Првомајски Егеј


За време на Велигденско - Првомајските празници дозволете си едно незаборавно доживување -

КРСТАРЕЊЕ ПО ЕГЕЈОТ

АТИНА-МИКОНОС-КУШАДАСИ-ПАТМОС-РОДОС-КРИТ-САНТОРИНИ – МЕТЕОРИ

Поаѓање од Скопје – Битола 27 Април – пакет аранжман, автобус+брод

Програма на патување:

Ден 1. 28.04.19  НЕДЕЛА   БИТОЛА - АТИНА

Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 19.30 часот. Заминување Атина во 20.00 часот. Патување со попатни одмори до Атина и Пиреја.

Ден 2. 29.04.2019 ПОНЕДЕЛНИК   ПИРЕЈА - МИКОНОС

По пристигнувањето на пристаништето Пиреја, влегување во бродот CELESTYAL OLYMPIA. После сместувањето во бродските кабини, слободно време за запознавање со условите кои ги нуди овој прекрасен брод. Уживање во бродската анимација. Испловување во 11.00 часот. Ручек. Пристигнување во пристаништето на Миконос во 18.00 часот. Слободно време за запознавање на островот кој важи за едно од најмондемските одморалишта во светот  познато по ноќните забави. Враќање на брод. Вечера. Испловување во 23.00 часот. Слободно време Ноќевање.

Ден 3. 30.04.2019 ВТОРНИК   КУШАДАСИ – Турција ; ПАТМОС - Грција

Појадок. Пристигнување во пристаништето Кушадаси во 07.00. Запознавање со една од најубавите и најпознати туристички дестинации во Турција. Заминување на тура организирана од страна на бродот за посета на ,,Античкиот град – ЕФЕС,,. Слободно време. Враќање во бродот во 13.00 часот. Ручек. Испловување кон островот Патмос. Пристигнување во пристаништето Патмос околу 16.00 часот. Слободо време за индивидуални активности и запознавање со живописниот и мистичен остров. Враќање на брод. Вечера. Испловување во 21.00 часот. Ноќевање.

Ден 4. 01.05.2019 СРЕДА  РОДОС - Грција

Појадок. Пристигнување пристаништето на Родос во 07.00 часот. Заминување за разглед на градот  во организација на Бродскиот екипаж. Заминување со автобус до древниот град Линдос со посета на Акрополот кој датира од 300 год прне. Посета на малото истоимено градче – летовалиште. Враќање во градот Родос и пешачка тура низ улиците на Витезите. Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Враќање на брод. Испловување во 18.00 часот. Вечера. Слободно време за активности и уживање на бродот. Ноќевање.

Ден 5. 02.05.2019 ЧЕТВРТОК  КРИТ – САНТОРИНИ - Грција

Појадок. Пристигнување во пристаништето Хераклион во 07.00 часот. Слободно време за индивидуални активности и разгледи. Можност за организирање на факултативна тура од страна на бродскиот персонал. Враќање на брод. Испловување во 11.30 часот. Ручек. Пловењето продолжува кон Санторини. Пристигнување во Санторини во 16.30 часот. Слободно време за запознавање со еден од најубавите и најпознати острови во Грција – кој уште се нарекува островот на заљубените. Островот го карактеризира плаво – белиот стил на традиционална грчка архитектура. Големиот број на мали продавници, добриот ноќен живот и се разбира незаборавниот залез на сонцето ќе ве остават воодушевени. Враќање на бродот. Вечера. Испловување во 21.00 часот. Ноќевање.  

Ден 6. 03.05.2019 ПЕТОК Пиреја - АТИНА

Појадок. Напуштање на бродот. Заминување кон Метеорите. Посета на еден од Манастирите и целиот дел кој се нарекува светско чудо. Посета на фабриката за икони и сувенири. Патувањето продолжува кон Македонија. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

 

ЦЕНА на аранжманот: 599 €  

За уплата до 05.03.  ЦЕНА : 495 €

 Ден

Пристаниште

Пристигнување

Заминување

1

Понеделник

 Пиреј -Грција

МиконосГрција

 

18:00

11:00

23:00

2

Вторник

Кушадаси - Ефес - Турција

Патмос - Грција

07:00

16:00

13:00

21:00

3

Среда

Родос - Грција

07:00

18:00

4

Четврток

Хераклион - Крит

Санторини 

07:00

16:30

11:00

21:00

5

Петок

Пиреја - Грција

06:00

 
 
 
 
 
 
