СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

Велигден во Саранда

Велигден во Саранда

129евра 119евра по лице

 Автобус 4 дена/ 3 полупансиони

  • Дестинација
  • Збирно место
    пред деловните простории на агенцијата
  • Тргнување
    30.04.2021
  • Враќање
    03.05.2021
1
Ден 1.БИТОЛА – РЕСЕН – ОХРИД – АРДЕНИКА - САРАНДА 30.04.2021
Состанок на групата во 04.00 часот пред деловните простории на агенцијата. Замнинување кон граничниот премин Ќафасан. Гранични формалности. Патување со попатни одмори до Манастирот Арденика.  Застануваме да го посетиме православниот манастир Арденика  кој  е посветен на Рождество на Пресвета Богородица, а е изграден од византискиот Император Андроник II  Палеолог во 1282 година во чест на победата Византија над Кралството Сицилија во битката кај Берат.  Интересно е и тоа што тука во овај манастир на 21 Јули 1451 година Скендербег се венчал со Доника Кастриоти. Патувањето продолжува кон Саранда.  Сместување во хотел. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
2
Ден 2.САРАНДА – БУТРИНТ 01.05.2021
После појадокот поаѓање и посета на античкиот град Бутринт од 1 милениум пред новата ера. Посета на Ксамил полуостровот, кој е составен од три островчиња. Слободно време за ручек  во Лекурси Тврдината на околу 750 мнв која се наоѓа над самиот град Саранда. Можност за уживање во прекрасната панорама и феноменот на природата ,,Изворот – плаво око,, кој е со длабочина од околу 50 метри. Тука можност за посета на Манастирот на Св.40 сет Маченици кој е воедно и заштиник патрон на самиот град. Во самиот склоп има и ресторан каде ќе можите да ужвате во прекрасните национални албански јадења, особено јадења од вкусна морка риба а и да уживате во прекрасниот поглед на крајбрежјето на Саранда. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
3
Ден 3.САРАНДА –ГИРОКАСТРО – САРАНДА 02.05.2021
Појадок. После појадокот факултативна посета на  Гирокастро. Посета на тврдината, театарот, Обелискот, Џамијата и друго. Гирокастро, градот на илјадници скали, е интересен многу и познат по својата архитектура. Враќање во Саранда. Слободно време за лични активности и прошетка низ градот. Вечера. Ноќевање.
4
Ден 4.САРАНДА – АПОЛОНИЈА -ЌАФАСАН – ОХРИД – РЕСЕН - БИТОЛА 03.05.2021
Појадок. Заминување кон факултативна посета на Аполонија, една од најпознатите археолошки места во земјата и неодамна национален археолошки парк. Аполонија  е град кој бил формиран во 600 год пне. ќе го посетиме Одеонот и дворот на манастирот каде што има црква од византиски стил за кој се верува дека е изградена во 14 век. Овде можете да видите некои споменици како Encидот што го опкружува, Булетерионот, Куќата на мозаиците и Нимфајум – споменикот на нимфите. Заминување кон Тирана и посета на ТЕГ – шопинг центарот. Продолжување кон Македонија. Гранични формалности. Пристигнување во Битола во вечерните часови.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Accomodation
Destination
Meals
Overall
Transport
Value For Money

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: = 129 € За уплата до 05.04.2021 = 119 €     Во цената на аранжманот Е вклучено:
  • Автобуски превоз на дадената релација според програмата
  • 3 полупансиони во хотел со 4* (појадок / вечера)
  • Разгледи според програмата
  • Туристичка такса
  • Организација, водство и реализација на аранжманот
  • Водич - пратител за цело време на патувањето од страна на Ана Турс Инт - Битола
    Во цената на аранжманот НЕ Е  вклучено:
  • Задолжително патничко – здраствено осигурување
  • Влезниците при посета на културно-историските споменици и рекреативни атракции
  • Факултативна посета Бутринт ( 10 €)
  • Факултативна посета на Гирокастро ( 20 €) потребен минимум од 20 патници
  • Задолжителна факултативна посета и влезници и локален водич на Арденика и Аполонија ( 25 €)
   
  • Може да се патува и со лична карта. НЕ Е ПОТРЕБЕН ПЦР ТЕСТ.
    НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 евра при уплата на аранжманот.
  ТРАНСФЕР :  
  • ТРАНСФЕР на патници од Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово доплата 10 €
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Т.А.,,АНА ТУРС,, го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 35 патници
  • Цената е изразена во евра а плаќање исклучиво во денари 1 €= 62,оо денари.
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТ,, - Битола и СКТМ
error: Content is protected !!