СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

Idyllic Aegean – 3 ноќи ALL- Celestyal Crystal

Idyllic Aegean – 3 ноќи ALL- Celestyal Crystal

399евра 385евра по лице

ALL INCLUSIVE КРСТАРЕЊЕ ПО ГРЧКИТЕ ОСТРОВИ


LAVRION ( ATINA ) – MYKONOS – MILOS – AGIOS NIKOLAOS (
KRIT )- PIREA – ATINA

Ве водиме на незаборавно доживување после длго време каде ќе можите да им се пропуштите на убавините и сетилата и да уживате во Егејот и прекрасните острови Миконос, Милос, Крит и разгледот на древната Атина

 

  • Дестинација
  • Збирно место
    Битола
  • Тргнување
    06.07.2021, 13.07.2021, 20.07.2021 и 27.07.2021
  • Враќање
    10.07.2021, 17.07.2021, 24.07.2021 и 31.07.2021
  • Додатни информации
    Атина - Лаврион - Миконос - Милос - Агиос Николас - Атина
1
Ден 1.БИТОЛА – ПРИЛЕП – ВЕЛЕС - СКОПЈЕ - АТИНА 06 ЈУЛИ / 13 ЈУЛИ / 20 ЈУЛИ / 27 ЈУЛИ
Состанок на групата во 21.00 часот пред Безистенот.( За патниците од Скопје, Велес, Штип – организиран трансфер).  Замнинување кон граничниот премин Евзони. Патување до Атина и пристаништето Лаврион во близина на Атина со попатни царински формалности и паузи.
2
Ден 2. ЛАВРИОН – МИКОНОС - МИЛОС 07 ЈУЛИ / 14 ЈУЛИ / 21 ЈУЛИ / 28 ЈУЛИ
По пристигнувањето во Лаврион  и  пријавување  и формалности за качување на крузерот. Ќе уживаме во раскошот и убавината на бродот “Celestial Crystal”. Сместување во кабините и  потоа  качувајчи се на палубата ќе имате незаборавно доживување на напуштањето на пристаништето и на уживањето на незаборвната гледка на Лаврион. Заминување во 13 часот и започнува вашето незаборавно доживување и пловиме кон еден од најмондемските острови  МИКОНОС. Дел од групата на Кикладските острови. Патуваме покрај Тинос, Сирос, Парос и Наксос. Додека пловиме Вие можите да се препуштите на уживањето на услугите во бродот и неговите голем број на содржини и забава. Можност да уживате во базенот, фитнесот, сауните, џакузите, спа центарот како и јога часовите и забавите. Ќе имате можност да ги почуствувате и големиот избор и вкусни медитерански јадење а воедно и во пијалоците и мирисот на морето и прекрасните зајдисонце и убавина на Егејот и Медитеранот. Пристигнуваме на Миконос околу 18 часот. Трансфер до овој мондемски прекрасен остров кој е сон на секој еден да го посети и почуствува неговиот шарм и убавина. Можност да сами или групно ги истражувате неговите најбави места и почуствувате магијата на ноќниот живот на Миконос. Се враќаме на бродот.  Во 02.30 ч.  бродот го напушта пристаништето на Миконос и го продолжува своето патување – крстарење кон островот МИЛОС.
3
Ден 3.МИЛОС 08 ЈУЛИ / 15 ЈУЛИ / 22 ЈУЛИ / 29 ЈУЛИ
Во утринските часови околу 08.00 часот бродот пристигнува на вулканскиот остров МИЛОС. Попознат како “островот на боите”  на Кикладите. Интересен и преопзнатлив по своите вулкански облици, шаренилото на боите на копното и морето ќе ве остави воодушевени од самата убавина. Тука на самиот остров во 1820 година е пронајдена статуата на Венера “ Venus de Milo” која денес се наоѓа во музејот Лувр во Париз. За да ви ја доловиме убавината  на островот ќе пробаме да ви ја прикажеме со полудневна екскурзија “Чудата на Милос” која е гратис. Полудневна екскурзија “ЧУДАТА НА МИЛОС” По краткото возење пристигнуваме до Саракинико, влез кој е извајан од вулкански ерупции од чист бел камен. Ова прекрасно место можда претставува едно од најпознатите светски најфоотографирани места а и едно о многу геолошки чуда на овој остров. Слугувајќи надолу до една уникатна плажа за да направите неколку фотографии. Турата продолжува со возењето по едно доживување низ драматичното крајбрежје на островот до Папафранга, кластер на длабоки засеци на морето и морски пештери обликувани од вулканската активност на овој остров, а уживајќи во погледот кон тиркизните води. Потоа патувањето продолжува до ПЛАКА, место кое го одбележуваат куќите од бели камења и цвеќиња кои се типичен дел од културата, традицијата на сите острови на Кикладите. Прошетка низ Плака и повторно уживање во тиркизните бои на морето од височина на околу 250 метри. Многу блиску до Плака се наоѓа селото Трипити каде се наоѓаат урнатините на античкиот Милос како и римскиот амфитеатар и агората. Амфитеатарот е целосно реставриран во 2015 година но и ден денес постојат седумте недопрени и непроменати редови на седишта нудејќи вчудоневидувачки поглед кон заливот. Одиме да го посетиме и местото каде беше пронајдена статуата на Венера од Милос.  Враќање на бродот. Околу 18 часот бродот отпловува кон АГИОС НИКОЛАОС на островот КРИТ. Додека тој плови вие имате можност да уживате во содржините на бродот забава, храна пијалоци и др.
