СВЕТИТЕ МЕСТА НА ЕГЕЈСКА ТУРЦИЈА


ВЕЛИГДЕН во СВЕТИТЕ МЕСТА НА ЕГЕЈСКА ТУРЦИЈА

КУШАДАСИ – ТРОЈА – ЕФЕС – ИЗМИР КУЌАТА НА ДЕВА МАРИЈА

 

1 Ден. БИТОЛА - КУШАДАСИ

23.05.18  Состанок на групата пред спортската сала во 10.00 часот. Поаѓање кон Кушадаси преку граничниот премин Меџитлија. По обавувањето на царинските формалности патувањето продолжува кон Воден - Солун - Кавала. Ноќно патување со попатни одмори.

2 Ден. ТРОЈА - КУШАДАСИ

24.05.18 Преминување на Дарданелите со брод. Краток одмор. Посета на Античка Tроја. Разглед на Троја, остатоците како и Тројанскиот коњ. Патувањето продолжува кон Кушадаси. Пристигнување во Кушадаси во пладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечера. По вечерата, прошетка низ стариот дел на Кушадаси. Ноќевање.

3 Ден КУШАДАСИ

25.05.18 Појадок. По појадокот, посета на "Светите места на Егејска Турција". Посета на античкиот град Ефес, кој бил трет по големина град во Римската Империја. Посета на Храмот на Артемида, едно  од седумте чуда на Стариот век. Потоа посета на куќата на Света Дева Mарија, каде мајката божја ги проживеала последните 7 години од својот земен живот. Тука ќе имате можност да ги оставите вашите желби за љубов, здравје и среќа при изворот на света вода. Потоа посета на црквата на Св. Јован во Селџук. Посета на модна ревија за конфекција од кожа. Враќање во Кушадаси. Вечера. Ноќевање.

4 Ден. КУШАДАСИ - ПАМУККАЛЕ

26.05.18 Појадок. По појадокот заминување за посета на Памук Кале. Место каде природата ги покажала своите најголеми уметнички можности. Посета на античкиот град Хиераполис познат уште од 2 век пне како термално лекувалиште именувано по Божицата Хера. Посета на познатите извори на Клеопатра каде некогаш познатата Кралица уживала во термалните води. Целодневна екскурзија (факултативно). Враќање во Кушадаси во доцните попладневните часови. Враќање во хотел. Вечера. Можност за посета на ресторан во стариот дел на Кушадаси. Ноќевање.

5 Ден. КУШАДАСИ – ИЗМИР - БИТОЛА

27.05.18 Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Битола. Патувањето води преку Измир, познат како роден град на Хомер. Патување со попатни одмори до преминот на Дарданелите со брод. Ноќно патување кон Солун.

6 Ден. СОЛУН – ВОДЕН - БИТОЛА

28.05.18  Патување со попатни одмори преку Грција. Кратка пауза за посета на Воден и посета на познатите водопади. Патувањето продолжува кон Битола. Пристигнување во Битола во доцните попладневни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 135 € /8370,оо денари за УПЛАТА до 30.04.2018

Редовна цена: 149 € / 9240,оо денари 

Во цената на аранжманот Е вклучено:

  • Автобуски превоз на дадената релација по програмата
  • Бродски превоз од Гелибулу до Чанакале и обратно
  • Сместување во хотел со 4 **** на база 3 полупансиони (шведски стол)
  • Организирани разгледи по програмата во Кушадаси, Ефес и Селџук
  • Посета на црквата на Св.Јован Апостол во Селџук
  • Посета  и разглед на Измир – родниот град на Хомер
  • Професионален локален водич за посетите на Троја, Ефес, Куќата на Дева марија
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител–водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:

  • Влезници за посета на културно – историските споменици
  • Посета на античка Троја и Тројанскиот коњ ( 15 €)
  • Посета на Ефес, Храмот на Артемида,посета на куќата на Света Дева Марија (30 €)
  • Посета на Памуккале и изворот на Клеопатра, Хираполис  (35 €)
  • Останати факултативни посети по програмата
  • Патувачко осигурување (5 €)
  • Организиран трансфер од Скопје, Тетово, Гостивар, Велес, Охрид (10€)

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
  • За реализација на факултативните посети потребе е минимум од 25 патници
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т. А. "АНА ТУРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ"- Битола и СКТМ

Галерија


Top