24 МАЈ на Јадран и Острог


Дочекајте 24 -ти МАЈ на Јадранското крајбрежје во Неум со посети на Будва, Дубровник, Мостар, Котор, Острошки Манастир.

Неум е единствениот приморски град во Босна и Херцеговина. Околу него се протега крајбрежје со должина од 21 км, што е единствениот пристап на земјата на Јадранското Море.

Будва е приморски град во Црна Гора, стар околу 2 500 години, што го прави еден од најстарите населени места на брегот на Јадранското Море.

Дубровник  е град војужниот дел на Хрватска и е  една од најпознатите туристички дестинации во Средоземно Море, пристаниште и седиште на Дубровничко-неретванската жупанија. Во 1979 година, градот Дубровник бил вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Котор е крајбрежен град во југоисточниот дел на Црна Гора. Населението на градот е 13 510. Градот е еден од објектите на светското наследство на УНЕСКО.

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

БИТОЛА – БУДВА  23.05.2018

Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 21.00 часот. Поаѓање кон Албанија преку граничниот премин Ќафасан. По обавувањето на царинските формалности патувањето продолжува кон Елбасан, Драч, Тирана се до Будва. Патување со попатни одмори.

ОСТРОШКИ МАНАСТИР - БУДВА – НЕУМ   24.05.2018

Пристигнување во Острог. Посета на едно од најголемите светилишта на Балканот - познатиот строшкиот Манастир. Манастир на српската православна црква сместен на речиси вертикална граница, високо на планината Острошка греда во Црна Гора. Посветен е на Светецот Василиј Острошки. Разглед и поклонение на моштите на Св.Василије Острошки. Слободно време. Заминување кон Будва. Прошетка низ стариот дел на градот и да уживате во убавините на Венецијанската архитектура. Будва има голема вредност не само по тоа што е центар на туризмот во Црна Гора туку и по неговите специфични градби, споменици, тврдини, манастирии старите цркви – споменици кои датираат уште од 7век. Заминување кон Неум. Сместување во хотел. Слободно попладне за уживање во водите на Јадранот. Ноќевање.

НЕУМ – МЕЃУГОРЈЕ - МОСТАР  25.05.2018

Појадок. После појадокот заминување кон Меѓугорје.Местото каде се појавила Мајката Божија. Заминување кон Мостар, градот на двата брега на Неретва, каде се испреплетувала историјата во минатото и во поново време. Посета и разглед на стариот дел на градот. Стариотмост, чаршијата. Заминување кон Благај каде се наоѓа изворот на реката Буна. Слободно време за ручек. Заминување кон Неум. Слободно попладне за уживање во водите на Јадранот. Ноќевање.

НЕУМ – ДУБРОВНИК   26.05.2018

Појадок. Заминување кон Дубровник – познат како бисер на Јадранот еден од најпознатите туристички центри на Јадранот. Градот е со преубава околина, голем број на хотели и е магнет за голем број на туристи од целиот свет во текот на целата година. Прошетка низ стариот дел на градот “Страдун”, тесните улички и малите плоштади, како и импознатните зидини и градби ќе ве остават без здив. Уживате во призорот на Градската Камбанарија, Катедралата, Синагогата, Тврдината Бокар, Кнежевскиот Двор – Дубровачкиот Музеј, и многу други споменици. Слободно време за уживање во овој Бисер на Јадранот. Во попладневните часови заминување кон Неум. Ноќевање.

ДУБРОВНИК - КОТОР - БИТОЛА     27.05.2018

Појадок. После појадокот заминување кон Котор. Попатна посета на Котор, град заштитен од Унеско како светско богатство. Преминување на Которскиот залив кој е ставена светската листа од 28 најубави заливи во светот. Заминување кон граничниот премин Сукобин. Патувањето продолжува кон граничниот премин Ќафасан преку Тирана и Елбасан. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 € /7.380,оо денари

За уплата до 30.04.2018  109 € / 6.760,оо денари

 

Во цената на аранжманот Е вклучено:

- Автобуски превоз на дадената релација по програмата

- Сместување во хотел со 4**** на база ноќевање со појадок

- Организирани разгледи по програмата во Будва, Дубровник, Мостар

- Организација и водство на патувањето

- Пратител–водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:

 - Влезници за посета на културно – историските споменици

- Факултативни посети на Мостар и Меѓугорје  (15 €)

- Останати факултативи

- Патувачко осигурување (5 €)

* За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници

* За ова патување важат Општите услови на Т. А. Ана Турс Битола

Top