ВЕЛИГДЕН ВО СЕВЕРЕН КИПАР


ВЕЛИГДЕН ВО СЕВЕРЕН КИПАР

06.04.2018 – 10.04.2018 (5 дена / 4 ноќи / авион)

Кипар е островска држава која се наоѓа на источниот дел од Средоземно море, во непосредна близина на Турскиот брег. На овој остров сеуште се присутни траги од древни цивилизации – Римска, Византиска и Венецијанска. Главна активност на островот се туризмот, трговијата на нивните пристаништа, извозот на облека и фармацевтските производи. Кипар  е членка на европската Унија со многу поволна географска положба и лежи во источниот Медитеран, на раскрсница меѓу три континенти: Европа, Азија и Африка и е со површина од 9251 km2, и е трет по големина по Сицилија и Сардинија. Во Кипар има типична медитеранска клима со околу 340 сончеви денови во годината и притоа е нај сончевата држава во овој дел од светот.

Со својата богата историја, бројните летувалишта и разновидни плажи, Кипар секоја година привлекува се поголем број на туристи од целиот свет, пружајќи можност за одмор и провод за сите генерации.

1. ден         06.04.2018           СКОПЈЕ – KYRENIA

Состанок на групата во 08:55 ч. на скопскиот аеродром Александар Велики два часа пред полетување. Лет со компанијата “Pegasus Airlines” во 10:55 ч. до Истанбул и полетување за Ercan во 16:10 ч. Пристигнување на аеродромот Ercan (ECN) во Никозија во 17:45 ч. трансфер до избраниот хотел и сместување во хотелот.

2 – 4. ден   7 – 9.04.2018

Појадок. Престој во избраниот хотел на база на избраната услуга, со 4 ноќевања. Можност за факултативни излети и екскурзии. Слободно време за индивидуални активности. Вечера во хотел. Ноќевање.

5. ден         10.04.2018          KYRENIA – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите и организиран трансфер до аеродром. Лет за Истанбул во 10:15 ч. Лет за Скопје во поставеното време 17:00 ч. Пристигнување во Скопје во 17:30 часот.

Факултативни излети

Тура на западниот брег

Лоциран во прекрасната рамнина Güzelyurt (или Morphou) на западниот брег се наоѓа место кое е познато како овошната градина на Кипар. Турскиот збор (Güzelyurt) може литературно да се преведе како (убава земја). Оваа екскурзија се започнува од St. Mamas Манастирот, кој е изграден во 18 век на гробот од нивниот светец. Според легендата, St. Mamas е светец-заштитник на даночните затајувачи. Потоа ќе го посетите Музејот Guzelyurt, кој се наоѓа веднаш до црквата. Музејот за природна историја има извонредна колекција од археолошки артефакти кои датираат од 8-миот век пне. Овој прекрасен предел е исполнет со разно врсна флора и фауна. Во продолжение на вашето патување ќе го посетиме античкиот град на Соли. Историјата на овој град датира од 7 век пне. кога Солон, познатиот филозоф на Грчката антика, предложен од кралот Филокпрос ќе го среди градот на таа локација. Во Соли може да се сретнат нај уникатни дела на подни мозаици.

Античкиот град Саламис

Областа околу Фамагуста од секогаш била совршено место за населба. Местоположбата, плодното земјиште и прекрасното пристаниште направиле идеална локација за трговија со Блискиот Исток. Урнатините на античкиот град Саламис се одлично зачувани. Во центарот на Римскиот град, се наоѓаат гимназијата, бањите и театарот кои се ископани и се делумно реконструирани. Во бањите, сеуште може да се видат фрески и мозаици. Во близина е грчкиот храм на Зевс, Саламинос, изграден во времето на изградбата и основањето на градот. Од Византиските времиња остануваат остатоците од 4-тиот центар на St. Epiphanius  и Kampanopetra базиликата.

Фамагуста

Фамагуста претставува четврти град по големина на Кипар. Овој град нуди најдобри плажи и прекрасни хотели. Екскурзијата на Фамагуста ќе биде фасцинантна за сите оние кои се заинтересирани за историјата и ќе уживаат во прекрасните глетки при разгледот во текот на целиот ден. За почеток, ќе ги посетите урнатините на античкиот град Salamis. Градот, прославен од Хомер, некогаш бил најголемиот и најбогат град на античкиот свет. Театарот, гимназијата и другите градби од римскиот период се многу добро зачувани и ви пружаат увид во архитектурата на оваа величествена ера. Потоа ќе го посетиме манастирот St.Barnabas, каде што ќе го видите прекрасниот музеј на Иконите, богатиот Археолошки музеј и капелата која е изградена над гробот на апостолот Barnabas. Продолжуваме да го откриваме историскиот стар град Фамагуста, местата на интерес ја вклучуваат кулата на Отело, венецијанските утврдувања, Лала Мустафа Паша џамијата и бројните црковни остатоци. На крајот ќе уживате во слободното време во Фамагуста.

