СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

23ти Октомври во Истанбул

Неверојатна Дестинација

23ти Октомври во Истанбул

99евра 79евра по лице

Истанбул  — најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, распространет на два континенти – Истанбул, финансиски и културен центар во Турција и светот.

  • Дестинација
  • Збирно место
    Состанок на групата пред деловните простории
  • Тргнување
    Ве молиме пристигнете до 16:45 часот.
  • Враќање
    Приближно околу 5:30 часот.
  • Вклучено
    23ти Октомври во Истанбул
1
1 Ден. БИТОЛА – ИСТАНБУЛ 22.10.2020
Состанок на групата пред деловните простории во 17.00 часот. Поаѓање за Турција. Патување преку граничниот премин Делчево. Патување со попатни одмори преку Софија, Пловдив, Капикуле (Бугарско-Турска граница)
2
2 Ден. ИСТАНБУЛ 23.10.2020
Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Сместување во хотел. Во пладневните часови заминување на панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: посета на Таксим, Валенсовиот аквадукт, Шехзаде џамијата, големиот џамиски комплекс Сулејмание, Хиподромот, Султан Ахмет (сината) џамија, мостовите на Босфор. Слободно попладне за лични активности. Ноќевање.
3
3 Ден. ИСТАНБУЛ 24.10.2020
Појадок. По појадокот, факултативна посета на Аја Софија (Света Софија) – симболот на зачетоците на Христијанството на тие простори...факултативна посета на Топ Капи - палатата на султаните, со посета на Харемот и ризницата.Посета на Долма Бахче сарај последната резиденција на Отоманскиот Султан и место каде починал големиот татко на Турција Кемал Ататурк. Посета на Капали Чаршија, еден од најатрактивните шопинг центри во светот со близу 3000 дуќани за накит, злато, облека, кожа, антиквитети и др... Посета на национален ресторан.(факултативно). Ноќевање.
4
4 Ден. ИСТАНБУЛ – БИТОЛА 25.10.2020
Појадок. По појадокот – факултативно крстарење со брод по Босфорот со локален професионален водич, каде на еден поинаков начин ќе ги доживеете убавините и грандиозноста на овај жив музеј на два континенти. Посета на Цариградската Патријаршија. Во пладневните часови поаѓање за Македонија. Ноќно патување со попатни одмори преку Бугарија.
5
5 Ден. БИТОЛА 26.10.2020
Пристигнување во Битола во раните утрински часови.
Во цената на аранжманот е вклучено:
  • Две ноќевања во хотел со 4* со појадок
  • Автобуски превоз
  • Лиценциран придружник
  • Лиценциран туристички водич
  • Тура низ стариот град на Истанбул со посета на Капали Чаршија
  • Шопинг во 212 центарот
  • Посета на Аја Софија
  • Посета на Сината џамија Во цената на аранжманот не е вклучено:
  • Патничко осигурување
  • Факултативи
Цените на факултативните излети ќе бидат објавени дополнително
  • Задолжителна проверка на пасошот. Не треба да е на 6 месеци пред истекување од моментот на влез и излез од Р. Турција
  • Хотелот ќе го знаат патниците на 2 дена пред поаѓање. Хотелот ќе биде со 3* во населбите Аксарај или Лалели
   
error: Content is protected !!