СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

Нова Година во Будва

Нова Година во Будва

85евра по лице

Будва е најатрактивното место на Јадранскиот брег. Будва изобилува со долги песочни плажи со вкупна должина од 25км. Да ја дочекаме оваа Нова Година заедно на море во Будва, топла клима, весела и дружељубива атмосфера …


Цената на аранжманот е по ЛИЦЕ и вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќи во Монте Рио сместување во Будва со појадок
  • Организација, реализација и придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Туристичка такса 2 евра по лице за двете ноќевања
  • Факултативна посета на Дубровник – 15 евра
  • Факултативна посета на Porto Montenegro, Тиват и Котор – 10 евра
  • Влезници по музеите и културно историските споменици
  • Задолжително патничко и здравствено осигурување

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
  • Цената е изразена во €, плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност 1€ = 62,оо
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ,, – Битола и СКТМ.
  • Дестинација
  • Збирно место
    Комплекс Безистен
  • Тргнување
    29.12.2019
  • Враќање
    02.01.2020
1
1 ден - 29.12.2019 Недела Скопје – Будва

Состанок на групата. Поаѓање за Црна Гора во 23.00часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи за одмор и царински формалности.

2
2 ден - 30.12.2019 Понеделник Будва

Попатна посета на Свети Стефан,луксузно летувалиште. Пристигнување во Будва околу пладне, можност за прошетка низ Будва. Сместување.

Вечерта можност за уживање во музичката програма на плоштад.

3
3 ден - 31.12.2019 Вторник Будва – Porto Montenegro, Тиват и Котор

Можност за факултативна посета на Porto Montenegro – една од најлуксузните марини на Јадранското море, Тиват. По разгледот на овој луксузен комплекс следува можност за индивидуални активности во Тиват. Од овде се упатуваме на прошетка низ Котор. Враќање во сместувањето.

Вечерта можност за дочек на Нова Година на плоштад со прекрасна музичка програма.

4
4 ден - 01.01.2020 Среда Дубровник

Напуштање на апартманите и можност за факултативна посета на Дубровник. Еден од најсарите градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15ти и 16ти век. Од градските ѕидини има незаборавен поглед на Островот Локрум и преубавото Јадранско море.

Овде е снимена серијата Game of Thrones, причина плус зошто да се посети. Слободно време и во попладневните часови тргнуваме за Македонија.

Ноќно возење преку Албанија и Косово. Очекувано пристигнување во Скопје во утринските часови во среда.

error: Content is protected !!