logo
This is Photoshop's version of Lorem Ipsum. Proin gravida nibh vel velit auctor aliquet. Aenean sollicitudin, lorem quis bibendum auctornisi elit consequat
Последни новости
+387648592568
info@anatours.com.mk

СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

Велигден на Крф

Велигден на Крф

119евра 99евра по лице

Ви посакуваме добредојдовте на Крф познат како Керкира на грчки, островот каде прекрасната Клеопатра, Кралицата на Египет и нејзиниот љубовник Марк Антони се одмараа за време на војната против Октавијан Цезар. На овој остров доаѓа и прекрасната Принцеза Елизабета,  попозната како ,,Сиси,,  која од Австрија  избега од строгиот протокол на Австриската Монархија и го помина останатиот дел од својот живот. Крф е омилена  дестинација на многу Кралеви, Кралици, Благородиници и Претседатели на Држави и на преку два милиони туристи кои секоја година летуваат на островот. Покрај големите природни убавини и шарм на овој остров можете да уживате и во големиот број на знаменитости и градби по кои е познат во  целиот свет. Тука се наоѓаат и моштите на Св. Спиридон заштитник на островот како и прекрасниот залив Палеокастрица, познатата Ахилеова Палата и елегантниот град Крф, изграден во венецијански стил, жив споменик самиот по себе.


СМЕСТУВАЊЕ ВО АПАРТМАНИ 4*

IONIAN EYE

Попуст за рана уплата до 31.03.2020!!!


РЕЗЕРВИРАЈ  

  • Дестинација
  • Збирно место
    Комплекс Безистен
  • Тргнување
    17.04.2020; Состанок на групата во 05.00 часот
  • Враќање
    20.04.2020; Пристигнување во Битола во вечерни часови.
1
17.04.2020 БИТОЛА- ИГУМЕНИЦА – КРФ (Велики ПЕТОК)
Состанок на групата во 05.00 часот пред деловните простории на агенцијата. Поаѓање кон граничниот премин Меџитлија. После обавувањето на царинските формалности патувањето продолжува према Гревена, Јанина, се до Игуменица.  Патување со попатни одмори. Пристигнување во Игуменица во предпладневните часови. Влегување во брод и пловидба до Крф. Пристигнување на Крф. Трансфер и сместување. Во попладневните часови организиран разглед на градот Крф и неговите знаменитости вклучувајќи ја и прекрасната Црква на Свети Спиридон од 16 век каде се и моштите на овој светец кој е заштитник на островот. Слободно време за прошетка низ прекрасните улици на градот. Во попладневните часови се следи церемонијата за изнесување на епитафите од Црквата Св.Ѓорѓи и другите цркви. Околу 21 часот се изнесува и последниот епитаф од Митрополијата и започнува процесијата “Оплакувањето на Исус”. По завршувањето враќање во хотелот. Ноќевање.
2
18.04.2020 КРФ ( Велика САБОТА)
Во договорно време заминување за следење на процесијата со големата поворка за житијата на патронот и заштитник на Крф Св.Спиридон. пропратен со тажниот мелос. Проследување на традиционалните локални обичаи. Околу 20.30 часот заминување кон градот каде се исчекува  веста за ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ на плоштадот каде е целиот осветлен од илјадниците свеќи во рацете на верниците. Огномет и прослава. Враќање во хотелот. Ноќевање.
3
19.04.2020 КРФ (ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – НЕДЕЛА)
Ден на радоста – Прв ден Велигден. По улиците е живо и весело – по традиција се кршат  велигденски јајца. Посета на  Ахилеовата Палата и можност за посета на фабрика за производство на ликери од кум-коат овошје кое единствено расте на островот. Организирана посета на северниот дел на островот и на Византискиот Манастир од 13 век посветен на Света Богородица. Посета на градот Палеокастрица. Во попладневните часови слободно време за прошетка и лични активности низ градот Крф. Враќање во хотел. Ноќевање.
4
20.04.2020 КРФ – ИГУМЕНИЦА - БИТОЛА
Слободно предпладне. Поаѓање кон Македонија. Превоз со брод од Крф до Игуменица. Пристигнување во Игуменица. Поаѓање кон Македонија. Патување со попатни одмори.Пристигнување во Битола во вечерни часови.
РЕЗЕРВИРАЈ  
Во цената на аранжманот  Е  вклучено:
  •  Автобуски превоз на дадената релација по програмата
  •  Превоз со брод од Игуменица – Крф - Игуменица
  •  Сместување на база три ноќевања во апартмани опремени со клима уред, мини кујна
  •  Организирани разгледи според програмата на градот Крф
  •  Посета и разглед на Црквата на Свети Спиридон
  • ž Организација и водство на патувањето
  •  Пратител за цело време на патувањето од страна на Ана Турс Инт – Битола
  Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
  • ” Факултативна посета на таверна
  • ž Патувачко осигурување (5 еур) задолжително
  • ” Организирана разглди на Палеокастрица и северниот дел на островот
  • G Посета и разглед на Ахилеовата Палата
  • ’ Влезници за културно историските споменици
Доплата за превоз од Скопје и Велес   Напомена:
  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници. Бројот на места е ограничен.
  • Односот на 1 € = 62,00 денари.
  • Во случај на недоволен број на патници агенцијата го задржува правото на откажување на аранжманот најкасно до дена пред поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата
  • За патувањето важат општите услови за патување на СКТМ и Интернационал Ана Турс

РЕЗЕРВИРАЈ