СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

8-ми МАРТ низ ХРВАТСКА и СРБИЈА

8-ми МАРТ низ ХРВАТСКА и СРБИЈА

по лице

5 дена / 3 ноќевања

Ден 1. БИТОЛА  БЕЛГРАД – ЗАГРЕБ       06.03.2019

Состанок на групата во 17.00 часот пред Безистенот. Заминување кон Прилеп, Скопје и граничниот премин Табановце. Гранични формалности. Патување со попатни одмори и гранични формалности преку Србија до Хрватска.

Ден 2ЗАГРЕБ   07.03.2019

Пристигнување во Загреб во предпладневните часови. Потоа заминување за разглед на најзначајните културно – историски знаменитости на Загреб: Музејот на уметноста, Хрватско народно казалиште… Во горниот град: Капитол, Катедралата со Надбискупскиот двор од 13-век, Градец, Камените порти, плоштадот и црквата Св. Марко, Парламентот, Банските двори, кулата Лотршчак, во центарот на градот улицата Илица, цветниот плоштад, црквата Св. Преображение и Плоштадот на Банот Јосип Јелачиќ, Хрватското собрание, Стосмајерово шеталиште, Жичарницата и др. По разгледот на градот, сместување во хотел. Ноќевање.

Ден 3ЗАГРЕБ  ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА – ЗАГРЕБ      08.03.2019

ПојадокПо појадокот заминување кон Плитвички Езера. Разглед на еден од најубавите национални паркови на Балканот каде 16 скалесто наредени езера ќе ве пленат со нивната убавина и големиот број на слапови и водопади. Неколку часови ќе можите да уживате во убавините на Плитвичките езера. Пауза за ручек. Враќање кон Загреб. Слободно попладне за уживање низ прекрасниот Загреб. Ноќевање.

Ден 4. ЗАГРЕБ – БЕЛГРАД          09.03.2019

Појадок. После појадокот заминување кон Белград. Патување со попатни одмори. Гранични формалности. Пристигнување во Белград. Сместување во хотел. Во вечерните часови прошетка до Кнез Михајлова и посета на едно од најпосетените места во Белград – Скадарлија.  Ноќевање.

Ден 5БЕЛГРАД  СКОПЈЕ  БИТОЛА      10.03.2019

Појадок. После појадокот, заминување за разглед на овој прекрасен град распространет на бреговите на Дунав и Сава. Разгледување на сите позначајни културно-историски споменици како што се Скупштината, Кнез Михајлова, Белградската тврдина, Калимегдан, Плоштадот на Републиката, Гробот на поранешниот Претседател на Југославија Јосип Броз Тито – Куќата на цвеќето, Теразије и најголемата црква на Балканот Св. Сава. Слободно време за шопинг. Заминување кон Македонија. Гранични формалности. Патување со попатни одмори и гранични формалности. Пристигнување во Битола во вечерните  часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  179 €

за УПЛАТА до 31 Јануар 19  

ЕКСТРА ПОПУСТ  = 165 €

Во цената на аранжманот Е вклучено:

  • Автобуски превоз на со високо туристички автобус опремен со клима уред, ТВ, ДВД,
  • Сместување во хотел со 3 * на база ( 2 ноќевање /појадокво Загреб
  • Сместување во хотел со 3 * на база ( 1 ноќевање /појадокво Белград
  • Посета и разглед на Загреб со локален водич
  • Посета  и разглед на Белград со локален водич
  • Организација и водство на патувањето
  • Пратител – водич за цело време на патувањето од страна на агенцијата

Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:

  • Влезници за посета на културно – историските споменици
  • Влезница за посета на Плитвички Езера  30 €
  • Останати факултативни посети по програмата

НАПОМЕНА:

  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 35 патници
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А. “АНА ТУРС ИНТ” – Битола
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотелското сместување во зависност од тоа каде има слободни капацитети за сместување
  • Вклучено
    8-ми МАРТ низ ХРВАТСКА и СРБИЈА
1

TOUR LOCATION

НАПИШИ КОМЕНТАР

Accomodation
Destination
Meals
Overall
Transport
Value For Money

error: Content is protected !!