logo
This is Photoshop's version of Lorem Ipsum. Proin gravida nibh vel velit auctor aliquet. Aenean sollicitudin, lorem quis bibendum auctornisi elit consequat
Последни новости
+387648592568
info@anatours.com.mk

СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

ИЗРАЕЛ

ИЗРАЕЛ

999евра по лице

Нашата 8 дневна тура во христијанската света земја – Израел, ќе ви даде можност да ги запознаете и доживеете животните библиски приказни. Местата како Еурасaлим,Назарет , Витлеем и Галилеја, кои се толку познати од стиховите и текстовите, ќе се претворат во искуства кога ќе ги посетите лично и ќе имате можност да ја почуствувате светлината и да ги допрете карпите со свои раце.


РЕЗЕРВИРАЈ
  • Збирно место
    Комплекс Безистен
  • Тргнување
    01.03.2020
  • Враќање
    08.03.2020
1
01.03.2020 СКОПЈЕ - СОЛУН - ТЕЛ АВИВ - ВИТЛЕЕМ
Состанок на групата во 04.00 на паркингот пред Холидеј Ин во Скопје. Заминување кон Солунскиот аеродром. Пристигнување на Солунскиот аеродром околу 10.00. Лет за Тел авив во 13.00 часот. Слетување на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив во 16.00 часот. Кратка орентациона тура низ Тел авив.  Заминување кон Витлеем. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање.
2
02.03.2020 НАЗАРЕТ
Појадок. По појадок во хотелот се упатуваме кон Назарет на север, Посета во црквата на објавување, проследена со посета на работилницата на Јосиф каде Исус го помина поголемиот дел од своето детство. Потоа, продолжуваме до селото Кана, каде Исус го извршил чудото од промена на водата во вино. Враќање во хотелот во Витлеем за вечера и ноќевање.
3
03.03.2020 ТИБЕРИЈА - ГАЛИЛЕЈА
Појадок. По појадокот заминуваме кон планината Beatitudes, традиционално место на „Проповед на планината“ и Теба, традиционалното место на „Чудо на лебовите и рибите“, место на чудото, каде што Господ со пет леба и 2 риби ги нахранил сите гладни. Капернаум, „Градот на Исус“, каде се наоѓаат остатоците од старата синагога која датира од 2 век и Домот на Свети Петар. Посета на Галилејско море (Езеро Кинерет) познато како ,,море на животот,,. Во античкото време ова море било сведок на многу историски драми. Го завршуваме денот со крстарење со брод на Галилејското Море. На брегот на Галилејското море, Спасителот Господ Исус Христос ги избрал своите ученици од рибарите и ги повикал да служат како Апостоли. Тој проповедал, правел чуда и им се јавил на Апостолите по своето Вознесение. Враќање во Витлеем за вечера и ноќевање.
4
04.03.2020 ЕРУСАЛИМ (СТАРИОТ ГРАД)
Појадок. Поаѓање за Ерусалим. Посета на Светата планина Елеон за еден од најубавите погледи на светот. Прошетка преку Dominus Flevit се до Црквата на агонијата,  Гетсиманиска градина, современата црква на Сите Нации, изградена на местото на древниот Византиски храм. Во Гетсиманиската градина Спасителот наш, Господ Исус Христос ги поминал последните часови молејќи се пред да биде предаден. Посета на црквата на Успение на Пресвета Богородица која претставува една од најстарите цркви во Ерусалим. Потоа посета на планината Сион, гробот на царот Давид, Собата на Тајната вечера "Горна соба" (AD Coenaculum). Враќање во хотел во Витлеем. Вечера. Ноќевање.
5
05.03.2020 ВИТЛЕЕМ - ЕРУСАЛИМ (НОВИОТ ГРАД)
По појадокот во хотел. Разглед на Витлеем, Светиот град или “Дом на лебот”. Витлеем е местото каде се родил Исус Христос. Го посетуваме Храмот на Христовото раѓање каде ќе имаме можност да присуствуваме на  Светата литургија и да се причестиме. почнувајќи од прекрасниот стар град Витлеем и прошетка низ плоштадот Манџер, како и родното место на Исус - Црквата на Рождество позната како една од најстарите цркви низ целиот свет, во која исто така се сместени грото - пештерата, во посета исто така на меѓународниот музеј за Nativity, музеј на  маслиново масло и Културниот Центар за палестинско наследство.  После тоа продолжете кон Херодиум (рид сличен на вулкан со скратен конус), а потоа заминете во селото Ал Кадер каде што се  наоѓа познатиот базен на Соломон. Поаѓање за Еин-Карем (на неколку километри југозападно од Ерусалим), местото каде се родил Свети Јован Крстител. Посета на францисканскиот манастир и изворот на Свети Јован Крстител.  