ШОПИНГ во Истанбул


Денот на вљубените во најроматичниот град на светот поделен на два континенти  -  Истанбул! 

Истанбул  — најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од 14.657.434 жители. Истанбул, исто така е велеград, како и голем финансиски и културен центар во Турција и светот.

Во својата долга историја, Истанбул служел како главен град на Римска Империја (330-395), на Источното римско (византиско) царство (395-1204 и 1261-1453), на Латинска империја (1204-1261), и Отоманска Империја (1453-1922). Градот беше избран за Европска престолнина на културата за 2010 година. Историските области на Истанбул се вклучени во Списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО во 1985 година. 

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

1 Ден.   БИТОЛА – ИСТАНБУЛ 15.11.2018

Состанок на групата пред деловните простории во 19.00 часот. Поаѓање за Турција. Патување преку граничниот премин Меџитлија. Патување со попатни одмори преку Солун, Кавала, Александрополис – Ипсала (Грчко-Турска граница).

2 Ден.   ИСТАНБУЛ  16.11.2018

Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Сместување во хотел. Во пладневните часови заминување на панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: посета на Таксим, Валенсовиот аквадукт, Шехзаде џамијата, големиот џамиски комплекс Сулејмание, Хиподромот, Султан Ахмет (сината) џамија, мостовите на Босфор. Слободно попладне за лични активности. Ноќевање. 

3 Ден.  ИСТАНБУЛ 17.11.2018

Појадок. По појадокот, факултативна посета на Аја Софија (Света Софија) – симболот на зачетоците на Христијанството на тие простори...факултативна посета на Топ Капи - палатата на султаните, со посета на Харемот и ризницата.Посета на Долма Бахче сарај последната резиденција на Отоманскиот Султан и место каде починал големиот татко на Турција Кемал Ататурк. Посета на Капали Чаршија, еден од најатрактивните шопинг центри во светот со близу 3000 дуќани за накит, злато, облека, кожа, антиквитети и др... Посета на национален ресторан.(факултативно). Ноќевање.

4 Ден.  ИСТАНБУЛ – БИТОЛА 18.11.2018

Појадок. По појадокот – факултативно крстарење со брод по Босфорот со локален професионален водич, каде на еден поинаков начин ќе ги доживеете убавините и грандиозноста на овај жив музеј на два континенти. Посета на Цариградската Патријаршија. Во пладневните часови поаѓање за Македонија. Ноќно патување со попатни одмори преку Грција.

5 Ден.  БИТОЛА 19.11.2018

Пристигнување во Битола во раните утрински часови.  

 

Цена на аранжманот за уплата до 31.10.2018: 79 € 

Цена на аранжманот: 89 €  

 

Во цената на аранжманот Е вклучено:

- Превоз со туристички автобус

- Две ноќевања со појадок во хотел со 3*

- Разглед на Истанбул со професионален водич

- Организација и водство на патувањето

Во цената на аражманот НЕ Е вклучено

- Факултативните излети и посети

- Цени за Факултативните посети: Аја Софија (влезница со стручен водич) – 15 € (препорака), Топ Капи Палатата со ризницата (влезница со стручен водич) – 15 € (препорака), Турска Вечер со комплетна програма и мени – 30 € (препорака), крстарењето со брод по Босфор со стручен водич – 15 €  (препорака), Долма Бахче Сарај  – 20 € по лице (препорака).

- Патувачко осигурување (3 € )

- Влезниците при посета на културно-историските споменици.

 НАПОМЕНА!

* За патувањето важат општите услови на патување на Т.А. „АНА ТУРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ“, Битола!

* За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници.

Top