СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

Истанбул- секој четврток

Неверојатна Дестинација

Истанбул- секој четврток

99евра 79евра по лице

Термини за поаѓање:     05,12,19,26  Ноември  2020

 

Истанбул  — најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, распространет на два континенти – Истанбул, финансиски и културен центар во Турција и светот.

  • Дестинација
  • Збирно место
    Состанок на групата пред деловните простории
  • Тргнување
    Ве молиме пристигнете до 16:45 часот.
  • Враќање
    Приближно околу 5:30 часот.
  • Вклучено
    Истанбул- секој четврток
1
1 Ден. БИТОЛА – ИСТАНБУЛ
Состанок на групата пред деловните простории во 17.00 часот. Поаѓање за Турција. Патување преку граничниот премин Делчево. Патување со попатни одмори преку Софија, Пловдив, Капикуле (Бугарско-Турска граница)
2
2 Ден. ИСТАНБУЛ
Пристигнување во Истанбул во утринските часови.  Можност за сместување во утринските часови доколку собите се слободни или сместување според хотелските правила, после 14:00 часот.  Слободен ден за индивидуални прошетки или придружете се на откривање на Истанбул со нашиот водич. Денот е предвиден за  неколку доживувања и првите приказни за Истанбул од 1001 ноќ:
  1. РАЗГЛЕДНА ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ + ИСТАНБУЛ НА ДЛАНКА ОД КУЛАТАSAPPHIRE :
SAPPHIRE : Најпрво одиме во посета на  Sapphire облакодерот кој кога се изгради во 2010 г. важеше за 4-ти највисок облакодер во Европа. Има 54 ката и 10 ката под земја.  Со експресен лифт се искачувате до врвот каде од терасате Истанбул го имате како на дланка: Европски дел, Азиски дел, Босфор... Тука ќе може дауживаме во 4D проекцијасо хеликоптер...„ ќе летаме над Истанбул и неговите најубави споменици“... ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ + ТАКСИМ: Потоа ве водиме на прекрасно панорамско разгледување на градот со автобус и лиценциран локален водич:  Квартот Аксарај со Валиде џамијата, Шехзаде  џамијата, Валенсовиот аквадукт, мостовите Ататурк и Галата, Новата џамија со Египетскиот пазар, прочуениот Пера Палас хотел, познат од приказните на Агата Кристи. Посета на Таксим, централниот плоштад на Истанбул. Тука се наоѓа прочуената пешачка улица Istiklal, и многубројните продавници, трговски центар, ресторани. Низ улицата поминува познатиот црвен транвај. Слободно време за шопинг и кафе. Сместување во хотел. Слободно време за одмор, а потоа придружете ни се на нови возбудувања. Ве водиме во Азија. 2.АЗИЈА + УСКУДАР + БЕЈЛЕРБЕЈИ + WATERGARDEN & EMAAR SQUARE MALL Со метро се возиме под Босфор до Ускудар (поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор...Европа - Азија)- една од најстарите Истанбулски населби покрај Босфор со многубројни  кафе ресторани, слаткарници и познатата Џамија на Михримах Султан, ќерката на Султан Сулејман. Потоа со автобус продолжуваме кон Бејлербеји местото кое се наоѓа под Босфорскиот мост на Азиската страна. Отмено место со многу ресторани покрај Босфор. Место каде се наоѓа и прекрасната палата Бејлербеи на 32-от Султан Абдулазиз. После паузата во Бејлербеи, во вечерните часови ве водиме во најновиот монденски трговски центар во срцето на Аташехир, дел од Истанбул , на Азиската страна, отворен во 2017 г. Еден нов стил на животот сконцентриран околу прекрасниот  базен со фонтани.Ексклузивна кореографија на играта на водата, светлоста, ласерот, музиката, огнено шоу. .. многу ресторани,  кафетерии, забавни паркови, кина... Враќајќи се кон хотелот, ќе уживаме во возењето преку Босфорскиот мост, низ Истанбул ноќе, осветлен во многу бои.. Ноќевање.
3
3 Ден. ИСТАНБУЛ
Појадок. Продолжуваме со нашите возбудливи приказни од 1001 ноќ. Ве водиме во: 1.ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА Посетана најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот  на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал  основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Го посетуваме Резиденционалниот дел од Палатата. 2.КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОРЗаминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата... Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...), Султанската палата Чираган ... Крстариме покрај прекрасните палатите од познатите Турски ТВ серии.
  1. ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ :
Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе го посетиме историскиот дел на Истанбул – пешачка тура. Ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамијаСултан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Ќе ја видиме и познатата порано црква а сега џамија АЈА СОФИЈА ,  и најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата . Потоа можност да се посети и Подземната византиска цистерна,14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина од каде градот бил снабдуван со вода за пиење. Пешки продолжуваме до Капали чаршија ... Во вечерните часови можност за Ноќно крстарење по Босфор кое трае 2 часа, со традиционална турска програма и вечера. Ноќевање.
4
4 Ден. ИСТАНБУЛ – БИТОЛА
Појадок.  Одјавување од хотел.   Поаѓање кон Скопје со попатна посета на една од најзначајните симболи на христијанството, Веселенската патријаршија. Според рангирањето, оваа патријаршија е прва и се смета за центар на сите православни цркви во светот. Внатрешноста на црквата е богато украсена со извонредни златни иконостаси, кои прикажуваат детали од животот на Исус Христос. Најзначајна реликвија во црквата е столбот со црна боја за кој се верува дека е столбот на кој Исус бил заврзан пред да биде распнат на крст. Потоа ве водиме во најголемиот шопинг центар FORUMкаде во склоп на истиот се наоѓаат IKEA  и DECATHLON  Можност да го посетите и големиот Аквариум во склоп на трговскиот центар. Во попладневните часови тргнуваме кон Скопје, преку Бугарија.
5
5 Ден. БИТОЛА
Пристигнување во Битола во раните утрински часови.
  • 79 €/ 4.900 Ден./ Хотел со 4* во Аксарај / Лалели 
   
  • ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
  •          Превоз со високотуристички автобус на релација Битола – Истанбул – Битола
Сместување во хотел со 4Скопје* на Таксим, на база  2 ноќевања со појадок
  •          Пешачка тура низ стариот дел на Истанбул
  •          Посета на Капали Чаршија
  •          Влез во Аја Софија – бесплатен влез
  •          Прошетка низ Хиподромот и Султан Ахмед плоштадот
  •          Посета на Сина Џамија
  •          Посета на Вселенска Патријаршија
  •          Посета на најголемиот трговски центар FORUM, Decathlon и Ikea
  •          Професионален туристички пратител
 
  • ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  •          Факултативни излети,влезници,метро карти:
  •          Панорамски разглед на европски Истанбул: 10€
  •          Посета на Долма Бахче палатата: 30€
  •          Крстарење по Босфор покрај луксузните вили во кои се снимани турските серии: 20€
  •          Посета на Ускудар и ноќен разглед на Азиски Истанбул: 15€
  •          ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ – пешачка тура:  - гратис
  •          Влезница во Топ Капи палатата: 20€
  •          Влезница во подземната цистерна: 10€
  •          Посета на SAPPHIRE облакодерот (експрес лифт до врвот + 4 Д кино):  20€
  •          Ноќно крстарење по Босфор со традиционална програма и вечера со неограничен пијалок: 40€
  •          Патничко осигурување 175 мкд.
  •          Доплата за еднокреветна соба 30€
  •          Организирани трансфери од Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес: 10€
   
  • За реализација на програмата потребни се минимум 30 лица
  •          Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
  •          Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници.
  •          Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  •          Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.
  •          Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата. За избор на седиште се доплаќа во агенцијата при уплата на аранжманот.
  •          За патувањето важат општите услови на Ана Турс
  •          Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  •          Пополнетост на автобусот е  максимум 75%, според новите протоколи за Ковид 19
error: Content is protected !!