СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

Ноември во САРАЈЕВО

Ноември во САРАЈЕВО

95евра 79евра по лице

Градот кој претставува невидлива граница помеѓу Истокот и Западот.  Градот каде се испреплетуваат богатата историја на верска и културна разновидност, Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа или „Ерусалим на Балканот. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православна црква, католичка црква и џамија во иста населба.

Градот на кујунџилак и на Баш чаршија која ве плени со нивната убавина и амбиент. Градот на севдахот, традицијата, културата и бурната историја на овие Балканските простори.

04.11.2021 – прв термин

18.11.2021 – втор термин

  • Збирно место
    Комплекс Безистен
  • Тргнување
    04.11.2021 и 18.11.2021 во 18:00 часот
  • Враќање
    07.11.2021 и 21.11.2021 во вечерните часови
1
Ден 1. 04.11.2021; 18.11.2021 БИТОЛА – ПРИЛЕП – ВЕЛЕС – СКОПЈЕ – САРАЕВО
Состанок на групата пред деловните простори на агенција и заминување во 18:30 часот. Заминување кон Босна и Херцеговина. Патот води преку Србија. Ноќно возење со попатни одмори и царински формалности.
2
Ден 2. 05.11.2021; 19.11.2021 САРАЕВО
Пристигнување во Сараево во утринските часови.  Состанок со локалниот водич и  разглед на градот кој се смета за крстопатот помеѓу истокот и западот : градската општина, Башчаршија, Којунџилук, посета на најстарата православна црква во Сараево, Катедралата, посета на Латинскиот Мост (каде што бил извршен атентатот врз Франц Фердинанд кој довел до избувнувањето на Првата светска војна), Величествената Газихусбергова џамија. Слободно време за индивидуални прошетки низ Сараево. Сместување во хотел.  Ноќевање.
3
Ден 3. 06.11.2021; 20.11.2021 САРАЈЕВО – МОСТАР - МЕЃУГОРЈЕ - САРАЈЕВО
Појадок. После појадокот, заминување за Мостар (факултативно). Патувањето води низ Јабланица местото каде се одиграла една од најголемите битки  (Битката на Неретва и срушениот мост).  Посета на музејот посветен на битката на Неретва. Продолжување кон Мостар. Разглед на градот и неговите историски знаменитости – стариот мост, чаршијата, факултативна закуска босански бурек – специјалитет на градот. Слободно време за индивидуални активности. Заминување кон Меѓугорје, местото каде Пресвета Богородица им се појави на децата и денес се смета за едно од најголемите Светилишта на Балканот. Враќање во Сарајево. Ноќевање.
4
Ден 4. 07.11.2021; 21.11.2021 САРАЈЕВО – ВИШЕГРАД – СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – ПРИЛЕП – БИТОЛА
Појадок. После појадокот, факултативна посета на ,,ТУНЕЛОТ НА СПАСОТ,, едно од најзначајните места за време на граѓанската војна. ( Разглед со локален водич и гледање на неколку минутно видео). Посета на Врело Босне, едно од најпознатите места на природна убавина кој се состои од повеќе мали островчиња поврзани со мостови преку бројните мали потоци. Заминување за Вишеград. Разглед на мостот на Дрина. Посета на Дрен Град. Патувањето продолжува  кон Скопје и Битола. Пристигнување во доцните вечерни часови.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Автобуски превоз со високо туристички автобус (A/C;TV;DVD;CD)
  • Сместување во хотел со 3* или 4* на  база 2 НП (ноќевање со појадок)
  • Разглед на Сараево
  • Организација и водство на програмата со лиценциран придружник
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
  • Факултативните посети
  • Факултативна посета на Мостар и Меѓугорје – 25 €
  • Влезници за музеите и културно историските споменици
НАПОМЕНА:
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
  • Цената е изразена во €, плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност 1 € = 62 ден.
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А. "АНА TУРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ" Битола и СКТМ
  • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот. ВАЖНА НАПОМЕНА: Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување е потребен брз тест, доказ за прележан вирус или целосна вакцинација. Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
  • Патниците кои имаат за цел да посетат одредени институции, ги советуваме преку интернет да се информираат за работното време и дали е потребна резервација за термин.
  • Од моментот на пријавувањето, се создаваат административни трошоци на организаторот на патувањето, хотел, автобуски превоз и слично, па откажување на патувањето повлекува и надокнада за тие трошоци, кои се точно прецизирани со датуми по табели во Општите услови за патување.
  • Се предупредуваат патниците дека поради почитување на часовите предвидени во програмата за патување, не постои можност за задржување на граница поради регулирање на повраток на средства од TAX FREE.
  • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
  • ВАЖНО: Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на земјата на посета.
  • Патниците кои не се државјани на Македонија се обврзани самите да се запознаат со визниот режим на земјата во која патуваат и преку земјите кои се поминуваат при патувањето.
  • Патникот е обврзан при пријавувањето во агенцијата да го пријави своето име, презиме, датум на раѓање онака како што е напишано во пасошот. Погрешно пријавени податоци ќе бидат внесени во ваучерот за хотелот и другите документи за патувањето кои можат да создадат проблем кај граничните и хотелски служби.
  • Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. Агенцијата не сносува одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
  • Ги замолуваме патниците да достават копија од пасошот при резервација на аранжманот и телефонски број.
  • Пограничните служби при пасошката контрола можно е да побараат од некои патници да покажат парични средства (картички или готовина), како и меѓународно патничко осигурување.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата. Секој хотел има ресторан. Секоја соба има тоалет и туш. Описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сносува одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
  • Должината на слободното време за индивидуални активности за време на програмата зависи од објективните околности.
  • За сите информации дадени по усмен пат, агенцијата не сносува одговорност. Потписниците на договорот за патување се должни да ги информираат нивните сопатници со програмата, условите на плаќање и Општите услови на патување на СКТМ. Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
  • Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
  • Поради светската економска криза можно е да дојде до опаѓање на квалитетот на сервисот во хотелската услуга, на што агенцијата организатор нема влијание. Агенцијата не учествува во организацијата на слободното време на патниците на местото, и нема влијание за реализацијата на факултативните излети кои се во организација на тур операторот во државата.
  • Ценовникот е направен според локалната категоризација и класификација на хотелот на земјата која се посетува.
  • Доколку дојде до одредена штета или непредвидени трошоци поради непочитување на упаствата и напомените, организаторот на патувањето не сносува одговорност, туку целокупниот износ на штетата ги сносува патникот.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
  • ВАЖНО: Малолетните деца кои патуваат без еден родител потребно е да имаат согласност од вториот родител за поминување на граница или ако патуваат без родителите, мора да има заверена согласнот од двата родитела и да се во придружба на пратител при преминувањето на границата.
  • Во случај да дојде до промена на монетарниот пазар или недоволен број на пријавени патници, агенцијата го задржува правото да ја коригира цената и да направи промена во програмата, како и да ја спои турата со друга агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото преку акција или last minute понуда да ги продаде слободните капацитети по друга цена од претходната.
  • Странките кои го уплатиле аранжманот по претходната цена немаат право да побараат надокнада поради промената.
  • Организатор на патувањето е туристичката агенција Ана Турс Интернационал со лиценца А издадена од Министерство за економија на РСМ.
  • Аранжманот е правен врз база на 40 патници и доколку има недоволен број на пријавени, агенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.
error: Content is protected !!