СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

23 – ти ОКТОМВРИ во САРАЕВО

23 – ти ОКТОМВРИ во САРАЕВО

89евра по лице

Градот кој претставува невидлива граница помеѓу Истокот и Западот.  Градот каде се испреплетуваат богатата историја на верска и културна разновидност, Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа или „Ерусалим на Балканот. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православна црква, католичка црква и џамија во иста населба.

Градот на кујунџилак и на Баш чаршија која ве плени со нивната убавина и амбиент. Градот на севдахот, традицијата, културата и бурната историја на овие Балканските простори.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Автобуски превоз со високо туристички автобус (A/C;TV;DVD;CD)
  • Сместување во хотел со 3* или 4* на  база 2 НП (ноќевање со појадок)
  • Разглед на Сараево
  • Организација и водство на програмата со лиценциран придружник

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Факултативните посети
  • Факултативна посета на Мостар – 15 €
  • Влезници за музеите и културно историските споменици

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 40 патници
  • Цената е изразена во €, плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност 1 € = 62 ден.
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А. “АНА TУРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ” Битола и СКТМ
4 дена
  • Збирно место
    Комплекс Безистен
  • Тргнување
    06.12.2019; 18:30 часот
  • Враќање
    09.12.2019; во вечерните часови
1
22.10..2020 БИТОЛА – ПРИЛЕП – ВЕЛЕС – СКОПЈЕ – САРАЕВО
Состанок на групата пред деловните простори на агенција и заминување во 18:30 часот. Заминување кон Босна и Херцеговина. Патот води преку Србија. Ноќно возење со попатни одмори и царински формалности.
2
23.10..2020 САРАЕВО
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Сместување во хотел. Во попладневните часови панорамски разглед на градот со водич: градската општина, Башчаршија, Којунџилук, посета на најстарата православна црква во Сараево, Катедралата, посета на Латинскиот Мост (каде што бил извршен атентатот врз Франц Фердинанд кој довел до избувнувањето на Првата светска војна), Величествената Газихусбергова џамија. Слободно време за индивидуални прошетки низ Сараево. Враќање во хотел. Ноќевање.
3
24.10.2020 САРАЈЕВО – МОСТАР - МЕЃУГОРЈЕ
Појадок. Посета на ,,ТУНЕЛОТ НА СПАСОТ,, едно од најзначајните места за време на граѓанската војна. ( Разглед со локален водич и гледање на неколку минутно видео). Заминување за Мостар (факултативно). Патувањето води низ Јабланица местото каде се одиграла една од најголемите битки ( Битката на Неретва и срушениот мост). Посета на музејот посветен на битката на Неретва. Продолжување кон Мостар. Разглед на градот и неговите историски знаменитости – стариот мост, чаршијата, факултативна закуска босански бурек – специјалитет на градот. Слободно време за индивидуални активности. Продолжување кон Меѓугорје. Во пладневните часови заминување кон Меѓугорје, местото каде Пресвета Богородица им се појави на децата и денес се смета за едно од најголемите Светилишта на Балканот. Ноќевање.
4
25.10.2020 САРАЈЕВО – БЕЛГРАД – СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – ПРИЛЕП – БИТОЛА
Појадок. После појадокот, заминување за Белград. Слободно време за прошетка и разглед на Белград. По договор, упатување кон Скопје и Битола.
error: Content is protected !!