СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

Сремска Нова 2021 Година

Сремска Нова 2021 Година

129евра 99евра по лице
  • Дестинација
  • Збирно место
    пред деловните простории на агенцијата
  • Тргнување
    30.12.2020
  • Враќање
    03.01.2020
1
Ден 1.БИТОЛА – ПРИЛЕП –ВЕЛЕС - СКОПЈЕ - БЕЛГРАД 30.12.2020
Состанок на групата во 21.00 часот пред Безистенот. Замнинување кон граничниот премин Табановце. Гранични формалности. Патување со попатни одмори преку Врање, Лесковац, Ниш се до Белград.
2
Ден 2. БЕЛГРАД - РУМА 31.12.2020
Пристигнување во предпладневните часови во Белград. Заминување за разглед на овој прекрасен град распространет на бреговите на Дунав и Сава. Разгледување на сите позначајни културно-историски споменици како што се Скупштината, Кнез Михајлова, Белградската тврдина-Калимегдан, Плоштадот на Републиката, Гробот на поранешниот Преседател на Југославија Јосип Броз Тито- Куќата на цвеќето, Теразије и најголемата црква на Балканот Св.Сава. Слободно време за одмор за прошетка низ Белград. Заминување кон Рума околу 16.30 минути. Сместување во хотел. СВЕЧEН ДОЧЕК НА НОВАТА ,,2021,, со богата вечера, пијалок и забава. (НАПОМЕНА  доколку условите со КОВИД дозволуваат). Ноќевање.
3
Ден 3.РУМА – ФРУШКОГОРСКИ МАНАСТИРИ 01.01.2021
Доцен појадок. Заминување за посета на некои од големиот број на Фрушкогорски манастири. Посета на бањата Врдник, каде што термпературата на термалните води е со константна температура од 32,8 оЦ а претставува не само термална туку и воздушна бања. Уживање во термалните води. Враќање во хотелот. Вечерта  СВЕЧАНА СРЕМСКА ВЕЧЕР каде ќе можите да уживате во звуците на тамбурите и прекрасните сремски специјалитети. Ноќевање.
4
Ден 4. НОВИ САД – СКОПЈЕ 02.01.2021
Појадок. После појадокот заминување за посета на Нови Сад. Градот кој плени со својата убавина. Разгледот го започнуваме со посета на  Петроварадинската тврдина,  изградена над  десниот тек на реката Дунав, во населбата Петроварадин, денес составен дел на Нови Сад. Изградена од Австријците кои тука владееле од 1692-1780, во непосредна близина на границата на Отоманската Имерија. Местото го нарекуваат и Гибралтар на Дунав. Продолжуваме до Сремски Карловци, место познато уште во времето на Римјаните. Отоманскиот војсководител Бали Бег, во време на Сулејман Величенствени, во 1521 го освојува градот и цели 170 години е под Отоманската Империја. Градот е со прекрасни добро сочувани стари градби: Соборната црква Св.Никола, Палатата на Патријаршијата во барокна и неоренесансна архитектура, Римокатоличката црква на Светото Тројство од 1735 г.  Карловачката гимназија од 18 век со најбогата школска библиотека во Србија со 18.000 книги. Тука учел и еден од најголемите Српски поети Бранко  Радичевиќ. На самиот плоштад се наоѓа и фонтаната  “4 Лава“ од 1799 г. Ќе ја посетиме и Капелата на мирот, каде во 1699 год е потпишан мир помеѓу Отоманската Империја и Светата лига (Австрија, Полска и Млетачката Република). Можност за ручек  на Салаш. Потоа заминување кон Скопје и Битола. Патување со попатни одмори.
5
Ден 5. СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – ПРИЛЕП – БИТОЛА 03.01.2021
Пристигнување во Битола во раните утрински  часови.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Accomodation
Destination
Meals
Overall
Transport
Value For Money

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  129 € ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 30.11.2020: 99 €   Во цената на аранжманот Е вклучено:
  • Автобуски превоз на дадената релација според програмата
  • 2 полупансиони во хотел со 4* (појадок / вечера).
  • Разглед на Белград со професионален водич.
  • Разглед на Фрушкогорските манастири
  • Разглед на Нови Сад со професионален водич.
  • Реприза на Новогодишната вечер со богато мени и забава 01.01.2021
  • Посета на термалната Бања Врдник
  • Организација, водство и реализација на аранжманот
  • Водич - пратител за цело време на патувањето од страна на Ана Турс Инт - Битола
  Во цената на аранжманот НЕ Е  вклучено:
  • Патничко – здраствено осигурување: 175,оо мкд
  • Влезниците при посета на културно-историските споменици и рекреативни атракции
  • Новогодишна вечера со богато мени и пијалок и музика 31.12.2020 – 55 €
  • Туристичка такса од 3 € се плаќа во агенцијата при резервација
 
  • Може да се патува и со лична карта. НЕ Е ПОТРЕБЕН ПЦР ТЕСТ.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
  НАПОМЕНА:
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Т.А. ,, АНА ТУРС,, го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета или сл.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 30 патници
  • Цената е изразена во евра а плаќање исклучиво во денари 1 €= 62,оо денари.
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТ,, - Битола и СКТМ
  ИНФОРМАЦИИ И РЕЗЕРВАЦИИ: Тел: 047 203 580
error: Content is protected !!