4
Ден 4. АГИОС НИКОЛАОС 09 ЈУЛИ / 16 ЈУЛИ / 23 ЈУЛИ / 30 ЈУЛИ
Околу 08.00 часот бродот пристигнува во пристаништето на Агиос Николаос на островот КРИТ. Со цел да доловиме  дел од  магијата на овој  остров ве водиме на ПОЛУДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА. Претставувањето на Крит ќе го започниме со Елунда и над неа  екскурзија која е вклучена во цената на аранжманот. Од Агиос Николаос се возиме до Елунда едно од познатите одморалишта лоцирано во прекрасниот залив Елунда. Големиот број на хотели се така изградени и дизајнирани да го надополнуваат целиот амбиент на областа, тиркизното море и самиот остров. Елунда е светски позната по прекрасните плажи и бистрите води на морето кое е магнет за огромниот број на туристи секоја година.  Го вртиме нашиот поглед кон она што некогаш кога тука владееле Венцијанците бил бастион за одбрана на островот а тоа е тврдината Спиналонга. Продолжуваме кон КРИТСА.  Од тука ќе можиме да уживаме во заливот Елунда како и Мирабело а потоа ќе се имате можност да прошетате по малите интерсни улички на ова традиционално село а и можност да понесите некој сувенир за успомен. Селото е познато по традицијата на локалните жители за прекрасно декорини куќички со цвеќиња низ дворовите и терасите. Се враќаме во Агиос Николаос кој  во светот е познат како “Sen Trope”  на Крит, прекрасно место со голем број на кафе барови и ресторани каде имате можност да вкусите некој традиционале специјалитет. ЕДо од најпознатите одбележја на градот е секако малото езерце во центарот на градот кое е во подножјето на една карпа “ Voulismeni”  каде според легендата се капела и Божицата Атина. Продолжуваме со посетата на Археоложкиот музеј и Катедралата кои се наоѓаат на Плоштадот Венизелу. Враќање на бродот  и повторно можност за уживање на понудата и содржините на бродот. Во 17.00 часот бродот пополека го напушта пристаништето на Агиос Николаос и се упатува кон Пиреа, главното и најголемо пристаниште во Грција. Ноќна пловидба кон Атина. Уживање во забавата, храната и пијалоците на бродот.
5
Ден 5. ПИРЕЈА – АТИНА - СКОПЈЕ – ВЕЛЕС – ПРИЛЕП – БИТОЛА 10 ЈУЛИ /17ЈУЛИ/ 24 ЈУЛИ/31 ЈУЛИ
Пристигнување во Атина во раните утрински  часови околу 07.00 часот. Напуштање на бродот и качување во автобус каде се упатуваме кон центарот на Атина. Заедно со локален водич ќе можиме да ја истражуваме оваа древна прстолнина на  демократијата и да се запознаеме со најзначајните културно историски споменици. Започнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич како што се плоштадите Омониа и Синтагма, Парламентот со затанување на кратко за фотографии да го видиме гробот на незнајниот јунак и Евзоните кои се национална гарда на Грција и ритуалот на менување на стражата, Античкиот стадион каде се одржани првите возобновени Олимписки игри, Адриановата Порта. Потоа ќе се искачиме да го видиме еден од најпознатите и најмаркантни спомени на Атина и Грција познатиот Акропол. Потоа ќе одиме на прошетка низ стариот дел на Атина познат како Плака, каде низ тесните улички ќе имате можност да уживате во шопингот низ големиот број на продавници за сувенири,злато, накит и др или пак да одморите во некој од големиот број на ресторани и кафетерии уживајќи во вкусните специјалитети или во кафе и пијалок. Во договореното време заминуваме кон Македонија. Патување со попатни одмори и гранични формалности.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  399 €   Во цената на аранжманот Е вклучено:
  • Автобуски превоз Битола – Лаврион – Пиреја – Атина - Битола
  • Сместување во внатрешни кабини на база ALL INCLUSIVE
  • Неограничена консумација на алкохолни и безалкохолни пијалоци
  • Пристанишни такси во износ од 129 € се вклучени во цената
  • Бакшиш (tips) за персоналот се вклучени во цената
  • Забави, анимации и други услуги на бродот
  • Превоз до Миконос
  • Полудневна екскурзија на островот Милос “ Wonders of Milos”
  • Полудневна екскурзија на островот Криt “Elounda and Beyond”
  • Разглед на Атина со локален водич
  • Организација, водство и реализација на аранжманот
  • Водич - пратител за цело време на патувањето од страна на Ана Турс Инт - Битола
    Во цената на аранжманот НЕ Е  вклучено:
  • Патничко – здраствено осигурување со вклучено Ковид
  • Влезниците при посета на културно-историските споменици и рекреативни атракции
  • Услуги во салоните за убавини и спа центар
  • Интернет
  • Медицински услуги
  • Дополнителни екскурзии во местата на посета организирани од страна на бродот
  • Други НЕСПОМЕНАТИ УСЛУГИ
   
