СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

8ми Март во Албанија

8ми Март во Албанија

129евра 119евра по лице

Автобус 3 дена/ 2 полупансиони

________________________________________________________________________________

Резервирај

 

 

  • Дестинација
  • Збирно место
    пред деловните простории на агенцијата
  • Тргнување
    05.03.2021
  • Враќање
    08.03.2021
1
Ден 1.БИТОЛА – РЕСЕН – ОХРИД – ТИРАНА – ГОЛЕМ 05.03.2021
Состанок на групата во 23.00 часот пред деловните простории на агенцијата. Замнинување кон граничниот премин Ќафасан. Гранични формалности. Патување со попатни одмори до Тирана.
2
Ден 2. ТИРАНА - ГОЛЕМ 06.03.2021
Пристигнување во утринските часови во Тирана. Разглед на овој прекрасен град које основан во почетокот на 17 век, а главен град на Албанија станува тек после 1920 година. Разглед на сите позначајни културно-историски споменици како што се Плоштадот Скендербег, Операта, Националната библиотека и најпознатата и најстара џамија во Албанија – Етем Беј,  Кулата со часовникот, Парламентот како и посета на Националниот музеј. Заминување кон Голем и сместување во хотел. Слободно време за уживање во понудата на велнес центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.  
3
Ден 3.ГОЛЕМ 07.03.2021
Појадок. Слободно време за уживање во велнес центарот во хотел и лични активности.  Можност за факултативна посета на Круја и родното место на Ѓоргија Кастриот – Скендербег. Посета на тврдината и музејот. Слободно време. Враќање во хотелот. Вечера.  Ноќевање.  
4
Ден 4. ГОЛЕМ – ТИРАНА ТЕГ – ОХРИД- БИТОЛА 08.03.2021
Појадок. После појадокот слободно време за одмор и релаксација во велнес центарот. Напуштање на хотелот и заминување кон Тирана и посета на ТЕГ – шопинг центарот. Продолжување кон Македонија. Гранични формалности. Пристигнување во Битола во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  129 € За уплата до 15.02.2021 = 119 €   Во цената на аранжманот Е вклучено:
  • Автобуски превоз на дадената релација според програмата
  • 2 полупансиони во хотел со 5* (појадок / вечера) во соби со поглед на море
  • Разглед на Тирана
  • Користење на велнес - спа центарот на хотелот: Indoor Pool, Jacuzzi, Hammam, Sauna, Steam Room, Salt Relax Room, Emotional Shower, Scottish shower, Ice shower
  • Организација, водство и реализација на аранжманот
  • Водич - пратител за цело време на патувањето од страна на Ана Турс Инт - Битола
  Во цената на аранжманот НЕ Е  вклучено:
  • Задолжително патничко – здраствено осигурување
  • Влезниците при посета на културно-историските споменици и рекреативни атракции
  • Факултативна посета на Круја со вклучена влезница 15 €
  • Може да се патува и со лична карта. НЕ Е ПОТРЕБЕН ПЦР ТЕСТ.
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
    ТРАНСФЕР :  
  • БЕСПЛАТЕН ТРАНСФЕР на патници од Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово,
    НАПОМЕНА:
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Т.А.,,АНА ТУРС,, го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 30 патници
  • Цената е изразена во евра а плаќање исклучиво во денари 1 €= 62,оо денари.
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТ,, - Битола и СКТМ
error: Content is protected !!