МАЈСКИ ПРАЗНИЦИ ВО ИСТАНБУЛ 3 ноќевања


МАЈСКИ ПРАЗНИЦИ ВО ИСТАНБУЛ 3 ноќевања

                         1. ДЕН             БИТОЛА - ИСТАНБУЛ

23.05.2018      Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 21.00 часот. Поаѓање за Турција. Патување преку граничниот премин Меџитлија. Патување со попатни одмори преку Солун, Кавала,  Александрополис – Ипсала (Грчко-Турска граница).

2. ДЕН             ИСТАНБУЛ

24.05.2018      Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Сместување во хотел. Во попладневните часови заминување на панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: посета на Таксим, Валенсовиот аквадукт, Шехзаде џамијата, големиот џамиски комплекс Сулејмание, Хиподромот, Султан Ахмет (сината) џамија, мостовите на Босфор. Слободно попладне лични активности. Во вечерните часови ве водиме во посета на плоштадот Таксим и променадната улица долга 4км богата со голем број на продавници и ресторани. Ноќевање.

3. ДЕН             ИСТАНБУЛ

25.05.2018      Појадок. По појадокот, факултативна посета на Аја Софија (Света Софија) – симболот на зачетоците на Христијанството на тие простори...факултативна посета на Топ Капи - палатата на султаните, со посета на Харемот и ризницата.Посета на Долма Бахче сарај последната резиденција на Отоманскјиот Султан и место каде починал големиот татко на Турција Кемал Ататурк. Посета на Капали Чаршија, еден од најатрактивните шопинг центри во светот со близу 4000 дуќани за накит, злато, облека, кожа, антиквитети и др... Посета на национален ресторан.(факултативно). Ноќевање.

4. ДЕН             ИСТАНБУЛ 

26.05.2018     Појадок. По појадокот – факултативно крстарење со брод по Босфорот со локален професионален водич, каде на еден поинаков начин ќе ги доживеете убавините и грандиозноста на овај жив музеј на два континенти. Посета на Цариградската Патријаршија.  Слободно време за шопинг и уживање низ Истанбул. Ноќевање.

5. ДЕН             ИСТАНБУЛ - БИТОЛА

27.05.2018    Појадок. Прошетка низ Златниот рог и продолжување кон Галата Кула и влез во истата, која нуди неповторлива панорама на Истанбул. Слободно време. Во пладневните часови поаѓање за Македонија. Ноќно патување со попатни одмори преку Грција.

6. ДЕН            БИТОЛА

28.05.2018    Пристигнување во Битола во раните утрински часови.

 

ЦЕНА:   99 € за уплата до 30.04.2018

Редовна цена:  109 €

Плаќање во денарска противредност

 

 

Во цената на аранжманот Е вклучено:

  • Автобуски превоз на дадената релација според програмата
  • 3 ноќевања со појадок  во хотел со  4* во Истанбул
  • Разглед на Истанбул со професионален водич.
  • Организација, водство и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Крстарење по Босфор и посета на Долма Бахче Сарај ( 40 €) 
- Факултативна вечера во национален ресторан (30 €)
- Посета на Saphirre Seyir Terrasi (15 €), 4D симулации (10 €)
- Влезници за музеите, палатите и културно историските споменици
- Патничко осигурување 180 МКД

Напомена:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 45 патници. Бројот на места е ограничен.

Односот на 1 € = 62,00 денари.

Во случај на недоволен број на патници агенцијата го задржува правото на откажување на аранжманот најкасно до 5 дена пред поаѓање.

За патувањето важат општите услови за патување на СКТМ и Ана Турс Интернационал

Top