ВЕЛИГДЕН НА Островот КРФ


Велигден на Крф

Ви посакуваме добредојдовте на островот Крф, познат како Керкира на грчки јазик, островот каде прекрасната Клеопатра, Кралицата на Египет и нејзиниот љубовник Марк Антони се одмораа за време на војната против Октавијан Цезар. Крф е и островот каде прекрасната Принцеза Елизабета  попозната како “Сиси”  од Австрија  избега од строгиот протокол на Австриската Монархија и го помина останатиот дел од својот живот. Крф е омилена  дестинација на многу Кралеви, Кралици, Благородници и Претседатели на Држави и на преку два милиони туристи кои секоја година летуваат на островот. Покрај големите природни убавини и шарм на овој остров можете да уживате и во големиот број на знаменитости и градби по кои овој остров е познат во  целиот свет. Тука се наоѓаат и моштите на Св. Спиридон заштитник на островот како и спектакуларниот залив Палеокастрица, познатата Ахилеова Палата и елегантниот град Крф, изграден во венецијански стил, жив споменик самиот по себе.

1 Ден.  06.04.2018            Велики ПЕТОК            БИТОЛА – ИГУМЕНИЦА – КРФ

Состанок на групата во 05.00 часот пред деловните простории на агенцијата. Поаѓање кон граничниот премин Меџитлија. После обавувањето на царинските формалности патувањето продолжува кон Гревена, Јанина, се до Игуменица. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Игуменица во претпладневните часови. Влегување во брод и пловидба до Крф. Пристигнување на Крф. Трансфер и сместување. Во попладневните часови организиран разглед на градот Крф и неговите знаменитости вклучувајќи ја и прекрасната Црква на Свети Спиридон од 16 век каде се и моштите на овој светец кој е заштитник на островот. Слободно време за прошетка низ прекрасните улици на градот. Во попладневните часови се следи церемонијата за изнесување на епитафите од Црквата Св. Ѓорѓи и другите цркви. Околу 21 часот се изнесува и последниот епитаф од Митрополијата и започнува процесијата “Оплакувањето на Исус”. Ноќевање.

 2 Ден.  07.04.2018          Велика САБОТА          КРФ

Во договорно време заминување за следење на процесијата со големата поворка за житијата на патронот и заштитник на Крф Св. Спиридон. пропратен со тажниот мелос. Проследување на традиционалните локални обичаи. Околу 20.30 часот заминување кон градот каде се исчекува веста за ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ на плоштадот каде е целиот осветлен од илјадниците свеќи во рацете на верниците. Огномет и прослава. Ноќевање.

 3 Ден.  08.04.2018           ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО  НЕДЕЛА           КРФ

Ден на радоста – Прв ден Велигден. По улиците е живо и весело – по традиција се кршат велигденски јајца. Она што Крф го разликува од другите места е традицијата на кршење на стомни и глинени садови полни со вода кои граѓаните ги фрлаат од своите куќи. Слободно време. Посета на Ахилеовата Палата и можност за посета на фабрика за производство на ликери од шумкасто овошје кое единствено расте на островот. Во попладневните часови слободно време за прошетка и лични активности низ градот Крф. Враќање во апартманите. Ноќевање.

4 Ден.  09.04.2018            КРФ – ИГУМЕНИЦА – БИТОЛА

Организирана посета на северниот дел на островот и на Византискиот Манастир од 13 век посветен на Света Богородица. Посета на Палеокастрица. Поаѓање кон Македонија. Превоз со брод од Крф до Игуменица. Пристигнување во Игуменица. Поаѓање кон Македонија. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Битола во вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  129 €

За целосна уплата до 28.02.2018: 119 €

Во цената на аранжманот Е вклучено:

  • Автобуски превоз на дадената релација по програмата
  • Бродски превоз на релација Игуменица – Крф – Игуменица
  • 3 ноќевања во луксузни апартмани 4* (ТВ, мини кујна, клима уред)
  • Организирани разгледи на Керкира, Палеокастрица, Ахилеовата Палата, Црквата на Св. Спиридон
  • Професионален водич за цело време од патувањето
  • Организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:  

  • Факултативни посети на таверна, дискотека
  • Останати факултативни посети
  • Задолжително патничко осигурување

Напомена:

  1. За патувањето важат општите услови на патување на Т.А. АНА ТУРС ИНТ.” – Битола
  2. За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници.

 

Top