Кападокија 3НП
Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветерот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата.
Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде направиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”.
Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи во светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед. .. a самиот поглед на овие необични структури остава магичен и мистичен впечаток… Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската…
Доживејте ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината… и бидете подготвени да видите “ Чуда невидени “.
-
Дестинација
-
Збирно местопред деловните простории на агенцијата
-
Тргнување04.03.2021
-
Враќање09.03.2021
01 Ден 04.03.2021 СКОПЈЕ – ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА:
02 Ден 05.03.2021 СОЛЕНО ЕЗЕРО (TUZ GOLU) - ЃОРЕМЕ,КАПАДОКИЈА:
03 Ден 06.03.2021 ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА : ЛЕТ СО БАЛОН – “КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА” – ТУРСКА ВЕЧЕР
- ЛЕТ СО БАЛОН: од платото на хотел ТУРИСТ 4*!
- 2. КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА: Ве водиме во подземниот град Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени 4 ката под земјата, поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км.... Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка по дел од долината, по течението на реката Мелендиз, со пауза за освежување во традиционална чајџилница на самата река. Пауза за ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река... Продолжуваме кон манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години. Враќање во хотел.
- 3. ТУРСКА ВЕЧЕР: Во вечерните часови ве водиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц, во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна вечера по ваш избор и неограничена дегустација на локално вино, турска ракија, водка, пиво, сокови. Враќање во хотел. Ноќевање.
04 Ден 07.03.2021 ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА – “ МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА” (МУСТАФАПАША - КАЈСЕРИ )
05 Ден 08.03.2021 ЃОРЕМЕ,КАПАДОКИЈА: “СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА”
06 Ден 09.03.2021 - СКОПЈЕ
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација (Тв,двд,клима,тоалет)
- 3 ноќевања со појадок во хотел 4*во Гореме, во срцето на Кападокија.
- 3 ноќевања со појадок во CAVE / STONE хотели “OSMANBAY” CAVE HOTEL, “ZARA” CAVE и сл. во Гореме, во срцето на Кападокија.
- Посета на соленото езеро Туз Ѓолу,
- Организација на патувањето,
- Лиценциран, туристички придружник на патувањето.
- Задолжително патничко осигурување 210 мкд,
- “Голема Тура Кападокија”, со влезници и вклучен ручек (без пијалок), автобус, локален водич: (45€),
- “Срцето на Кападокија” со влезници и ручек (без пијалок), автобус, локален водич: (45€),
- “Црвена Долина” со залез на сонцето, автобус, локален водич: (15€),
- “Mагијата на Кападокија”, со посета на Кајсери, автобус, локален водич : (35€),
- Турска вечер со шоу програма, вечера и неограничен пијалок, автобус, локален водич: (35€),
- Танц на дервишите /церемонија , автобус, локален водич: (25€),
- Лет со балон - (од €) . Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација.
- Туристичка такса 300 ден по лице ( се плаќа во агенција )
- Доплата за еднокреветна соба : Хотел 4* 3900 ден, Cave: 4200 ден
- * За реализација на ова патување, потребен е мин./макс. од 25 патници. (50% пополнетост на автобус)
- * Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според наведената денарска цена.
- * За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- * Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, во случај на помал број на пријавени патници, или други непредвидливи ситуации поради Пандемијата, која го спречува патувањето.
- * Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.
- * Седењето во автобус е според датумот на уплатата и слободните места.
- * Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ИНТЕРНАЦИОНАЛ АНА ТУРС, Битола
- * Важноста на пасошот треба да биде мин. 6 месеци од денот на напуштање на Турција.
- * Ги запазуваме сите протоколи за патување дадени за Ковид 19.
- * Според тековните Ковид-19 протоколи за влез во Турција е потребен негативен ПЦР тест. Одлуката е на сила до 01-ви Март 2021