СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

Декември во Кушадаси – Светите места на Егејска Турција

Декември во Кушадаси – Светите места на Егејска Турција

185евра 165евра по лице

Светите места на Егејска Турција

 

Античка Троја – Кушадаси – Ефес – Памуккале –  Хиераполис –  Саримсакли

Кушадаси е најголемото летувалиште на турско-егејската обала, но и место каде непрекинато доаѓаат патнички бродови од каде туристите идат да го видат древниот Ефес. Покрај пристаништето се наоѓаат и ѕидините на Стариот град (Caravanserai), во кој се сместени голем број на работилници, ресторани и места за ноќен провод. Одма поред него се наоѓа Островот на птиците, шарматно островче на кое се наоѓа мала тврдина, како и неколку кафичи и барови. Под островот се наоѓа нова марина во која пристигнуваат јахти од целиот свет. Од таму градот почнува да се шири со голема брзина и секоја година има се повеќе и повеќе хотели, покрај обалата и низ брдата кои го опкружуваат градот.

 

  • Дестинација
  • Збирно место
    Состанок на групата пред деловните простории
  • Тргнување
    04.12.2020
  • Враќање
    09.12.2020
  • Додатни информации
    се патува преку Бугарија без PCR тест
1
1 ден БИТОЛА- ПРИЛЕП- КАВАДАРЦИ - ВЕЛЕС - СКОПЈЕ – КУШАДАСИ 04.12.2020
Состанок на групата пред деловните простории во 12.00 часот. Поаѓање за Турција. Патување преку граничниот премин Делчево. Патување со попатни одмори преку Софија, Пловдив, Капикуле (Бугарско-Турска граница)
2
2 ден КУШАДАСИ 05.12.2020
Пристигнување во утринските часови во Eцебат каде со Траект преминуваме кон Азискиот дел на Турција. Патувањето продолжува кон Кушадаси  со  кратка пауза и можност за слкиање во легендарната Троја и макетата на коњот од филмот Троја. Продолжуваме кон Кушадаси и пристигнуваме во попладневните часови. Сместување во хотел и прошетка низ градот. Вечера. Ноќевање.
3
3 ден КУШАДАСИ-ПАМУККАЛЕ 06.12.2020
Појадок,заминување факултативно кон Памуккале: Памуккале е една од најголемите туристички атракции во Турција која секоја година ја посетуваат повеќе од 2 милиони гости од целиот свет. Памуккале е комплекс од необични минерални извори во плитките варовнички базени сместени на југозападот во Турција во близина на градот Денизли. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
4
4 ден КУШАДАСИ-ЕФЕС-САРАМСАКЛИ 07.12.2020
Појадок, по појадокот заминување за Ефес: еден од најбогатите археолошки локалитети од Антички период, посета на куќата на Света Богородица, во која Дева Марија ги поминува последните денови од својот живот, посета на Ѕидот на желбите. Потоа се упатуваме кон малото градче Селчук каде се посетува Црквата и гробот на Св. Јован. Во попладневните часови пристигнување во Сарамсакли и упатување кон “Şeytanın ayağı” или така наречената Ѓаволска стапка-нога, местото од каде  можете со залезот на сонцето да ги направите најубавите фотографии (доколку дозволи времето). Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
5
5 ден САРАМСАКЛИ-ЏУНДА 08.12.2020
Појадок, по појадокот слободни активности и заминување кон Ајвалик: посета на Фабриката за производство на маслиново масло и маслинки-можност за дегустација и купување на истите.  Факултативно крстарење низ малите островчиња како и Џунда кој од 1963 година е поврзан со градот и е претворен во полуостров. Враќање во Ајвалик и слободно време за  индивидуална прошетка покрај море и прошетка низ најпознатиот пазар во Ајвалик. Во попладневните часови заминување за Македонија
6
6 ден СКОПЈЕ - ВЕЛЕС - КАВАДАРЦИ - ПРИЛЕП - БИТОЛА 09.12.2020
Пристигнување во Битола во предпладневните часови
Цената ги вклучува следниве услуги:
  • Превоз на наведената релација со високо квалитетни туристички автобус
  • Сместување во хотел 4* во Кушадаси на база  2 ноќевањa со појадок и вечера
  • Сместување во хотел 4 * во Сарамсакли на база 1 ноќевање со појадок  и вечера
  • Траект Гелиболу – Чанаккале - Гелиболу
  • Туристичка такса во хотелите
  • Пратител на патувањето и организација на аранжманот
     Цената не вклучува :
  • Задолжително патничко осигурување
  • Разгледување на Троја 11€
  • Крстарење со брод во Ајвалик и посета на Џунда 20€
  • Посета на Памуккале -30€ (превоз, влезница и водич)
  • Куќата на Дева Марија и Античкиот Град Ефес 25 € (превоз, влезница и водич)
  • Влезници за музеите и останати знаменитости
  • Индивидуални активности
  • Доплата за 1/1 соба
  Задолжителна проверка на пасошот. Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
НАПОМЕНИ:
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Т.А. ,, АНА ТУРС,, го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
  • Плаќањето се врши во денарска противредност за аранжманот 1 € = 62 мкд.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • Придржување на мерките за Covid-19 ќе бидат во целост запазени.
  • Се патува преку Република Бугарија и не е потребен тест
  • За реализација на патувањето потребни се минимум 25 патници
  • Задолжително носење на маски во автобус и патничко осигурување
error: Content is protected !!