СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

БЕРОВО

Во подножјето на Малешевските планини во областа Малешевија на надморска висина од околу 900 метри се наоѓа градот Берово. Малешевијата е еден од најчистите и незагадени региони во Македонија и таа се одликува со уникатна комбинација од речиси недопрена природа, големо културно и историско наследство, фолклор и занаетчиство и најголема концентрација на кислород во воздухот на Балканот. Пријатната клима и еколошко – здравата храна, го прави овој крај идеално прибежиште за одмор, гастрономско уживање, релаксација и рекреација.