8 - ми МАРТ во САРАЈЕВО


Сарајево – град кој нема да ве остави рамнодушни. Градот кој претставува невидлива граница помеѓу Истокот и Западот.  Градот каде се испреплетуваат богатата историја на верска и културна разновидност, Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа или „Ерусалим на Балканот. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православна црква, католичка црква и џамија во иста населба.

Низ градот тече реката Миљацка, а во близина на градот се наоѓаат и изворите на реката Босна, каде се наоѓа популарното излетничко место Вруток на Босна.

Градот на кујунџулук и на Баш чаршија која ве плени со нивната убавина и амбиент.

Градот на севдахот, традицијата, културата и бурната историја на овие Балканските простори.

Ден 1.  07.03.2019  БИТОЛА - ПРИЛЕП - ВЕЛЕС - СКОПЈЕ - САРАЈЕВО

Состанок на групата пред деловните простори на агенција и заминување во 18:30 часот. Заминување кон Босна и Херцеговина. Патот води преку Косово-или Србија. Ноќно возење со попатни одмори и царински формалности.

Ден 2.  08.03.2019    САРАЈЕВО

Пристигнување во Сараево во утринските часови. Сместување во хотел. Во попладневните часови панорамски разглед на градот со водич : градската општина, Башчаршија, Којунџилук, посета на најстарата православна црква во Сараево, Катедралата, посета на Латинскиот Мост (кадешто бил извршен атентатот врз Франц Фердинанд кој довел до избувнувањето на Првата светска војна), Величествената Газихусбергова џамија. Слободно време за индивидуални прошетки низ Сараево. Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 3.  09.03.2019    САРАЈЕВО - МОСТАР - МЕЃУГОРЈЕ

Појадок. Заминување за Мостар (факултативно) Разглед на градот и неговите историски знаменитости - стариот мост, чаршијата, факултативна закуска босански бурек - специјалитет на градот ​.Слободно време за индивидуални активности.Во пладневните часови заминување кон Меѓугорје, местото каде Пресвета Богородица им се појави на децата и денес се смета за едно од најголемите Светилишта на Балканот. Враќање во Сарајево. Вечера со музика и забава. Ноќевање. 

Ден 4.  10.03.2019   САРАЈЕВО- ВИШЕГРАД  - СКОПЈЕ -  ВЕЛЕС - ПРИЛЕП - БИТОЛА

Појадок. После појадокот, заминување за Вишеград. Разглед на мостот на Дрина. Посета на Дрен Град. Патувањето продолжува  кон Скопје и Битола.

Цената на аранжманот изнесува: 109 €

За УПЛАТА до 31 ЈАНУАРИ 19  = 95 €

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Автобуски превоз со високотуристички автобус (A/C;TV;DVD;CD)
  • Разглед на Сарајево со локален водич
  • Сместување во хотел  4* на  база  2ПП (ноќевање/појадок/ вечера) 
  • Oрганизација и водство на програмата со лиценциран придружник

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултативните посети
  • Посета на Мостар и Меѓугорје доплата ( 15 еур)
  • Доплата за Свечена вечера со музика ( 15 еур)
  • Влезници за музеите и културно историските споменици

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
  • Цената е изразена во €, плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност 1 € = 62 ден.
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А. "АНА ТУРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ" - Битола и СКТМ.

Галерија


Top