ANDRE RIEU vo BELGRAD


Andre Rieu  ,,еден од најголемите светски звезди’, ова се само дел од некои коментари на познати светски критичари. Tој e виртуоз на виолина и диригент во неговата богата кариера има продадено повеќе од 40 милиони албуми, неговите настапи во текот на годината ги посетиле повеќе од 600 000 обожуватели.  Повеќето од 100 тина концерти кои ги одржува секоја година  пружаат совршена забава со светски познатите романтични и емотивни мелодии исполнети со голем број на изненадувања, хумор и врхунски солисти  од целиот свет. Заедно со својот приватен оркестар составен од 60 тина врвни музичари веќе  30 тина година го обиколуваат светот. Концертите на Андре Риеу  се светска атракција, а до сега има повеќе од 30 албуми кои биле број еден на светските листи. Тој е во среќен брак повеќе од 40 години, има два сина и пет внуци и покрај семејството тој се гордее и со својата виолина Stradivari која е стара 300 години,  а во светот има само 400 такви виолини

21.05 .2019

БИТОЛА – ПРИЛЕП – ВЕЛЕС - СКОПЈЕ – БЕЛГРАД

Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата и заминување кон Скопје и Софија во 21:00 часот. Патување со попатни одмори и гранични формалности. Пристигнување во претпладневните часови во Белград. Сместување во хотел. Слободно време. Во договорено време организиран трансфер до спортската сала “Stark Arena ” каде што се одржува концертот на Andre Rieu. По завршувањето на концертот враќање во хотел. Ноќевање.

22.05.2019

БЕЛГРАД – СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – ПРИЛЕП - БИТОЛА

После појадокот, заминување за разглед на овој прекрасен град распространет на бреговите на Дунав и Сава. Разгледување на сите позначајни културно-историски споменици како што се Скупштината, Кнез Михајлова, Белградската тврдина, Калимегдан, Плоштадот на Републиката, Гробот на поранешниот Претседател на Југославија Јосип Броз Тито - Куќата на цвеќето, Теразије и најголемата црква на Балканот Св. Сава. Слободно време за шопинг. Заминување кон Македонија. Гранични формалности. Патување со попатни одмори и гранични формалности. Пристигнување во Битола во доцните вечерни  часови.

   
 

  ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   149 €

  ЗА УПЛАТА ДО 10 ФЕБ 2019  = 139 €

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • Разгледување на градот со локален водич
  • Влезница за концертот на Andre Rieu
  • Хотелско сместување во хотел со 4* на база ноќевање со појадок
  • Организација  и водство на аранжманот
  • Пратител на групата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Индивидуални трошоци
  • Влезници за музеи и културно –историски споменици
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување
  • Забелешки:
  • Организатор на ова патување е Т.А АНА ТУРС - Битола
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупнот износ на аранжманот.
  • Целосна уплата, 15 дена пред започнување на аранжманот
  • Плаќањето ќе се врши исклучително во денари по курс од 62мкд за 1€
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата
  • *ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА АРАНЖМАНОТ ПОТРЕБЕН Е МИНИМУМ ОД 40 ПАТНИЦИ

Галерија


Top