Хотел Милениум Палас
Милениум Палас е хотел со четири ѕвезди кој се наоѓа во југозападниот дел од Македонија, на брегот од прекрасното Охридско Езеро. Со самото тоа што е сместен во Охрид, европскиот Ерусалим, ги комбинира предностите на еден модерен град и на место со богато историско минато и културни вредности. Нуди незаборавен поглед на езерото, стариот град и древната Самоилова тврдина. Од стариот дел на градот Ве дели само кратка, пријатна прошетка покрај езерото.
Сместување: Хотелот располага со вкупно 69 соби – 45 двокреветни, 10 студио (две нивоа / дневен престој и спална соба), 6 делукс соби и8 јуниор апартмани.
Локација: На брегот од прекрасното Охридско Езеро, на само 500м од центарот на Охрид, 10 км од меѓународниот Охридски Аеродром и 3 км од градската автобуска станица.
Пријавување и одјавување од хотелот: Пријавување – после 13 часот, а одјавување до 12 часот.
РЕЗЕРВИРАЈ
НАСКОРО цени за лето 2021!