СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

Хотел Оаз

Хотел Оаз

32евра по лице

Хотелот Оаз располага со отворен базен и приватна плажа. Гостите може да уживаат и во барот покрај базенот. Бесплатен WiFi е достапен во целиот хотел, исто така хотелот има бесплатен сопствен паркинг како и подземна гаража.

Секоја соба во овој хотел е климатизирана и има балкон, ТВ, телефон и мини бар. Одредени соби имаат и простор за седење, во секоја соба има приватна бања со туш кабина.

Хотелот е генерално отворен во текот на целата година за сите видови патници, како летни одмори, патувања за одмор, деловни патници, конференции и состаноци, како и различни видови на настани од родендени до големи свадби.

Центарот на градот Драч и пристаништето е оддалечено само 9 км од хотелот или 10 минути возење, има многу културни како и археолошки места за посета во областа а бесплатни информации за гостите се дадени на рецепција во хотелот.

Тирана, главниот град на Албанија, е оддалечен на само 45 км од хотелот.

За помалку од еден час можете да одите и да ги посетите Круја или Берат, две од најпосетуваните места кои се културно наследство на Албанија.

Термин Тип на соба Ноќевања Услуга Цена
04.07-31.08 Twin/Double 7 BB  €   225.00
04.07-31.09 Twin/Double 7 HB  €   295.00
04.07-31.10 Twin/Double 7 FB  €   355.00
error: Content is protected !!