Мај на Крф


Островот Крф, познат како Керкира на грчки јазик, островот каде прекрасната Клеопатра, Кралицата на Египет и нејзиниот љубовник Марк Антони се одмараа за време на војната против Октавијан Цезар. Крф е и островот каде прекрасната Принцеза Елизабета  попозната како ,,Сиси,,  од Австрија  избега од строгиот протокол на Австриската Монархија и го помина останатиот дел од својот живот. Крф е омилена  дестинација на многу Кралеви, Кралици, Благородници и Претседатели на Држави и на преку два милиони туристи кои секоја година летуваат на островот. Покрај големите природни убавини и шарм на овој остров можите да уживате и во големиот број на знаменитости и градби по кои овој остров е познат во  целиот свет. Тука се наоѓаат и моштите на Св. Спиридон заштитник на островот како и спектакуларниот залив Палеокастрица, познатата Ахилеова Палата и елегантниот град Крф, изграден во венецијански стил, жив споменик самиот по себе.  

1 Ден.  24.05.2019    БИТОЛА- ГРЕВЕНА – ЈАНИНА – ИГУМЕНИЦА - КРФ

Состанок на групата во 05.00 часот. Поаѓање кон Битола и граничниот премин Меџитлија. После обавувањето на царинските формалности патувањето продолжува према Гревена, Јанина се до Игуменица. Пристигнување во Игуменица во предпладневните часови. Влегување во брод и пловидба до Крф. Пристигнување на Крф. Трансфер и сместување во хотел. Во попладневните часови организиран разглед на градот Крф и неговите знаменитости вклучувајќи ја и прекрасната Црква на Свети Спиридон од 16 век каде се и моштите на овој светец кој е заштитник на островот. Посета на Археолошкиот Музеј, Ахилеовата Палата и друго. Слободно време за прошетка низ прекрасните улици на градот. Посета на дискотека. Ноќевање.

2 Ден. 25.05.2019             КРФ - ПАЛЕОКАСТРИЦА

Појадок. По појадокот организирана посета северниот дел на островот и на Византискиот Манастир од 13 век посветен на Света Богородица.  Посета на градот Палеокастрица. Потоа попатна посета на Лаконес, Сидари, Ахрави и Касиопи. Во попладневните часови слободно време за прошетка и лични активности низ градот Крф. Враќање во хотелот. Можност за посета на таверна со програма и музика. (факултативно). Ноќевање.

3 Ден.   26.05.2019           KРФ - БИТОЛА

Појадок. Поаѓање кон Македонија. Превоз со брод од Крф до Игуменица. Пристигнување во Игуменица. Слободно време за разглед на овој пристанишен град. Поаѓање кон Македонија. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Битола во  вечерните часови.

 

            Цената на аранжманот 109 во денарска противвредност

 

Во цената на аранжманот Е  вклучено:

  • Автобуски превоз на дадената релација по програмата
  • Превоз со брод од Игуменица – Крф - Игуменица
  • Хотелско сместување во хотел со 3* на Крф на база  2 ноќевања со појадок
  • Организирани разгледи според програмата на градот Крф
  • Посета и разглед на Црквата на Свети Спиридон
  • Професионален водич за време на разгледите на Крф
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител за цело време на патувањето од страна на Ана Турс Инт – Битола

 

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:  

  • Влезници за посета на 
  • Факултативна посета на дикотека и таверна - останати факултативни посети
  • Факултативна организирана посета на Палеокастрица и манстирот ( 10 € )
  • Посета и разглед на Ахилеовата Палата со вклучена влезница ( 10 € )

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 платежни патници по автобус
  • Цената е во € се плаќа во денарска противвредност 62,оо денари = 1 €
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ,, - Битола
Top