  • ЗА ПАТУВАЊЕТО Е ПОТРЕБЕН ПЦР ТЕСТ КОЈ МОЖИ ДА СЕ ОРГАНИЗИРА ПРЕКУ АГЕНЦИЈАТА СО ПОВОЛНИ УСЛОВИ
  ДОПЛАТИ: За користење на надворешни кабини или кабини со балкон се доплаќа:
  • Cat/XA :    39 €     надорешна кабина со   окно.
  • Cat/XB : 55 € надворешна кабина со прозорец.
  • Cat/XC : 63 € надворешна кабина со прозорец.
  • Cat/SBJ : 296 €   Апартман со балкон
  ПОПУСТИ:
  • 3 и 4 возрасно лице ( над 11,99 години )во внатрешна кабина добива попуст од  48 €
  • Деца (од 2 до 11,99год.)во внатрешна кабина со 2 родители плаќа минус 104 €.
  • Инфанти (од 3 месеци до 2 години ) во внатрешна кабина плаќаат минус 104 €
  ОПИС НА КАБИНИТЕ:
  • XA – Надворешни кабини – со окно
Надворешни кабини  на палубата 2 (~ 12 квадратни метри) можат да соберат до 4 лица, со 2 долни кревети, 3/4 лежај, бања со туш, клима уред, телефон, фен за коса, сеф ТВ и окно.
  • XB – Надворешни  кабини
Надворешни кабини сместени  на палубата 3, 5 и 6 (~ 11 м2) можат да соберат до 2 лица, со 2 долни кревети, бања со туш, клима уред, телефон, фен за коса,сеф, ТВ и прозорец.
  • XBO – Надворешни кабини 
Надворешни  кабини  со попречен поглед на палубата 6 (~ 13 квадратни метри) можат да соберат до 4 лица, со 2 долни кревети, 3/4 лежај, бања со туш, клима уред, телефон, фен, сеф, телевизор и прозорец (попречен поглед). Како по правило, во нашите простории има единечни кревети кои можат да се соберат заедно за да формираат еден голем кревет, по барање.
  • XC – надворешни  кабини
Надворешни кабини на палубата 3 и 4 (~ 14 квадратни метри) можат да соберат до 3 – 4 лица со 2 долни кревети, 3/4 кревет на кревет и софа кревет, бања со туш, климатизација, телефон, фен за коса, сеф, ТВ и прозорец.
  • XD – Надворешни  кабини 
Надворешните кабини на палубите 6 и 7 (15-16 кв.м.) можат да соберат до 4 лица, со 2 ниски кревети, 3/4 кревет на кревет, софа кревет, бања со туш, клима, телефон, фен, сеф, ТВ и прозорец. (Како по правило, нашите кабини имаат единечни кревети кои можат да се спојат заедно за да формираат голем кревет на барање.
  • SBJ Балконски  апартмани 
на палуба 6 и палуба 7 (15-16 квадратни метри) можат да соберат до 3 лица, со 2 пониски кревети и 1 софа кревет, бања со туш, клима уред, телефон, фен, сеф, ТВ, ладилник мини бар и балкон.
  • S – апартмани 
Балконски апартмани на палубата 6 (25 и 34 квадратни метри) можат да соберат до 3 лица, со 2 пониски кревети и 1 софа кревет, бања со туш, клима уред, телефон, фен, сеф, ТВ, мини-бар , фрижидер и 2 прозорци .
  • SB – Балконски апартмани
Лоцирани на палубата 7 (~ 36 квадратни метри) можат да соберат до 3 лица, со 2 долни кревети и 1 софа кревет, бања со туш, клима уред, телефон, фен, сеф, ТВ, мини-бар во фрижидер и балкон.
  • Гранд апартмани 
