СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

МАЈ во Валона

МАЈ во Валона

99евра 89евра по лице

 Автобус 3 дена/ 2 полупансиони

  • Дестинација
  • Збирно место
    пред деловните простории на агенцијата
  • Тргнување
    22.05.2021
  • Враќање
    24.05.2021
1
Ден 1.БИТОЛА – РЕСЕН – ОХРИД – АРДЕНИКА - ВАЛОНА 22.05.2021
Состанок на групата во 04.00 часот пред деловните простории на агенцијата. Замнинување кон граничниот премин Ќафасан. Гранични формалности. Патување со попатни одмори до Манастирот Арденика.  Застануваме да го посетиме православниот манастир Арденика  кој  е посветен на Рождество на Пресвета Богородица, а е изграден од византискиот Император Андроник II  Палеолог во 1282 година во чест на победата Византија над Кралството Сицилија во битката кај Берат.  Интересно е и тоа што тука во овај манастир на 21 Јули 1451 година Скендербег се венчал со Доника Кастриоти. Патувањето продолжува кон Валона.  Сместување во хотел. Заминување за посета на Звернец островот каде се наоѓа и Византиска Црква посветена на Пресвета Богородица граден во периодот на 12-13 век а до него се стига преку мост долг 270 м. Враќање во хотел. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
2
Ден 2.ВАЛОНА - САЗАН 23.05.2021
После појадокот поаѓање на факултаивно крстарење до островот Сазан Некогаш утврдена воена база, убавината и чистото крајбрежје на островот Сазан брзо го претворија во една од најпосетените летни дестинации во земјата. Островот Сазан е прекрасно сместен на местото каде што нежно се среќаваат Јадранското и Јонското море. Како најголем остров во Албанија, со површина од 5,8 квадратни километри, Сазан изгледа како одвоен дел од полуостровот Карабурун, а воедно е и порта кон Валонскиот Залив. Целата морска територија тука е дел од морскиот парк Карабурун-Сазан. Додека островот е ненаселен, вие бидете сигурни дека секогаш ќе најдете луѓе овде бидејќи, откако се отвори за јавноста во 2015 година, Сазан брзо стана една од најатрактивните туристички дестинации во целата земја. Ручек  и можност да уживате во прекрасниот поглед на крајбрежјето на Валона. Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.
3
Ден 3.ВАЛОНА– АПОЛОНИЈА -ЌАФАСАН – ОХРИД – РЕСЕН - БИТОЛА 24.05.2021
Појадок. Заминување кон факултативна посета на Аполонија, една од најпознатите археолошки места во земјата и неодамна национален археолошки парк. Аполонија  е град кој бил формиран во 600 год пне. ќе го посетиме Одеонот и дворот на манастирот каде што има црква од византиски стил за кој се верува дека е изградена во 14 век. Овде можете да видите некои споменици како Encидот што го опкружува, Булетерионот, Куќата на мозаиците и Нимфајум – споменикот на нимфите. Заминување кон Тирана и посета на ТЕГ – шопинг центарот. Продолжување кон Македонија. Гранични формалности. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: = 99 € За уплата до 15.05.2021 = 89 €   Во цената на аранжманот Е вклучено:
  • Автобуски превоз на дадената релација според програмата
  • 2 полупансиони во хотел со 4* (појадок / вечера) во Валона
  • Хотел New York 4*
  • Разгледи според програмата
  • Организација, водство и реализација на аранжманот
  • Водич - пратител за цело време на патувањето од страна на Ана Турс Инт - Битола
  Во цената на аранжманот НЕ Е  вклучено:
  • Туристичка такса 1 € по ден се плаќа во автобус
  • Задолжително патничко – здраствено осигурување ( 150 ден.)
  • Влезниците при посета на културно-историските споменици и рекреативни атракции
  • Факултативно крстарење до Сазан и Карабурун со вклучен ручек (30 €) потребен минимум од 25 патници
  • Задолжителна факултативна посета и влезници и локален водич на Арденика и Аполонија ( 25 €)
 
  • Може да се патува и со лична карта. НЕ Е ПОТРЕБЕН ПЦР ТЕСТ.
  НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 евра при уплата на аранжманот.
  ТРАНСФЕР :
  • ТРАНСФЕР на патници од Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје доплата 10 €
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Т.А.,,АНА ТУРС,, го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 35 патници
  • Цената е изразена во евра а плаќање исклучиво во денари 1 €= 62,оо денари.
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТ,, - Битола и СКТМ
error: Content is protected !!