Викенд тура- РИЛСКИ МАНАСТИР И БЛАГОЕВГРАД


Викенд во БУГАРИЈА

Посета на еден од најголемите и најубави манастири на Балканот и градот Благоевград со шопинг во Метро

 

Ден 1. Сабота БИТОЛА – РИЛСКИ МАНАСТИР – БЛАГОЕВГРАД

Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 06.00 часот. Заминување кон Благоевград. Посета на Рилскиот Манастир кој претставува еден од најголемите манастири на Балканот кој датира уште од 10 век. Разглед на манастирскиот комплекс и прекрасната црква која доминира со самиот комплекс. Заминување кон Благоевград. Слободно време за разглед на градот и споменикот на Гоце Делчев. Сместување во хотел. Вечерта посета на традиционална меана. Ноќевање.

Ден 2.  Недела  БЛАГОЕВРАД - БИТОЛА

Појадок. После појадокот  слободно време за уживање низ Благоевград. Посета на шопинг центарот МЕТРО. Патувањето продолжува преку Делчево до Битола. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1999,оо денари

Во цената на аранжманот Е вклучено:

  • Автобуски превоз на дадената релација по програмата
  • Сместување во хотел со 3 *** на база (  ноќевање /појадок) во Благоевград
  • Организирани разгледи по програмата
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител–водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:

  • ’ Влезници за посета на културно – историските споменици
  • ” Останати факултативни посети по програмата

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 30 патници
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ,, - Битола и СКТМ.

Галерија


Top