СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

Нова Година во Сараево

Нова Година во Сараево

109евра по лице

Сараево – град кој нема да ве остави рамнодушни. Градот кој претставува невидлива граница помеѓу Истокот и Западот.  Градот каде се испреплетуваат богатата историја на верска и културна разновидност, Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа или „Ерусалим на Балканот. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православна црква, католичка црква и џамија во иста населба.

Градот на кујунџилак и на Баш чаршија која ве плени со нивната убавина и амбиент. Градот на севдахот, традицијата, културата и бурната историја на овие Балканските простори.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Автобуски превоз со високо туристички автобус (A/C;TV;DVD;CD)
  • Сместување во хотел Ексклузив 4* на  база 2 НП (ноќевање со појадок) http://www.hotel-exclusive.ba
  • Разглед на Сараево
  • Организација и водство на програмата со лиценциран придружник

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултативните посети
  • Факултативна посета на Мостар и Меѓугорје – 25 €
  • Влезници за музеите и културно историските споменици
  • Свечена новогодишна вечера во хотелот – 40 €

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
  • Обезбедени трансфери од градовите: Прилеп, Велес, Кавадарци, Неготино
  • Цената е изразена во €, плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност 1 € = 62 ден.
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А. “АНА TУРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ” Битола и СКТМ
  • Збирно место
    Комплекс Безистен
  • Тргнување
    29.12.2019; 18:30
  • Враќање
    01.01.2020; во вечерните часови
  • Додатни информации
    Hotel Exclusive 4*
1
29.12.2019 БИТОЛА – ПРИЛЕП – ВЕЛЕС – СКОПЈЕ – САРАЈЕВО
Состанок на групата пред деловните простори на агенција и заминување во 18:30 часот. Заминување кон Босна и Херцеговина. Патот води преку Србија. Ноќно возење со попатни одмори и царински формалности.
2
30.12.2019 САРАЈЕВО
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Сместување во хотел. Во попладневните часови панорамски разглед на градот со водич: градската општина, Башчаршија, Којунџилук, посета на најстарата православна црква во Сараево, Катедралата, посета на Латинскиот Мост (каде што бил извршен атентатот врз Франц Фердинанд кој довел до избувнувањето на Првата светска војна), Величествената Газихусбергова џамија. Слободно време за индивидуални прошетки низ Сараево. Враќање во хотел. Ноќевање.
3
31.12.2019 САРАЈЕВО – МОСТАР - МЕЃУГОРЈЕ
Појадок. Заминување за Мостар (факултативно). Разглед на градот и неговите историски знаменитости – стариот мост, чаршијата, факултативна закуска босански бурек – специјалитет на градот. Продолжување кон Меѓугорје, место каде се појавила Мајката Божија на 6 деца. Посета на местото на појавување на Мајката Божија Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Сараево. Припрема за најлудата ноќ. Свечена вечера со музика и забава до раните утрински часови во хотелот или на плоштад. Ноќевање.
4
01.01.2020 САРАЈЕВО – БЕЛГРАД – СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – ПРИЛЕП – БИТОЛА
Појадок. После појадокот, заминување за Белград. Слободно време за прошетка и разглед на Белград. По договор, упатување кон Скопје и Битола.
error: Content is protected !!