СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

НОВА 2022 ВО ИСТАНБУЛ 2НП

НОВА 2022 ВО ИСТАНБУЛ 2НП

109евра 99евра по лице

Ви нудиме уште едно прекрасно доживување за дочекот на највеселата ноќ во градот на два континента, авантура да ги истражите и почуствувате Истанбулските богатства на култура, историја и шопинг. Вљубете се повторно во животот, засакајте го градот кој никогаш не спие… оваа Нова 2022


Во цената на аранжманот Е вклучено:

  • Автобуски превоз на дадената релација според програмата
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 5* во Аксарај / Лалели
  • Разглед на Истанбул со локален професионален водич
  • Посета на Сината Џамија
  • Посета на Аја Софија
  • Посета на Хиподромот
  • Посета на Вселенската Патријаршија
  • Организација, водство и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 

  • Патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни посети
  • Новогодишен дочек на брод
  • Новогодишен дочек во национален Турски ресторан

НАПОМЕНА:

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници. Бројот на места е ограничен.
  • Односот на 1 € = 62,00 денари.
  • Во случај на недоволен број на патници агенцијата го задржува правото на откажување на аранжманот најкасно до 5 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата.
  • За патувањето важат општите услови за патување на СКТМ и Ана Турс Интернационал
  • Дестинација
  • Збирно место
    Комплекс Безистен
  • Тргнување
    30.12.2021; 16:00 часот
  • Враќање
    03.01.2022 ; во утрински часови
1
30.12.2021 БИТОЛА - ПРИЛЕП - ВЕЛЕС - ШТИП - КОЧАНИ - ИСТАНБУЛ
Состанок на групата пред деловните простории на агенцијата во 16.00 часот. Поаѓање за Турција. Патување преку граничниот премин Делчево. Патување со попатни одмори преку Бугарија со попатни одмори.
2
31.12.2021 ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Сместување во хотел. Денот е предвиден за  неколку доживувања и првите приказни за Истанбул од 1001 ноќ:
  1. РАЗГЛЕД НА ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ + ИСТАНБУЛ НА ДЛАНКА ОД КУЛАТА SAPPHIRE :
SAPPHIRE : Најпрво одиме во посета на  Sapphire облакодерот кој кога се изгради во 2010 г. важеше за 4-ти највисок облакодер во Европа. Има 54 ката и 10 ката под земја.  Со експресен лифт се искачувате до врвот каде од терасате Истанбул го имате како на дланка: Уживате во погледот кон Европскиот дел, Азиски дел, Босфорот и 3 те мостови кои ја поврзуваат Европа и Азија... Тука ќе може да уживаме во 4D проекција со хеликоптер...„ ќе летаме над Истанбул и неговите најубави споменици“... ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ + ТАКСИМ: Потоа ве водиме на прекрасно панорамско разгледување на градот со автобус и лиценциран локален водич:  Квартот Аксарај со Валиде џамијата, Шехзаде  џамијата, Валенсовиот аквадукт, мостовите Ататурк и Галата, Новата џамија со Египетскиот пазар, прочуениот Пера Палас хотел, познат од приказните на Агата Кристи. Посета на Таксим, централниот плоштад на Истанбул. Тука се наоѓа познатата пешачка улица Istiklal, и многубројните продавници, трговски центар, ресторани. Низ улицата поминува познатиот црвен транвај. Слободно време за шопинг и кафе. Време за одмор и подготовка за незаборавен дочек на Новата Година. Овој пат ви нудиме новата година да ја дочекате со забава на брод или во национален Турски ресторан (факуклтативно). СРЕЌНА НОВА 2021. Ноќевање.
3
01.01.2022 ИСТАНБУЛ
Појадок. По појадокот, заминување на панорамски разглед на градот со професионален туристички водич ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ: Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство со локален водич ќе го посетиме историскиот дел на Истанбул – пешачка тура: Валенсовиот аквадукт, Шехзаде џамијата, ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султан  Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Ќе ја видиме и најпознатата  АЈА СОФИЈА , и најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата . Потоа можност да се посети и Подземната византиска цистерна, која е 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина а од каде градот бил снабдуван со вода за пиење. Пешки продолжуваме до Капали чаршија ... Ноќевање.
4
02.01.2022 ИСТАНБУЛ - МАКЕДОНИЈА
Појадок. По појадокот – факултативно крстарење со брод по Босфорот со локален професионален водич, каде на еден поинаков начин ќе ги доживеете убавините и грандиозноста на овај жив музеј на два континенти. Прошетка низ Златниот рог и продолжување кон Галата Кула и влез во истата, која нуди неповторлива панорама на Истанбул. Посета на Цариградската Патријаршија.  Слободно време за прошетка низ Истанбул. Во попладневните часови тргнуваме кон Скопје, преку Бугарија. Пристигнување во Битола во раните утрински часови наредниот ден.
5
03.01.2022 СКОПЈЕ - КОЧАНИ - ШТИП - ВЕЛЕС - ПРИЛЕП БИТОЛА
Пристигнување во  Скопје, Кочани, Штип, Прилеп и Битола во раните утрински часови наредниот ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:    99 € / 6.140 Ден. ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
  •          Превоз со високотуристички автобус на релација Битола - Истанбул – Битола
  •          Сместување во хотел со 5*,на база  2 ноќевања со појадок
  •          Пешачка тура низ стариот дел на Истанбул
  •          Посета на Капали Чаршија
  •          Влез во Аја Софија – бесплатен влез
  •          Прошетка низ Хиподромот и Султан Ахмед плоштадот
  •          Посета на Сина Џамија
  •          Посета на Вселенска Патријаршија
  •          Посета на најголемиот трговски центар FORUM, Decathlon и Ikea
  •          Професионален туристички пратител
  ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  •          Факултативни излети,влезници,метро карти:
  •          Панорамски разглед на европски Истанбул: 10€
  •          Посета на Долма Бахче палатата: 30€
  •          Крстарење по Босфор покрај луксузните вили во кои се снимани турските серии: 20€
  •          Посета на Ускудар и ноќен разглед на Азиски Истанбул: 15€
  •          ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ – пешачка тура:  - гратис
  •          Влезница во Топ Капи палатата: 25 €
  •          Влезница во подземната цистерна: 20 €
  •          Посета на SAPPHIRE облакодерот (експрес лифт до врвот + 4 Д кино):  25 €
  •          Дочек на Новата 2022 со традиционална програма и вечера со неограничен пијалок , со трансфер:
  •          Патничко осигурување 210 мкд.
  •          Доплата за еднокреветна соба 60€
  •          Организирани трансфери од Битола, Охрид, Ресен, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес,  ГРАТИС
  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници. Бројот на места е ограничен.
  • Односот на 1 € = 62,00 денари.
  • Во случај на недоволен број на патници агенцијата го задржува правото на откажување на аранжманот најкасно до 5 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата.
  • За патувањето важат општите услови за патување на СКТМ и Ана Турс Интернационал
error: Content is protected !!