СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

Хотел Вивас

Хотел Вивас

29евра по лице

Хотелот ВИВАС се наоѓа во првиот ред на морето и на 5 минути оддалеченост од пристаништето во Драч. Во областа каде што се наоѓа хотелот има совршена клима за да го поминете вашиот летен одмор покрај морето. Просечните температури во јуни-август се околу 30˚C а во текот на ноќта не пониски од 20˚C. Оваа област е позната по својата медитеранска клима која се карактеризира со врело лето и блага зима. Хотелот ВИВАС е висока зграда со пет ката, со 78 соби, базен, теретана, приватна плажа, конференциска сала, паркинг, бесплатен интернет WI-FI, бар на плажа, ресторан, детско игралиште, видео надзор.

За да му дадете посебен вкус на денот, можете да уживате во специјалитетите на кујната на хотелот. Во ресторанот можете да најдете сè, почнувајќи од националната кујна, па сè до интернационална. Изборот ќе биде тежок помеѓу свежата риба, месото и домашните производи.

Хотелот им нуди на своите гости:

Ресторан
Ресторанот нуди национални и меѓународни вкусови. Домашните производи се уште еден специјалитет на  ресторанот, како што се: суво месо, кисели краставички, џем, свежи тестенини, слатки, сладолед и др. Ресторанот е на располагање од 12:00 часот до 23:00 часот.
Бар
Добар избор да го поминете времето, пред морето, гостите можат да уживаат во различни сокови, национални и меѓународни брендови за пиво, алкохолни и без алкохолни пијалоци, различни коктели, топли и ладни пијалоци и др.
Пицерија
За сите деца или возрасни кои сакаат пица, ви стоиме на располагање секој ден од 12:00 до 23:00 часот.
Приватна плажа
Со капацитет од 200 чадори и 400 лежалки
Базен
Хотелот Вивас има сопствен отворен базен со многу убав поглед кон морето.
Теретана
Додека вежбате вежби, можете да уживате во погледот кон базенот и морето. Сите гости можат да ја користат теретаната без доплата. Отворено е од 07:00 до 23 часот.
Соба за состаноци
Конференциската сала има капацитет од 50 лица и е  целосно опремена.
Игралиште за деца
За да ги задоволиме нашите мали пријатели, имаме мало игралиште каде можат да запознаат нови пријатели и да играат заедно.
Бесплатен Wi-Fi интернет.
Во секој дел од хотелот гостите можат да користат бесплатен wi-fi.
24 часовна рецепција

 

error: Content is protected !!