САЕМ ЗА АВТОМОБИЛИ - БЕЛГРАД


54 МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА АВТОМОБИЛИ И МОТОЦИКЛИ ВО БЕЛГРАД

Меѓународниот саем за автомобили е една од најугледните и настари регионални случувања во автомобилската индустрија и се одржува од 22 до 31 Март

 

Ден 1. БИТОЛА - ПРИЛЕП - ВЕЛЕС - СКОПЈЕ - БЕЛГРАД  22.03.2019

Состанок на групата  пред деловните простории на агенцијата во 21.30. Заминување кон Белград во 22.00 часот. Патување преку Прилеп, Велес, Скопје кон граничниот премин Табановце. Продолжување кон Белград. Ноќно патување со попатни одмори.

Ден 2.  БЕЛГРАД  23.03.2019

Пристигнување во Белград во предпладневните часови. Посета на саемот од 10:00 до 14:00 часот.  Потоа заминување за разглед на Белград и неговите знаменитости  како: Тврдината Калемегдан, Храмот Свети Сава, Теразије и др. Слободно време за прошетка и уживање низ центарот на Белград по познатата Кнез Михајлова. Сместување во хотел. Можност за посета на боемската Скадарлија или некој друг традиционален ресторан.  Ноќевање.

Ден 3. БЕЛГРАД - БИТОЛА 24.03.2019

Појадок во хотелот. Посета на "Куќата на цвеќето" - гробот на Тито. Во договорено време заминување кон  ИКЕА. Слободно време за шопинг. Во договорено време заминување кон Македонија. Патување со попатни одмори кон Скопје, Велес, Прилеп и Битола.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  3300,оо денари

 

Во цената на аранжманот Е вклучено:

  • Автобуски превоз на дадената релација по програмата
  • 1 ноќевање во хотел со 3* на база ноќевање со појадок
  • Влезница за саемот
  • Организирани разгледи на Белград со локален водич
  • Професионален водич за цело време од патувањето
  • Организација и водство на патувањето

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:  

  • Факултативни посети на ресторани
  • Влезници за посета на културно историските споменици
  • Задолжително патничко осигурување

Напомена:

*За патувањето важат општите услови на патување на Т.А. АНА ТУРС ИНТ.” – Битола

*За реализација на аранжманот е потребен минимум од 35 патници.

Галерија


Top