Можеме да влеземе и да се измиеме од чистата света вода. Посета на црквата на Св. Ана. Потоа местото – холот каде Понтиј Пилат го осуди Исус. Посета на Долина на Крстот и Манастир на Светиот Крст- стар грузијански манастир кој е изграден на местото каде израснало дрво од кое бил изработен Крстот на кој бил распнат Спасителот. Виа Долороза - патот на Страдањето на Исус Христос. По овој пат, чекор по чекор ќе поминеме по неговите стапки исполнети со болка. Тоа е неговото последно страдање на Земјата. Овој пат завршува на Голгота во Храмот на Господовиот Гроб,  каде што се случи најважното од целата историја на Христијанството - Воскресение на Исус Христос. Продолжуваме кон  Еврејскиот кварт и неговата главна улица Кардо каде се наоѓа една од најголемите синагоги во светот-Синагогата Рамбама. Се спуштаме кон Ѕидот на плачот-главното светилиште на Евреите. Враќање во хотел во Витлеем. Вечера. Ноќевање.
6
06.03.2020 АКРА - ЈАФА - ЦЕЗАРИЈА - ХАИФА
Појадок. Заминување кон градот Акра во посета на античката тврдина на Крстоносците.  Се упатуваме кон Jафа да ги посетиме Конаците на уметниците и Манастирот на  Свети Петар. Уживање во панорамскиот поглед кон Тел Авив. Заминување кон Цезарија во посета на римскиот театар и на тврдината на Крстоносците богат со неговите прекрасни ископини.  Посета на Римскиот амфитеатар. Разглед на Хаифа еден од најубавите градови во регионот,  вклучувајќи го и  Светилиштето Bahai  како и  прекрасните персиските градини.  Патувањето продолжува кон Витлеем. Сместување во хотел и вечера. Ноќевање.
7
07.03.2020 ВИТЛЕЕМ
Појадок. Слободен ден / опционално – Посета на Мртво море најниската точка на земјината топка, околу 400м под нивото на океанот. Изобилува со најмногу сол, а содржи од 5-7 пати повеќе минерали од сите други мориња. Посета на фабриката ,,Ahava,,. Во фабриката се произведува уникатна природна козметика позната во целиот свет, изработена на база на соли од Мртвото море со посебна технологија. Посета на  пештерите Qumran, кои биле откриени во 1948 година и напишани пред повеќе од 2000 години. Потоа жичарница ќе не однесе до врвот на планината и тврдина Мassada, каде живееле зеалотите. Продолжуваме до една плажа каде што ќе имате шанса да лебдите над водите на Мртвото Море. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
8
08.03.2020 ТЕЛ АВИВ - СОЛУН - СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време до трансферот на аеродромот Бен Гурион во Тел авив. Лет за Солун во 16.00 часот. Слетување во Солун во 18.15. Трансфер до Македонија.
РЕЗЕРВИРАЈ
Во цената на аранжманот Е вклучено:
  • Трансфер од Скопје, Велес, Охрид, Прилеп, Битола до аеродромот во Солун и обратно
  • Авионски превоз на релација Солун- Тел авив – Солун со вклучен багаж од 23 кг.
  • Автобуски превоз според програмата во Израел со туристички автобуси
  • Сместување во хотел со 4* во 1/2, 1/3 соби на база 7 полу пансион (ноќевање, појадок, вечера)
  • Пловење со брод по Галилејско Езеро,
  • Посети и разгледи според програмата
  • Услуга на локален водич за време на посетите
  • Влезници за време на постетите и турите
  • Пратител - Организација – водство и реализација на патувањето од страна на Т.А,,Ана Турс Интернационал,, - Битола

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
  • Аеродромски такси во износ од ( 86 €)
  • Ручек и пијалок за време на оброците
  • Патувачко осигурување ( 300 денари)
  • Факултативна посета и разглед на Мртво море ( 55 €)
  • Задолжителен бакшиш за водич и возач во износ од ( 60 еур)

НАПОМЕНИ:
  • За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 платежни патници
  • Односот е 1 € = 62,00 ден.
  • Организатор на ова патување е АНА ТУРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ – Битола Лиценца “A”
  • За резервации на аранжманот е потребен аванс од минимум 30% од вкупнот износ на аранжманот.
  • Целосна уплата, најдоцна петнаесет (15) дена пред започнување на аранжманот.
  • Програмата и редоследот на разгледи и посети може да претрпи промени во зависност од состојба на терен и други објективни причини.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на цената на превозот (авионските билети, аеродромски такси), да ја промени и цената на аранжманот.
  • Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најкасно 7 дена пред поаѓање или да ја корегира цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.

РЕЗЕРВИРАЈ