СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

Белград 8ми Март 2НП

Белград 8ми Март 2НП

79евра по лице

Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој вљубеник. Иако целосно и припаѓа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај француските градови. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град, кои беа непознати до неодамна. Љубителите на културата тука ќе може да уживаат во архитектурата и музеите, додека вљубениците на лудата забава, неуморно ќе можат да го истражуваат незапирливиот, белградски, ноќен живот.


 

Резервирај
3 дена
  • Дестинација
  • Збирно место
    Комплекс Безистен
  • Тргнување
    05.03.2021; 22:00 часот
  • Враќање
    08.03.2021; во вечерните часови
  • Додатни информации
    2 ноќевање во хотел со 3 *
1
1ден 05.03/06.03.2021 БИТОЛА-ПРИЛЕП-ВЕЛЕС – СКОПЈЕ - БЕЛГРАД
Состанок на групата во 22.30 часот пред деловните простории на агенцијата.  Заминување на групата за Белград. Патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Белград во утринските часови. Со помош на Белградскиот водич ќе се запознаеме со богатото минато на градот, ве водиме на панорамско разгледување на градот со автобус: Титовиот музеј, стадионите на Партизан и Црвена Звезда, плоштадот Славија, храмот на Свети Сава, Парламентот, Стариот и новиот дворец, Теразије,  плоштадот  Република, споменикот на Кнезот Михајло Обреновиќ, Народниот театар, Народниот музеј, студентскиот плоштад. Продолжуваме со пешачката програма на откривање на убавините на Белград: Калемегдан: Најубавиот и најголем Белградски парк но и најзначаен културно историски комплекс во кој доминира Белградската тврдина над устието на реките Сава и Дунав.  Ќе го посетиме споменикот  на Победата, дело на познатиот Иван Мештровиќ, симбол на победата на српската војска над Отоманската и Австроунгарската Империја во војните од 1912-1918. Шетајќи низ најстариот дел од градот познат како Дорчол, ќе дојдеме до Бајракли џамијата, градена од Отоманската Имеперија во 1575 г., единствено сочувана од  273 џамии од времето на Отоманската Империја. Кнез Михајлова-познатата пешачка улица на Белград, Соборната црква Свети Архангел Михаил, Конакот на Кнегињата Љубица, граден како државна резиденција од страна на Принцот Милош Обреновик во 1831. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности. Ние ви препорачуваме прекрасно крстарење со брод по Сава и Дунав. Единствена прилика да го запознаеме Белград од една поинаква перспектива. Ќе се восхитуваме на моќниот Калемегдан, познатите клубови и кафеани сместени на сплавови на реката Сава, новиот градежен проект “Белград на вода“. Секако нашиот љубезен водич ќе не запознае и со приказните за современиот Белград.Ноќевање.
2
2 ден 07.03.2021 БЕЛГРАД – ФРУШКА ГОРА – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ – ПЕТРОВАРАДИН – НОВИ САД
Појадок.  Ве водиме на целодневен прекрасен излет, испреплетен со богата историја.   Возејќи се низ Фрушка гора, ќе посетиме една од многуте познати винарии, Винаријата Ковачевиќ каде ќе имаме можност да дегустираме но и купиме одлично вино од тој крај. Потоа ќе го посетиме Манастирот Ново Хопово кој според својата архитектонска вредност преставува најзначајна сакрална градба во својата епоха на овие простори. Граден во 1451 г.   Продолжуваме до Сремски Карловци, место познато уште во времето на Римјаните. Отоманскиот војсководител Бали Бег, во време на Сулејман Величенствени, во 1521 го освојува градот и цели 170 години е под Отоманската Империја. Потоа потпаѓа под Австроунгарија а од 1918 е во состав на Кралството на Срби Хрвати и Словенци (СХС). Град со прекрасни добро сочувани стари градби: Соборната црква Св.Никола, Палатата на Патријаршијата во барокна и неоренесансна архитектура, Римокатоличката црква на Светото Тројство од 1735 г.  