Западен брег и посета на Никозија

Обиколката  започнува со посета на манастирот St. Mamas на Западниот брег, каде што колекцијата на икони во црквата ќе го засени секој посетител. Потоа турата продолжува до урнатините на древниот град Соли, каде што базиликата може да се пофали со извонредни мозаични подови. Понатаму, ќе го видите обновениот театар на Соли. После вкусниот ручек покрај море, патувањето ќе ве однесе до поделениот град Никозија. Историското јадро на градот има свој ориентален шарм со Kyrenia Gate, Ottoman caravansary и џамијата Selimiye.

Екскурзија во Карпаз

Нашата екскурзија до полуостровот Карпаз е авантура која го одзема здивот. Карпаз има спектакуларен пејсаж. Малите рибарски села, прекрасните песочни плажи и интересната  флора и фауна ќе ве натераат да се заљубите во ова место на прв поглед. Освен тоа, жителите на многуте селски населби се едни од најпријателски расположените жители на Кипар. Во текот на денот, ќе добиете можност да се напиете кафе во шармантното пристаниште во Богаж, мало рибарско селце. Посетата на фабриката за маслиново масло ќе ве запознае како со старите така и со современите процеси на производство на маслиново масло. Жителите на Кипар ја гледаат убавината на Карпаз како свето нешто, исто како и светоста на манастирот Св. Андреј, кој се наоѓа на нај источниот врв на полуостровот. Поставен на самото крајбрежје манастирот претставува многу важна верска локација на грчките кипарски верници. Како за крај, особено е важен моментот за релаксирање на Златната плажа која е една од најубавите не само на островот туку и во Европа.

Целодневна тура низ Киренија

Овој романтичен град се наоѓа на северната страна од островот. Овој дел посебно го краси византиската тврдина која ни пружа прекрасен поглед на старото пристаниште. Овој град се наоѓа во падините на планинскиот венец, со прекрасна летна температура која овозможува подетално истражување и разглед на градските улици, посета на градските ресторани и прекрасните уникатни песочни плажи. Целодневната тура низ Кипар ќе ве однесе до Северниот дел на островот каде може да откриете нешто повеќе како за нивната историја така и за нивната модернизација. Турата тргнува од уникатниот замок Хиларион, кој е најголемиот замок на островот, неговата положба во планинскиот предел Киренија пружа прекрасен панорамски поглед на целата околина. Овој замок го инспирирал и самиот Волт Дизни за да го замисли и ископира во некои од неговите цртани филмови. Во продолжение прошетката и разгледот ќе не донесе до фамозната опатија Norbertine Abbey of Bellapais или "Abbey of Peace" (опатијата на мирот) изградена во готски стил. За крај ќе дознаете нешто повеќе и за волшебниот стар град на Киренија. По посетата на најинтересните локации како што се тврдината на пристаништето и Shipwreck Museum - музејот на бродоломот, ќе можете да уживате во слободното време и сами да ја истражувате Киренија.

OLIVE TREE HOTEL 4*

https://en.hotelolivetree.com/

DENIZ KIZI ROYAL HOTEL 4*

https://www.denizkizi.com/

ХОТЕЛИ

ТЕРМИН

06-10.04.2018

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО  1/2 СОБА

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ВО  1/3 СОБА

ЦЕНА ПО ЛИЦЕ ЗА 1/1 соба

ДОПЛАТА ЗА ДЕТЕ OД
0 - 2 ГОД.

ДОПЛАТА ЗА ДЕТЕ OД
0 - 6 ГОД.

ДОПЛАТА ЗА ДЕТЕ ОД
7 – 12 ГОД.

 

 

OLIVE TREE HOTEL 4*

 

 

BB (ноќевање со појадок)

395 евра

384 евра

509 евра

35евра

309 евра

349 евра

HB (ноќевање со појадок и вечера)

435 евра

420 евра

540 евра

35 евра

309 евра

361 евра

DENIZ KIZI ROYAL HOTEL 4*

HB (ноќевање со појадок и вечера)

495 евра

470 евра

677 евра

35 евра

402 евра

402 евра

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со авион на релација Скопје – Ercan / Никосија – Скопје, со компанијата “Pegasus Airlines”.
  • Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга према табелите во ценовникот.
  • Трансфер Аеродром – Хотел – Аеродром.
  • Организиран разглед со локален водич.
  • Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Аеродромски такси во износ од 3000 денари по лице и се плаќаат во агенцијата при уплата на аранжманот.
  • Задолжително патничко осигурување – 250 денари
  • Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 ден. за 1 евро.
  • При пријавувањето се уплаќа аконтација од минимум 30% од вкупната цена на аранжманот, а останатиот износ се плаќа најдоцна 15 дена пред поаѓање

*** ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ

ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА АНА ТУРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ И СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА

Top