Хотел Њу Јорк
Хотелот Њу Јорк, вистински фамилијарен хотел во Валона.
Се наоѓа на прекрасната лагуна и има бесконечен поглед кон морето и градот Валона. Поради ориентацијата, гостите уживаат во најспектакуларните зајдисонца.
Сместен во близина на мала приватна плажа со камчиња на Јадранското Море. Овој хотел е оддалечен 4 км од центарот на градот. Се одликува со голем сезонски базен, градина со поглед кон море, детско игралиште и тераса.
Повеќето соби имаат балкон со поглед на море, градина или кон планината Шушица. Исто така собите имаат LCD сателитска ТВ, бесплатен Wi-Fi, сеф, минибар и клима уред.
За добар почеток на денот хотелот нуди појадок со локални специјалитети, како и меѓународни топли и ладни јадења. Хотелот располага и со ресторан за ручек и вечера кој нуди свежа морска храна, пицерија веднаш до базенот како и бар со поглед на море.
Бесплатен Wi-Fi е достапен во целиот хотел. Рецепцијата нуди 24-часовна услуга, а исто така има и продавница за сувенири, сокови и грицки. Хотелот е 3-минути пешачење од локалната автобуска станица и бесплатен сопствен паркинг е на располагање на гостите.
Хотелот Њу Јорк е одлична база за откривање на убавините на јужниот дел на Албанија.
-
Дестинација
Термин | Тип на соба | Ноќевања | Услуга | Цена |
16.07-31.08 | Twin/Double | 7 | BB | € 238.00 |