Карловачката гимназија од 18 век со најбогата школска библиотека во Србија со 18.000 книги. Тука учел и еден од најголемите Српски поети Бранко  Радичевиќ. На самиот плоштад се наоѓа и фонтаната “4 Лава“ од 1799 г. Ќе ја посетиме и Капелата на мирот, каде во 1699 год е потпишан мир помеѓу Отоманската Империја и Светата лига ( Австрија, Полска и Млетачката Република). Ексклузивно ќе ја  посетиме и куќата каде живел како ученик  поетот  Бранко Радичевиќ,  претворена во музеј. https://www.youtube.com/watch?v=0DPErqC--qY   Продолжуваме кон Петроварадинската тврдина: Капија светова и раскрсница путева. Чувар царства и царског оружја. Прекретница хрисќанског света. Тамница мрачна и гробница незнана. Сва загонетна, славом и клетвом опевана. Велика уметничка инспирација – Петроварадинска тврџава. Барокна лепотица, колосална творевина. Вековна људска  цивилизациска одредница“-Синиша Јокиќ.   Изградена над  десниот тек на реката Дунав, во населбата Петроварадин, денес составен дел на Нови Сад. Изградена од Австријците кои тука владееле од 1692-1780, во непосредна близина на границата на Отоманската Имерија. Местото го нарекуваат и Гибралтар на Дунав.   Пристигнуваме во Нови Сад, град прогласен за Младинска престолнина на Европа за 1919 г., Европска престолнина на културата за 2021 год. Градот е подигнат во 1694 год. Долго време бил центар на српската култура, и затоа го нарекле градот Српска Атина. Денес Нови Сад е голем финансиски и индустриски центар на српската економија, голем универзитетски град, школски центар, културен, научен, здравствен и политички центар на Автономната Покраина Војводина.  Пешачка програма низ центарот на градот: Римокатоличката црква, Палатата на Владиката, Соборната православна црква, Градската куќа. Време е за кафе во познатото кафуле “Безец“.Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Белград и нашиот хотел во вечерните часови.    Ноќевање.
3
3 ден 08.03. 2021 БЕЛГРАД – АВАЛА – СКОПЈЕ - БИТОЛА
Појадок.  Одјавување од хотел. Се упатуваме кон омиленото излетничко место на Белграѓани, планината Авала, висока 511 м. Римјаните подигаат утврдување, за да во средниот век се изгради тврдината Жрнов. Османлиите ја прошириле и појачале  за нивните потреби за напад на Белград.  Остатоците на тврдината се срушени 1934 за да на тоа место се изгради Мавзолеј – споменик на Непознатиот јунак од страна на големиот вајар Иван Мештровиќ.  Секако ја посетуваме и Кулата на Авала, симбол на градот срушен во Нато бомбардирањата во 1999 год и комплетно обновена во 2009. Има ресторан на 102 м висина и тераса со прекрасен панорамски поглед на 122 м. височина. Потоа ве водиме во новотворениот трговски центар во Београд “БЕО“. Слободно време за шопинг. Во попладневните часови поаѓаме кон Скопје со попатна посета на шопинг центарот “ИКЕА“. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Скопје, Прилеп и Битола во вечерните часови.
79 €/4.900 Ден. ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Превоз со високотуристички автобус на релација Битола – Белград - Битола
  • Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок
  • Панорамско разгледување на Белград со автобус и локален водич
  • Пешачка тура низ стариот дел на Белград со локален водич
  • Посета на шопинг центарот Ikea
  • Професионален туристички пратител
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Задолжително патничко осигурување: 175 ден.
  • Влезници, автобуски и трамвајски билети
  • Целодневен излет: Фрушка Гора, Винарија, Сремски Карловци, Петроварадин,Нови Сад: 25€
  • Крстарење по реките Сава и Дунав со брод, локален водич, автобуски преоз: 20€
  • Посета на Авала со автобус и локален водич: 15€
  • Влезници за културно историските споменици, автобуски и трамвајски карти:
  • Туристичка такса во износ од 3€ по лице за две ноќевања, се плаќа во агенција.
  • За реализација на програмата потребни се минимум 25 лица
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • Факултативен излет до Нови Сад – 10 евра по лице (минимум 20 патници)
  • Може да се патува и со лична карта. НЕ Е ПОТРЕБЕН ПЦР ТЕСТ.
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.
  • За ова патувањето важат општите услови на Интернационал Ана Турс
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
error: Content is protected !!