СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

8ми Март во Албанија

8ми Март во Албанија

89евра 79евра по лице

Автобус 2 дена/ 1 полупансион

2 дена
  • Дестинација
  • Збирно место
    пред деловните простории на агенцијата
  • Тргнување
    06.03.2021
  • Враќање
    07.03.2021
1
Ден 1.БИТОЛА – РЕСЕН – ОХРИД – ТИРАНА – КРУЈА - ДРАЧ 06.03.2021
Состанок на групата во 05.00 часот пред деловните простории на агенцијата. Замнинување кон граничниот премин Ќафасан. Гранични формалности. Патување со попатни одмори до Тирана. Пристигнување во Тирана. Разглед на овој прекрасен град кој е основан во почетокот на 17 век, а главен град на Албанија станува тек после 1920 година. Разглед на сите позначајни културно-историски споменици како што се Плоштадот Скендербег,Операта,Националната библиотека и најпознатата и најстара џамија во Албанија – Етем Беј,  Кулата со часовникот, Парламентот како и посета на Националниот музеј. Заминување за посета на Круја и родното место на Ѓоргија Кастриот – Скендербег. Посета на тврдината и музејот. Заминување кон Драч за факултативна посета на фабриката за производство на познатиот коњак Скендербег (дегустација - и можност за купување на оригинален коњак). Сместување во хотел. Слободно време. Вечера. Ноќевање.
2
Ден 3.ДРАЧ – АРДЕНИКА – АПОЛОНИЈА – ОХРИД – РЕСЕН - БИТОЛА 07.03.2021
Појадок. По појадокот факултативна посета на Аполонија, една од најпознатите археолошки места во земјата и неодамна национален археолошки парк. По пат застануваме да го посетиме православниот манастир Арденика  ко е е посветен на Рождество на Пресвета Богородица, које е изграден од византискиот Император Андроник II  Палеолог во 1282 година во чест на победата Вијантија над Кралството Сицилија во битката кај Берат.  Интересно е и тоа што тука во овај манастир на 21 Јули 1451 година Скендербег се венчал со Доника Кастриоти. Патувањето продолжува кон  Аполонија град кој бил формиран во 600 год пне. ќе го посетиме Одеонот и дворот на манастирот каде што има црква од византиски стил за кој се верува дека е изградена во 14 век. Овде можете да видите некои споменици како Encидот што го опкружува, Булетерионот, Куќата на мозаиците и Нимфајум – споменикот на нимфите. Заминување кон Тирана и посета на ТЕГ – шопинг центарот. Продолжување кон Македонија. Гранични формалности. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: = 89 € За уплата до 20.02.2021 = 79 €   Во цената на аранжманот Е вклучено:
  • Автобуски превоз на дадената релација според програмата
  • 1 полупансиони во хотел со 4* (појадок / вечера)
  • Разглед на Тирана
  • Разглед на Круја
  • Користење на велнес центарот на хотелот
  • Организација, водство и реализација на аранжманот
  • Водич - пратител за цело време на патувањето од страна на Ана Турс Инт - Битола
      Во цената на аранжманот НЕ Е  вклучено:
  • Задолжително патничко – здраствено осигурување
  • Влезниците при посета на културно-историските споменици и рекреативни атракции
  • Факултативна посета на фабриката за коњак ( 10 €)
  • Факултативна целодневна посета на Манастирот Арденика и Аполонија ( 25 €)
   
  • Може да се патува и со лична карта. НЕ Е ПОТРЕБЕН ПЦР ТЕСТ.
 
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
    ТРАНСФЕР :  
  • ТРАНСФЕР на патници од Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово доплата 10 €
    НАПОМЕНА:
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Т.А.,,АНА ТУРС,, го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 30 патници
  • Цената е изразена во евра а плаќање исклучиво во денари 1 €= 62,оо денари.
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТ,, - Битола и СКТМ
error: Content is protected !!