СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

Јадран 8ми Март 2НП

Јадран 8ми Март 2НП

100евра по лице

СВЕТИ СТЕФАН – БУДВА – ТИВАТ – ХЕРЦЕГ НОВИ – ИГАЛО – КОТОР – ПЕРАСТ


 

Резервирај
4 дена
  • Дестинација
  • Тргнување
    05.03.2021
  • Враќање
    09.03.2021
  • Додатни информации
    2 ноќевања со појадок
1
1 Ден 05Март: СКОПЈЕ – СВЕТИ СТЕФАН
Состанок на групата на паркингот кај СЦ Борис Трајковски во 22.00 часот. Поаѓање за Будва во 22.30 часот.Се патува преку гр.премин Блаце, Приштина, Тирана, Подгорица  со попатни паузи поради одмор и царински формалности. Ноќно возење.
2
2 Ден 06 Март: СВЕТИ СТЕФАН - БУДВА – ТИВАТ
Во утринските часови пристигнуваме на Јадранската обала. Првиот впечаток е со панорамска глетка на монденското острово Свети Стефан. Продолжуваме кон Будва. Прошетка покрај обалата и низ стариот град. Можност за одмор покрај самото море. Патувањето го продолжуваме кон Тиват. Сместување во хотел. Слободно време за омор. прошетки и запознавање со местото, како и користење на содржините на хотелот Можност за прошетка покрај стариот град  и монденското пристаниште  Порто Монтенегро.  )  Вечера *Ноќевање.
3
3 Ден 08 Март: ТИВАТ - КОТОР - ПЕРАСТ
Појадок. Го напуштаме хотелот. Слободен ден. Предлагаме факултатувна  посета кон  КОТОР и ПЕРАСТ со локален водич. Прошетка низ стариот дел на градот Котор , денеска под заштита на Унеско. Град кој е опколен со моќни зидини од времето на Венецијанската окупација во 15 в. Слободно време за индивидуални прошетки. Продолжуваме накај Пераст, најголемиот споменик на Бока Которска, приморско гратче, цело во камен, со барокни палати, цркви и автентични камени куќи. Можност за посета на минијатурното островче крај Пераст со бродче. Островот е вештачки, направен е во 15 век  и е наречен Госпа од Шкрпјела. На островот е изграден храмот посветен на Богородица...  според преданието браќата Моршиќи во Рисанскиот залив на 22 јули ја пронашле сликата на Богородица, па Пераштанци во 1452 година одлучиле на тоа место да изградат православен храм посветен на Богородица. Враќање во Перадст. Слободно време за индивидуални прошетки.  Враќање во хотел. Вечера *. Ноќевање
4
4 Ден 08 Март: ХЕРЦЕГ НОВИ/ ИГАЛО - СКОПЈЕ
Појадок. Предпладне одиме на факултативно посета на  Херцег Нови и Игало , со траект преку Бока Которскиот залив (со локален водич), стар повеќе од 600 год.  Поради многуте сончеви денови го има добиено називот “Град на сонцето“. Град на мимозите и прекрасен стар град со калдрмисани улички, стара тврдина Forte Mare, Kanli kula  (“кравава кула“) од времето на Османлиите, плоштадот  Белависта со црквата на Свети Архангел Михаил, Саат кулата подигната по наредба на Султан Махмуд во 17 в. Низ пролазот на Саат кулата се наоѓа се наоѓа скулптура на Света Марија наречена Црна Богородица бидејки е работена од нагорено дрво. Тука е и тврдината Шпањола, изградена во 16 век од Шпанците а покасно Турците обновиле. Изградена на 170 м.н.в. со прекрасен поглед на Бока Которскиот залив. Продолжуваме накај  Игало, некогаш најелитниот Спа центар. Можност да се посети прочуената Вила ГАЛЕБ на ТИТО, градена 1976г. Се посетуваат просториите во кои Тито со своите соработници ги одржувал состаноците и гледал филмови. Се посетуваат и апартманите на неговите блиски соработници како и неговиот и апартманот на неговата сопруга.  Влезница 3 евра).  Во вечерните часови поаѓаме  кон Скопје. Се патува покрај Будва, Петровец на море, Подгорица, Тирана, Приштина. Ноќно возење.  
5
5 Ден 09 Март: СКОПЈЕ.
Пристигнување во раните утрински часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 6.200 денари ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
  • - Високо туристички автобус  на наведената релација, со авионски седишта и појаси
  • - Сместување на база  2 ноќевања со појадок во хотел
PALMON BAY RESORT & SPA 4    https://www.palmonbayspa.com/  
  • - Користење на  Спа центарот во хотелот
  • - Посета и прошетка низ Будва,Тиват, Котор
  • - Организација на аранжманот и туристички пратител на групата од агенција
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
  • * Доплата за ПОЛУПАНСИОН ( 2 вечери ): 750 ден, наша препорака.      Резервација и уплата во агенција.
  • - Доплата за еднокреветна соба   2100 ден
  • - Задолжително патничко и здравствено осигурување 175 ден.
  • - Влезници за културно историските споменици
  • - Целодневен излет Херцег Нови/Игало со локален водич, автобус, траект  15 евра
  • - Посета на Котор и Пераст  со локален водич, автобус: 15 евра
  • - Туристичка такса 250 ден, се плаќа во агенција
 
* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 25 патници. * Плаќањето се врши исклучиво според денарската цена * За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање * Останатите услови на патување важат според годишниот програм на ИНТЕРНАЦИОНАЛ АНА ТУРС  
error: Content is protected !!