СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

Букурешт

Букурешт

129евра 119евра по лице

Букурешт – познат по своите широки булевари, славните згради на Belle Époque и репутацијата за висок животен стандард, познат под псевдонимот „Мал Париз“, е најголем и главен град на Романија. Според Романската легенда, градот бил основан на бреговите на реката Дамбовица, од пастирот Букур, чие име во буквален превод значи Радост.


Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација

– Oрганизирани разгледи според програмата

– Сместување во хотел 4**** на база на 2 ноќевања со појадок

– Организација и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Вечера во национален ресторан (25 €)

– Факултативен излет до Синаја, Бран и Брашов (25 €)

– Влезници за музеите и културно-историските споменици

– Патничко здравствено осигурување.


Напомени:

-Цената е дадена по лице за пакет аранжман во двокреветна соба

– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници

– За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ

– Организатор на аранжманот: АНА ТУРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ

  • Збирно место
    Комплекс Безистен
  • Тргнување
    29.12.2019; 17:00 часот
  • Враќање
    02.01.2020; во утринските часови
  • Додатни информации
    во претпродажба до 15.11.2019
1
29.12.2019 БИТОЛА – ПРИЛЕП – ВЕЛЕС - СКОПЈЕ - БУКУРЕШТ
Состанок на групата  пред деловните простории на агенцијата во 17:00 часот. Заминување кон Бугарија. Патување со гранични формалности и попатни одмори.
2
30.12.2019 БУКУРЕШТ
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Ќе се запознаеме со убавините на главниот град на Романија со име „Мал Париз“. За време на нашата турнеја, ќе ја посетиме парламентарната палата, втората најголема зграда во светот по Пентагон; и Националното богатство. Дознајте повеќе за романскиот народ во минатото последниот комунистички диктатор во Источна Европа на плоштадот Револуција. Нашата турнеја ќе вклучува и посета на романскиот Атинаум, Операта, Националниот воен клуб, Воената академија, Триумфалната порта и  многу други знаменитости. Ноќевање.
3
31.12.2019 БУКУРЕШТ – СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативно Посета на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Разглед на стариот градски центар во кој се наоѓа и познатата Црна Црква од XIV век, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Вечерта можност за дочек на Новата 2020 година на некоj од плоштадите во градот. Ноќевање.
4
1.01.2020 БУКУРЕШТ– ВЕЛИКО ТРНОВО – СКОПЈЕ - БИТОЛА
Појадок. Напуштање на хотелот. Заминување кон Бугарија. Посета на некогашната престолнина на Бугарија или како што го нарекувале “ Градот на Царевите’’. Посета на тврдината “Царевец” и позначајните споменици. Слободно време за прошетка низ Велико Трново до заминување, во попладневните часови. Ноќно возење преку Бугарија, со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Скопје следниот ден во утринските часови.
error: Content is protected !!