот. Разглед на Котор. Заминување кон Неум. Сместување во хотел. Вечера и забава. Ноќевање.

Ден 3.  НЕУМ –  МОСТАР - МЕЃУГОРЈЕ        10.03.2018

Појадок. После појадокот заминување целодневен излет до Меѓугорје. Местото каде се појавила Мајката Божја. Заминување кон Мостар, градот на двата брега на Неретва, каде се испреплетувала историјата во минатото и во поново време. Посета и разглед на стариот дел на градот. Стариот мост изграден по наредба на Султанот Сулејман Величанствени, чаршијата и големиот број на продавници и сувенирници. Заминување кон Неум. ВечераНоќевање.

Ден 4.  НЕУМ - ДУБРОВНИК – ТИРАНА -  БИТОЛА   11.03.2018

Појадок. По појадокот заминување кон Дубровник – познат како бисер на Јадранот еден од најпознатите туристички центри на Јадранот. Градот  е со преубава околина, голем број на хотели е магнет за голем број на туристи од целиот свет во текот на целата година. Прошeтка низ стариот дел на градот “Страдун”, тесните улички и малите плоштади, како и импознатните зидини и градби ќе ве остават без здив. Уживате во призорот на Градската Камбанарија, Катедралата, Синагогата, Тврдината Бокар, Кнежевскиот Двор – Дубровачкиот Музеј и многу други споменици. Заминување кон Тирана и Македонија. Патување со попатни одмори. Попатна посета и разглед на главниот град на Албанија – Тирана (Музејот, Плоштадот Скендер Бег, Џамијата и др.) Патување кон Елбасан и Кафасан. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 €  (во денарска противредност)

за уплата до 15 Февруари 99 (во денарска противредност)

 

Во цената на аранжманот Е вклучено:

  • Автобуски превоз на дадената релација со туристички автобуси опремени со (ЦД, ТВ, ДВД, AC)
  • Хотелско сместување во хотел со 4*  во 1/2, 1/3 соби на база полу пансион (ноќевање, појадок, вечера)
  • Превоз со траект низ Которскиот залив
  • Посета и разглед на Котор и Будва со локален водич
  • Посета и разглед на Меѓугорје и Мостар
  • Посета и разглед со локален водич на Дубровник
  • Пратител, организација, водство и реализација на патувањето од страна на Т.А “Ана Турс Интернационал“ - Битола

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:

  • Влезници за посетна културно историски споменици
  • Патувачко осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 35 платежни патници по автобус
  • Односот нa 1 € = 62,00 денари
Top