logo
This is Photoshop's version of Lorem Ipsum. Proin gravida nibh vel velit auctor aliquet. Aenean sollicitudin, lorem quis bibendum auctornisi elit consequat
Последни новости
+387648592568
info@anatours.com.mk

СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

Светите места во Егејска Турција

Светите места во Егејска Турција

169евра 159евра по лице

В Е Л И Г Д Е Н  во СВЕТИТЕ МЕСТА НА ЕГЕЈСКА ТУРЦИЈА

КУШАДАСИ – ТРОЈА – ЕФЕС – ИЗМИР- КУЌАТА НА ДЕВА МАРИЈА

______________________________________________________________________________________________

Попуст за рана уплата до 10.03.2020!!!

 

  • Дестинација
  • Збирно место
    Комплекс Безистен
  • Тргнување
    16.04.2020; состанок на групата во 10:00 часот
  • Враќање
    21.04.2020; Пристигнување во Битола во доцните поладневни часови.
1
16.04.2020 1Ден. БИТОЛА - КУШАДАСИ
Состанок на групата пред спортската сала во 10.00 часот. Поаѓање кон Кушадаси преку граничниот премин Меџитлија. По обавувањето на царинските формалности патувањето продолжува кон Воден- Солун- Кавала. Ноќно патување со попатни одмори.
2
17.04.2020 2 Ден. ТРОЈА - КУШАДАСИ
Преминување на Дарданелите со брод. Краток одмор. Посета на Античка Tроја. Разглед на Троја, остатоците како и Тројанскиот коњ. Патувањето продолжува кон Кушадаси. Пристигнување во Кушадаси во пладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечера.По  вечерата прошетка низ стариот дел на Кушадаси. Можност за посета на дискотека. Ноќевање.
3
18.04.2020 3 Ден КУШАДАСИ
Појадок. По појадокот посета на  ,,Светите места на Егејска Турција,,. Посета на античкиот град Ефес, кој бил трет по големина град во Римската Империја. Посета на Храмот на Артемида, едно од седумте чуда на Стариот век. Потоа посета на куќата на Света Дева марија, каде мајката божија ги проживеала последните 7 години од својот земен живот. Тука ќе имате можност да ги оставите вашите желби за љубов, здравје и среќа при изворот на света вода.Потоа посета на црквата на Св.Јован во Селџук. Посета на модна ревија за конфекција од кожа. Враќање во Кушадаси. Вечера. Можност за присуство на празнична Велигденска литургија во Куќата на Дева Марија. Ноќевање.
4
19.04.2020 4 Ден. КУШАДАСИ - ПАМУККАЛЕ
Појадок. По појадокот заминување за  утринска литургија во Црквата на Мајката Божија. Препорачуваме посета на Памук Кале. Место каде природата ги покажала своите најголеми уметнички можности. Целодневна екскурзија (факултативно). Враќање во Кушадаси во доцните попладневните часови. Враќање во хотел. Вечера. Можност за посета на ресторан во стариот дел на Кушадаси. Ноќевање.
5
20.04.2020 5 Ден. КУШАДАСИ – ИЗМИР - БИТОЛА
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Битола. Патувањето води преку Измир, познат како роден град на Хомер. Патување со попатни одмори до преминот на Дарданелите со брод. Ноќно патување кон Солун.
6
21.04.2020 6 Ден. СОЛУН – ВОДЕН - БИТОЛА
Патување со попатни одмори преку Грција. Кратка пауза за посета на Воден и посета на познатите водопади. Патувањето продолжува кон Битола. Пристигнување во Битола во доцните попладневни часови.
Во цената на аранжманот Е вклучено:
  •  Автобуски превоз на дадената релација по програмата
  •  Бродски превоз од Гелибулу до Чанакале и обратно
  • Сместување во хотел со 4 **** на база 3 полупансиони (шведски стол)
  • Посета на црквата на Св.Јован Апостол во Селџук
  • Посета и разглед на Измир – родниот град на Хомер
  • Професионален локален водич за посетите на Троја, Ефес, Куќата на Дева марија
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител–водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата
  Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
  • Влезници за посета на културно – историските споменици
  • Посета на античка Троја и Тројанскиот коњ
  • Посета на Ефес, Храмот на Артемида,посета на куќата на Света Дева Марија (35 €)
  • Посета на Памуккале и изворот на Клеопатра, Хираполис (40 €)
  • Останати факултативни посети по програмата
  • Патувачко осигурување (5 €)
  • Организиран трансфер од Скопје, Тетово, Гостивар, Велес, Охрид (10€)