САЛАШИ и ПАЛИЧКО ЕЗЕРО


Хотелот Вила Мајур се наоѓа во населбата Келебија, на само 8 км. од центарот на Суботица. Во прекрасен амбиент, опкружен со борова шума, хотелот Вила Мајур пружа идеален избор за одмор надвор од  градската врева. На само 300 метри од хотелот се наоѓа ергелата Келебија, која претставува импресивен комплекс со објект во панонски стил. На располагање на гостите е и рекреативно јавање, а постои и можност за возење со фијакер или санкање во зимскиот период.

1 Ден 24.05.2018  Четврток

Битола – Скопје – Салаш – ВИЛА МАЈУР

Состанок со групата во 04:00 часот. Поаѓање кон Србија во 04:30 часот со кратки попатни паузи. Пристигнување на Салаш Вила Мајур. Сместување. По кратка пауза и освежување, разглед на Вила Мајур, Келебија. Разглед на Вилата со можност за посета на ергелата, возење со фијакер и јавање коњи по желба. Ноќевање.

2 Ден 25.05.2018 Петок

Суботица – Јелен Салаш

Појадок. Факултативен излет – заминување во посета со локален водич на Суботица – градот на сецесијата (Фрањевачката црква, Православната црква, Градскиот музеј, Синагогата, Гимназијата, Плоштадот на жртвите од фашизмот, Катедралата Св. Тереза Авилска, Капелата Св. Рока и трамвајот, Градската куќа, Библиотеката, Градската палата, Театарот, Рајхловата палата и парк, Железничката станица. Можност за кафе пауза и слободно време. Продолжување на обиколката на Паличко езеро од вилата Богојвар и Вермешовиот споменик, Женскиот странд, Големата тераса, Музичкиот павилјон и Спомен чешмата. Продолжување до Винаријата на Звонко Богдан – обиколка и дегустација на 3 вида врвни вина. Факултативни излети до Видиковецот и Зоолошката градина. Факултативен ручек во ресторан со традиционални врвни домашни специјалитети. Враќање во Вила Мајур. Факултативна вечера со тамбурашки оркестар. Ноќевање.

3 Ден 26.05.2018 Сабота

ВИЛА МАЈУР – Скопје – Битола

Појадок. Напуштање на Вила Мајур и упатување кон Нови Сад. Посета на шопинг центар. Пауза од 3 часа. Поаѓање за Скопје со попатни паузи за одмор.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 120 € (7.500,00 денари)

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања на база ноќевање со појадок во Вила Мајур
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Посета на Суботица и Паличко езеро со Салашот на Звонко Богдан со  дегустација на 3 вида сортни вина со локален водич - 15 €
  • Вечера во Вила Мајур  со тамбурашки оркестар - 18 €
  • Доплата за ручек во Традиционален Ресторан на ергела - 18 €
  • Патничко осигурување 130 ден.
  • Лични трошоци кои не се спомнати во програмата

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 35 патници
  • За реализација на дополнители факултативни програми, потребен е минимум од 25 патници
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ и АТЛАС КОРПОРЕЈШН
Top