СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

Викенд во Белград

Викенд во Белград

85евра 69евра по лице

Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник. Иако целосно и припаѓа на Источна Европа, Белград дише западен воздух, предизвикувајќи го она посебно чувство, создадено во некое од неговите скриени катчиња, исто како кај француските градови. Голем број на туристи веќе ги имаат откриено убавините и богатствата на овој град, кои беа непознати до неодамна. Љубителите на културата тука ќе може да уживаат во архитектурата и музеите, додека вљубениците на лудата забава, неуморно ќе можат да го истражуваат незапирливиот, белградски, ноќен живот.


 

Резервирај

 

  • Дестинација
  • Збирно место
    Комплекс Безистен
  • Тргнување
    23.10.2020; 22:00 часот
  • Враќање
    25.10.2020; во вечерните часови
  • Додатни информации
    1 ноќевање во хотел со 4*
1
23.10.2020 БИТОЛА-ПРИЛЕП-ВЕЛЕС – СКОПЈЕ - БЕЛГРАД
Состанок на групата во 22.30 часот пред деловните простории на агенцијата.  Заминување на групата за Белград. Патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
24.10.2020 БЕЛГРАД
Пристигнување во Белград во раните утрински часови. Панорамски разглед на градот со стручен лиценциран локален водич: Kалемегдан, Воениот Музеј, црквата Св.Сава, Плоштадот на Републиката, Књез Михаилова предвидена е посета на Куќата на цвеќето и гробот на Маршалот Тито бившиот претседател на СФРЈ со Музејот на Младоста 25 Мај. Сместување во хотел во Белград. Вечерта организирана посета на еден од најдобрите национални ресторани на прочуената Скадарлија со богата вечера и Музика или во ресторан на Сплав на Дунав  (факултативно). Ноќевање.
3
25.10.2020 БЕЛГРАД - НОВИ САД – СКОПЈЕ – ВЕЛЕС- ПРИЛЕП - БИТОЛА
Појадок. После појадокот одјавување од хотел и посета на велигденска служба во црквата Св. Сава. После службата поаѓање кон Нови Сад. Разглед на градот: Плоштадот Слобода на кој се наоѓа катедралната црква Имена Маријаниног, улицата Змај Јовина каде што се наоѓаат многубројните бутици и ресторани, Владичански двор – најзначајното архитектонско дело во Нови Сад, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Дунавскиот мост и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Попладнето посета и можност за шопинг во најпознатиот OUTLET CENTER INDZIJA – со попусти до 70% на наjпознатите светски брендови GUESS, NINE WEST, TOMMY HILFIGER… Во договорено време заминување кон Македонија. Патување со попатни одмори. Пристигнување во Скопје, Прилеп и Битола во вечерните часови.
РЕЗЕРВИРАЈ
Во цената на аранжманот Е вклучено:
  • Превоз со високотуристички автобус или минибус
  • Сместување во хотел со 4* на база 1 ноќевањe со појадок
  • Разглед на Белград со локален стручен водич
  • Пратител за цело време на патувањето

  Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:

  • Влезници за посета на културно – историските споменици
  • Факултативна посета на Нови Сад – (15 €)
  • Посета на Национален ресторан и свечена вечера на Скадарлија или во хотелот ( 20 €)
  • Задолжително патничко осигурување – 200 ден.

Резервирај
error: Content is protected !!