СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

ХОТЕЛ ВИП

ХОТЕЛ ВИП

по лице

ВИП Хотел – Берово е основан во 2010 година, изграден во модерен стил и е лоциран до самото езеро, со прекрасен поглед на околните шуми и зелените планини во близина на Берово, Македонија. Фирмата под која го раководи својот бизнис е основана во 1989 година.
Се наоѓа до самото езеро, со прекрасен поглед на околните шуми и зелените планини па доколку сакате да избегате од градската врева, стресното секојдневие, сообраќајниот метеж, и барем за кратко да им се вратите на мирот, спокојството и природата во Македонија, испланирајте викенд на Беровско езеро. Берово е сместено во Малешевијата, на крајниот источен дел на Македонија, на двата брега на реката Брегалница.
Уживајте во локалната гледка од Вашата соба. Модерна декорација, туш кабина и кревет со мека покривка, прекрасната панорама и кристално чистиот воздух, ќе придонесат за Ваш комплетен одмор и релаксација.

Секоја од собите е опремена со модерните удобности како што се следниве:
♦ Крпи ♦ Фен ♦ Кабловски/сателитски ТВ канали ♦Туш кабина и тоалет ♦ 20 инчен или поголем телевизор ♦ Повеќето од собите се со прекрасен балкон или тераса.

Тип на соба Цена
Еднокреветна 1100  МКД
Двокреветна (поглед на планина) 1500  МКД
Двокреветна (поглед на езеро) 1700  МКД
Трокреветна (поглед на езеро) 2060  МКД
Четирикреветна (поглед на езеро) 2400  МКД
error: Content is protected !!