СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

АПУЛИА и КАЛАБРИЈА

АПУЛИА и КАЛАБРИЈА

по лице

Бари е главен град на регионот и на околината Апулиа во југоисточна Италија. Toj e деветти град по големина, и втор по значајност во јужна Италија, после Неапол. Градот е посебно познат како град на свети Никола затоа што во градската катедрала се чуваат моштите на овој светец. Токму поради овој факт, градот привлекува огромен интерес за посета кај сите верски поклоници од католичка и православна вероисповед од сите делови на светот кои со голема почит пристигнуваат на поклонение.
Бари има над триста илјади жители богат е со многу трговски продавници, познат е по карактеристичните и прекрасни стари улички. Често низ отворените прозорци можете да ги видите локалните домаќинки како ги прават надалеку познатите пасти и тестенини.
Инаку, Апулиа како област е најпозната по маслинките и прекрасното маслиново масло. Немојте да заминете од Бари без да понесете од познатото Апулиско маслиново масло.


 

РЕЗЕРВИРАЈ
11 дена
  • Тргнување
    04.09.2020
  • Враќање
    14.09.2020
1
1 ДЕН 04.09.2020 СКОПЈЕ - БИТОЛА – ИГУМЕНИЦА - БАРИ
Поѓање од Скопје за  Игуменица во 12.00 часот. Патување преку Битола и граничниот премин Меџитлија кон Игуменица  со попатни застанувања за одмор и царински формалности. Пристигнување во Игуменица и качување на траект за Бари. Ноќно патување со траект.
2
2 ДЕН 05.09.2020 БАРИ-АЛБЕРОБЕЛО-БАРИ
Пристигнување во Бари во утринските часови. По пристигнувањето напуштање на бродот заминување за разглед на стариот град- познат историски центар, испреплетен со мали улички, обиколен со ѕидини. Посета на базиликата „Св. Никола“ од XI век – заштитникот на градот, во која се чуваат и светите мошти на овој голем Светец,  посета на дворецот од XII, главната улица Lungomare Imperatore Augusto, преполна со продавници од најпознатите светски брендови како и театарот – Teatro Margita, познат по темелите во вода и прекрасната фасада, разгледот продолжува кон Piazza Ferrarese Mercantile, познатата улица Corso Vittorio Emanuele, со бројни кафетери и ресторани. Слободно време за индивидуални активности и можност за сите љубители на добрата храна да ги вкусат надалеку познатите италијански специјалитети. Заминување кон Алберобело, мало гратче оддалечено 70 км. од Бари кое е на листата на УНЕСКО за заштитени споменици на култура. Алберобело е препознатлив по многуте бели куќички, од сув камен и мов, понекаде прошарани со симболите кои служеле како декорација или за заштита од лошите сили и демони, познати под името ,,трули,, градени на ова место уште од XV век. Денес најголемиот број од овие кукички служат како сместувачки капацитети за туристи или како мали продавници за продажба на сувенири, но во дел од нив сеуште живеат локални жители. Слободно време за индивидуални активности и прошетка, како би можеле да ја доживеете  оригиналноста на овој град како од бајките. Во договореното време заминување кон хотелот кој се наоѓа на на јужниот дел од Италија. Сместување во хотел. Вечера. НОЌЕВАЊЕ.
3
3 - 9 ДЕН 06 – 12.09.2020 КОСТА ДЕЛ ИОНИО
Појадок. Уживајте во убавините и понудута на самиот ресорт. Неверојатно поставен на Јонското Море, стои директно на заливот Мандаторичио, до кој може да се пристапи од прекрасната опремена тераса. Располага со има базен со чадори за чаршафи, шезлонглови и директен пристап до морето. Пред хотелот, пешачката патека по шеталиштето на Марина ди Мандаторичио за пристап до блиската трговска област со продавници, маркети, аптека, барови и ресторани.
4
10 ДЕН 13.09.2020 ЗАМИНУВАЊЕ КОН БАРИ – ИГУМЕНИЦА
Појадок. Слободно предпладне. Ручек. Заминување кон Бари. Качување на брод и патување кон Игуменица.
5
11 ДЕН 14.09.2020 ИГУМЕНИЦА - БИТОЛА - СКОПЈЕ
По пристигнувањето во Игуменица заминување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во попладневните часови.
РЕЗЕРВИРАЈ
  Во цената на аранжманот Е вклучено:
  • Превоз на дадената релација според програмата со високо туристички автобус
  • Превоз со брод на релација Игуменица – Бари - Игуменица
  • Разглед на  Бари со локален водич
  • Разглед на  Алберабело со локален водич
  • 7  Ноќевања на база полн пансион (појадок- ручек - вечера) во ресорт со 4*
  • Водич придружник за цело време на патувањето
  • žОрганизација и водство на патувањето
Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
  • Влезници за културно-историските споменици
  • Посета на Acquapark Odissea 2000
  • Останати неспоменати услуги
  НАПОМЕНА:
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 35 патници
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А. “АНА ТУРС ИНТ” – Битола

РЕЗЕРВИРАЈ
error: Content is protected !!