Лоцирани на палубата 6, надвор од просторијата (~ 43 м2), можат да соберат до 3 лица, со 2 долни кревети и 1 софа кревет, бања со када и туш, клима уред, телефон, фен за коса, сеф, ТВ, мини бар во фрижидер и голем балкон со приватна бања со џакузи.Гранд апартмани на палубата 6, надвор од просторијата (~ 43 м2), можат да соберат до 3 лица, со 2 долни кревети и 1 софа кревет, бања со када и туш, клима уред, телефон, фен за коса, сеф, ТВ, мини бар во фрижидер и голем балкон со приватна бања со џакузи.Гранд апартмани на палубата 6, надвор од просторијата (~ 43 м2), можат да соберат до 3 лица, со 2 долни кревети и 1 софа кревет, бања со када и туш, клима уред, телефон, фен за коса, сеф, ТВ, мини бар во фрижидер и голем балкон со приватна бања со џакузи.   Нашите кабини и апартмани  се управувани од личен стјуард и помошник стјуард за да се осигури дека имате се што ви треба кога ви треба. Дневна програма се доставува до вашата соба. Нашата практична услуга за перење ви овозможува лесно да патувате. Ние исто така имаме посветен тим за домаќинство што посетува двапати на ден за да се осигура дека вашата соба е свежа и пријатна.  
  • НЕОГРАНИЧЕНО КОНЗУМИРАЊЕ НА ПИЈАЛОЦИ (by the glass)
Газирана и негазирана вода Газирен сок: Кока Кола, Спрајт… Ice Tea, Сок (свежо исцеден сок од портокал се нуди со додадена цена) Неалкохолни коктели: широк спектар на безалкохолни коктели Кафе: Кул и егзотични кафиња, вклучително и Еспресо Фреддо, Капучино Фредо, Фрепе, и аис кафе Топли пијалаци: широк спектар на популарни безалкохолни кафиња (еспресо, капучино, филтер, лате, грчко/турско кафе), топло чоколадо и чај (различни вкусови) Грчки вкусови: Разновидни грчки пијалаци   Жестоки Пијалоци
  • Виски: Џони Вокер, Ред Леибол, Џим Бим, Ј&Б
  • Џин: Бифитер и Гордонс
  • Рум: Бакарди и Хавана клуб 3 години
  • Водка: Смирноф и Столичнаја
  • Текила: Хозе Куерво Бело
  • Мартини катче
  • Грчки вкусови: Егејски коктели и ексклузив Мартини
  • Меѓународни Коктели: Caipirinha, Блади Мери, Мај Таи
Пиво и Вино
  • Пиво: Пиво наточење и неалкохоно пиво (Draught Beer & Non-Alcoholic beer)
  • Вино: Бело/Црвен/Розе
Автентични грчки ликери
  • Порто
  • Шери и аперитви: Сандеманс
  • Campari, Пастис, Разновидни бренди, коњаци и шотс (кратки)
 
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 евра при уплата на аранжманот.
  НАПОМЕНА:
  • За резервации потребен е аванс од 50% од вкупниот износ на аранжманот а 15 дена пред поаѓање целиот износ
  • Т.А. ,, АНА ТУРС,, го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл како и временските услови.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 30 патници
  • Цената е изразена во евра а плаќање исклучиво во денари 1 €= 62,оо денари.
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТ,, - Битола и СКТМ
  ИНФОРМАЦИИ И РЕЗЕРВАЦИИ:   Тел: 047 203 580 или 077 535 204   Наши деловни простории: Комплекс ,,БЕЗИСТЕН,, - Битола
error: Content is protected !!