СЛЕДЕТЕ НЕ:

+389 47 203 580
Top
 

ЈУНИ НА ЈАДРАН

ЈУНИ НА ЈАДРАН

80евра 60евра по лице

Острошки Манастир,Будва, Котор,Тирана

2 ноќевања со појадок

цена – 3.700 денари

  • Дестинација
  • Збирно место
    Пред деловните простории на агенцијата
  • Тргнување
    Поаѓање во 22.00 часот на 24.06.2021
  • Враќање
    во вечерните часови на 27.06.2021
  • Вклучено
    ЈУНИ НА ЈАДРАН
1
Ден 1.БИТОЛА – РЕСЕН – ОХРИД – СТРУГА – КАФАСАН - ОСТРОГ 24.06.2021
Состанок на групата во 22.00 часот пред Безистенот. Заминување кон граничниот премин Ќафасан. Гранични формалности. Патување со попатни одмори преку Елбасан, Тирана, Скадар се до Острог.
2
Ден 2. ОСТРОГ – БУДВА 25.06.2021
Пристигнување во Острог во утринските часови. Православниот манастир Острог спаѓа меѓу најпосетените светилишта на Балканот. Кога ќе се спомене Острог, веднаш се помислува на место на кое се случуваат чуда. Во него доаѓаат посетители од сите религии и нации, бидејќи се верува дека моштите на Свети Василие Острошки се чудотворни. Манастирот Острог, кој е врежан во карпите, основан е од митрополитот Василије во XVII век. Највпечатлив дел од манастирот е Горен Острог, каде се сместени две мали цркви: горна – посветена на Светиот Крст, и втората, посветена на Воведение на Богородица.Слободно време за поклонение на моштите и купување на некој сувенир од Манастирот. Заминување кон Будва. Во попладневните часови прошетка низ стариот дел на градот и да уживате во убавините на Венецијанската архитектура. Будва има голема вредност не само по тоа што е центар на туризмот во Црна Гора туку и по неговите специфични градби, споменици, тврдини, манастири и старите цркви – споменици кои датираат уште од 7 век. Ноќевање.
3
Ден 3. БУДВА – КОТОР – БУДВА 26.06.2021
После појадокот, факултативна посета на Котор. Патот води преку Которско-Рисанскиот залив.  Еден од најинтересните приморски градови во Црна Гора запишан во листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Разглед на стариот град и неговите знаменитости. Слободно време. Враќање во Будва. Ноќевање.
4
Ден 4. БУДВА – ТИРАНА – КАФАСАН – РЕСЕН - БИТОЛА 27.06.2021
Појадок. После појадокот одјавување од хотелот и заминување за кон Тирана. Разглед на центарот на Тирана, Операта, Музејот, Етем Беј Џамијата, Плоштадот Скендербег. Слободно време за шопинг во трговскиот центар ТЕГ. Продолжување кон Битола преку граничниот премин Ќафасан. Пристигнување во Битола во ноќните часови.
Во цената на аранжманот Е вклучено:
  • Автобуски превоз на дадената релација според програмата
  • 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Разглед на Острошки манастир
  • Разглед на Будва  со професионален водич.
  • Разглед на Тирана и посета на шопинг центарот ТЕГ
  • Организација, водство и реализација на аранжманот
  • Водич - пратител за цело време на патувањето од страна на Ана Турс Инт - Битола
    Во цената на аранжманот НЕ Е  вклучено:
  • Патничко – здраствено осигурување: 175,оо мкд
  • Факултативна посета на Котор - 10 еур
  • Влезниците при посета на културно-историските споменици и рекреативни атракции
  • Превоз до Манастирот 2 еур
 
  • Може да се патува и со лична карта. НЕ Е ПОТРЕБЕН ПЦР ТЕСТ.
  НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 15 евра при уплата на аранжманот.
  НАПОМЕНА:
  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Т.А. ,, АНА ТУРС,, го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некои од локалитетите предвидени за посета и сл.
  • Агенцијата го задржува правото на промена за остварување на посетата на местата кои се по избор.
  • За реализација на аранжманот е потребен минимум од 30 патници
  • Цената е изразена во евра а плаќање исклучиво во денари 1 €= 62,оо денари.
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • За патувањето важат општите услови на патување на Т.А.,,АНА ТУРС ИНТ,, - Битола и СКТМ
  ИНФОРМАЦИИ И РЕЗЕРВАЦИИ: Тел: 047 203 580 или 242 902 Наши деловни простории: Комплекс ,,БЕЗИСТЕН,, - Битола
error: Content is protected !!