 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Крстарење (5 дена/4 ноќи)  со бродот CELESTYAL OLYMPIA на релација ПИРЕЈА(Грција)- МИКОНОС (Грција) – КУШАДАСИ ( Турција) – ПАТМОС (Грција) – РОДОС (Грција) – КРИТ            ( Грција) – САНТОРИНИ (Грција) – ПИРЕЈ ( Грција)
  • Сместување во двокреветни кабини внатрешна категорија за време на крстарењето. Можност да се добијат кабини со прозор и со балкон со доплата по барање за време на резервацијата.    (Напомена: доколку има достапни такви кабини)
  • Проширен полн пансион  (појадок, ручек,вечера, попладневен меѓуоброк). Сите оброци се послужени на база (шведски стол) или во ресторанот по избор на мени.
  • All inclusive пакет пијалоци (Неограничена консумација на пијалоци по правилникот на бродот)
  • Забава во бродскиот театар секоја вечер за време на крстарењето и бродските салони со разни жанрови на музика
  • Користење на базенот, фитнес салонот
  • Сите рекреативно забавни програми и анимации за деца во текот на крстарењето во специјализирани простории
  • Превоз со високо туристички автобус на релација Скопје-Битола- Пиреја и обратно.
  • Разглед на Метеорите со локален водич
  • Пратител за време на целото патување

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО

  • Пристанишни такси во износ од 169 € се плаќаат во агенцијата;
  • Задолжително патувачко осигурување се плаќа во агенцијата.
  • Пијалоци на бродот кои не припаѓаат под ,,All inclusive” пакетот на пијалоци;
  • Факултативни тури и разгледи;
  • Користење на спортскиот терен на бродот;
  • Користење на мини барот во кабината;
  • Забава во Казино (игри на среќа се плаќаат во еур не можат да се платат преку бродската картица , туку само во готово)
  • Останати лични услуги на бродот како што се: перење на облека, собна услуга, користење на бродските средства, телекомуникации , фотографии, интернет конекции, купување во бродските продавници....
  • Влезници за посета на Метеорите

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

  • Доплата за еднокреветна кабина е 180 €
  • Доплата за прозорска кабина е 100 € по лице;
  • Прво дете од 2 до 10,99 години во придружба на двајца возрасни плаќа 230€ и има седиште во автобус и кревет во трокреветна кабина
  • Второ дете 2 до 10,99 години плаќа 210 €, и има седиште во автобус и кревет во четворокреветна кабина

 

  • УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност од 1 € = 62,оо денари
  • За време на пријавување се врши уплата од 40 % од вкупната цена на аранжманот а останатиот дел најкасно 20 дена пред патувањето
  • Цената на патувањето е гарантирана само при целосна уплата на аранжманот, во спротивно е гарантиран само износит на аконтацијата, а останатиот дел е подложен на промени.

 

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА БРОДОТ

  • ПАТМОС – Трансфер до плажата Agriolivadi;
  • КРИТ- Посета на архелошкиот локалитет на палатата Knosos, постоењето на првата европска цивилизација;
  • САНТОРИНИ – Посета на прекрасната „Oia“ на крајот на Калдера

  ОПИС НА БРОДОТ:

Бродска компанија:           CELESTYAL Company Cruises;

Брод:                                     OLYMPIA;             

Должина:                               214.88 m;            

Број на патници:                 1664;      

Број на палуби:                   10 патнички;

Содржини на бродот: ресторан за ручање, 5 барови, џакузи када, базен, теретана, театар, касино, дел за деца, Free shop,  интернет корнер

Изворhttp://www.celestyalcruises.com/en/celestyal-olympia-2

НАПОМЕНИ:

  • Сите одредби и правила за време на крстарењето се дефинирани во правилникот на  операторот Celestyal cruises (Посебни услови за патување);
  • Бродската компанија го задржува правото на промена на програмата на крстарење и останати промени кои би настанале од непредвидени околности по меѓународни прописи и узанси за пловидба и превоз на патници по морски пат.
  • Ако гостите за време на ручек или вечера користат некој од излетите или слободно време надвор од бродот  тогаш нема да им биде послужен ручек или вечера;
  • Секоја промена на програмата на патување ос страна на самиот патник во согласност со претставникот на агенцијата не претставува измена на договорениот програм;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на програмата на патувањето        ( редоследот на одредени содржини во програмата во зависнот на објективни околности)
  • Сите патници по прифаќањето на програмата се обавезни да се запознаат со договорениот програм на патување , условите на плаќање, условите за здраствено и патувачко осигурување  и Општите услови за патување на Организаторот на патување и посебните услови на Celestyal Cruises;
  • Сите патници пред заминувањето мораат да се запознаат со пропишаните правила на однесување во земјата во која патуваат.
  • За факултативните излети е потребен минимален број на  учесници како истите би се реализирале;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници крајниот рок за откажување на аранжманот е 5 дена пред заминување,
  • Во случај на промена на монатеарниот пазар како и во промена на цените на превозникот или Осигурителните компании, Организаторот на патувањето го задржува правото за корекција на аранжманот;
  • Распоредот на седење во автобусот е според  редоследот на пријавување;
  • Организаторот на патувањето не сноси одговорност за евентуално поинакви усмени информации за програмот на патување , добиени од страна на запослените во агенцијата како и запослените на овластените суб-агенти, кои не се во склад со елементите на заклучениот договор за патување.
  • Калкулацијата е правен на база на минимум 30 пријавени патници
  • Организаторот на патување не е овластен да ја процени исправноста на патните исправи на патните и други исправи на патникот.
  • Програма број 10 од 19.02.2019
Top